Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Како навивач на ливерпул најискрено ви се заблагодарувам што допринесовте за се надевам отказот на бенитез , кога више нашите се приклулија во борба за опстанок навивам за вас за титулата:)
 
Честитки за победата.И да го купиме М.Диара и онака не игра многу многу у Реал и ке ни го дадат за ефтини пари за да игра место Денилсон и Џеко за во напад и тогаш ке бидеме рамноправни со Челзи и Манчестер,а сега тешко,многу е некако детски составон
 
Супер резултат за нас ! Но ако треба да се биде објективни ниту Ливерпул во 2-то ниту ние во 1-то не игравме онака како што знаеме ! Арсенал имаше многу слаб ден, иако победивме на тешкото гостување но како и да е, мислам дека во нападот треба нешто да се менува и тоа големо ! Вака не оди !

Со победа против Болтон ке дојдеме на 34 бода колку и Јунајтед и 3 помалку од Челзи ! Е сега она што мене ме плаши е наредниот дуел, каде играме со Барнли на гости, тим кој е доста „тврд“ кој тешко прима голови дома, а има и добри резултати на домашен терен ! После овој резултат не треба опуштање и не треба потценување на противникот туку максимално да се респектира Барнли ! Фабрегас и Траоре денес играа доста слабо, посебно вториот ! Фабијански треба да добие поголема минутажа од Венгер ! Галас и Вермален супериорни! Насри, Волкот беа солидни ! Аршавин беше еден од трчачите на мечот како и Денилсон ! Сонг беше можеби најдобар !

Како и да е супер резултат !:helou:
 
Македонец,како тоа бе Цеск изигра лошо,асистенцијата не беше доволна?А и Траоре?Па 90% од нападите беа по левата страна на Ливепул,го утепаа човекот.Имаше некој кикс,но изигра добро.
Едниствено Тео беше под просек.
 
Македонец,како тоа бе Цеск изигра лошо,асистенцијата не беше доволна?А и Траоре?Па 90% од нападите беа по левата страна на Ливепул,го утепаа човекот.Имаше некој кикс,но изигра добро.
Едниствено Тео беше под просек.
Па не можеше многу да се очекува од тео се врати од повреда пред некој натпревар ке му треба малку време да се врати во добра форма, а инаку ова победа ке влијае многу добро на психолошки план, и ке им ја врати самодовербата на играчите
 
Не би се сложил дека Фабрегас играше добро ! Една асистенција нема да го извади од сивилото од првиот дел, кога не можеше да проигра никој од нашиот тим во нападот ! Едноставно загубен беше ! Но во вториот дел неколку добри топки и додавања особено кога самодовербата се крена на наша страна, по водството !

За Траоре не ни зборувам, бидејки убеден сум дека беше еден од послабите не само на овој натпревар туку и на предходните !

Мое мислење !

Respect !:helou:
 
Како навивач на ливерпул најискрено ви се заблагодарувам што допринесовте за се надевам отказот на бенитез , кога више нашите се приклулија во борба за опстанок навивам за вас за титулата:)
Епа ако е така нема проблем , и фала за твоите добри зборови се надеваме и ние дека ќе успееме ... заслужно ќе биде да стигнеме далеку зашто имаме состав но лоша среќа со повреди што не покоси против Челзи и уште 1 2 друг меч по ред што беа .... но затоа Агбонлахор и Саха ни ги вратија заедно со Џонсон и Арша надежите :pipi:
 
Браво ФАБРЕ !

асистенција + 3 бонус !

не изигра на нивото на кое ја започна сезоната али сепак голема подршка е за напаѓачката линија
 
Ајде се враќаме во трката за титулата , и исто така се ближи јануари кога значително Челзи ќе ослаби за време на африканскиот куп :helou:
 
На тоа сите се надеваме ! Но да не заборавиме дека Јунајтед е исто така горе на табелата, тој нема црнци кои ке заминат некаде ! Мислам дека има време !

Вондредно коло во Англија сега, со Барнли ке видиме !
 
Честитки за победата,изглеа Аршавин е посебно инспириран на Енфилд.Ливерпул после Реал ми е најомилена екипа ама незнам што се случува со неа.Односно знам што се случува и добро им е.Секоја година имаа придобивки одеа далеку во ЛШ,ама еден Торес го купија.Сакаат со нивни млади играчи да освојуваат титули.А зашто другиве будали се што трошат:nenene::nenene:
 
Fernando-Torres-Song-Liverpool-Arsenal-Premie_2396721.jpg
Cesc-Fabregas-Liverpool-Arsenal-Premier-Leagu_2396776.jpg
Andrey-Arshavin-Arsenal-Premier-League_2396801.jpg
Arsene-Wenger-Arsenal-Premier-League_2396722.jpg
:pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom