Многу ми се допадна како започна првата сезона,посебно првата епизода,како ги престави ликовите и се тоа како се одвиваше приказната се до средбата со главниот вонземјанин на крајот.
Втората исто беше добра иако пак заврши исто како првата со средба со овојпат со the good guy alien иако тоа не траеше многу долго.
Третата беше добра на моменти просечна,но сепак одблиску можеше да видиме конверзација со вонземјаните и заедничката офанзива со нив против ешфени или како и да се викаа двометрашите се до трагичното финале со бркањето.
АМА ЧЕТВРТАВА,е четвртава како почна тоа дава материјал за хејтање до максимум.
Прво се се трпеше во изминатите 3 сезони од просечна до лоша глума на синовиве,па се до мадарфакерот од татко Том Мејсон,ама во последниве 2 епизоди тоа кулминираше заедно со уште неколку други промашувања тотални и класични амерички ејлиен апокалипс сејв т вордл клишеа.
Прво ќе почнам од мадафакеризмот на фамилија Мејсонови.Најмалото го заборавив како се викаше е најпаметно,најсилно,најснаодливо меѓу врсниците прво во secondmass и сега во ќе се навратам каде(многу лоша мадерфакерска глума,како со врски да е примен).Брат му Хал исто стана ептен мадерфакер премногу голем ова сезона оди со марама на главата исто како татко му мадарфакерот и тепа вонземјани милиони години понапредни од нас способни за интерстеларно патување бидејќи сите други освен татко му околу него се идиоти нели(многу лоша глума со патетични реплики).Том он е веќе поим за ејлиен мадерфакер уште од втора сезона па се до сега кога им се обраќаше на лошиве преку екранот кои потоа го оставиа во спејсшаталот слободно да види и најде што му треба за да продолжи со мадерфакизмот т.е. да може да ги заебе по незнам кој пат.Четврта е снаата,жената на Том која партал праи барајќи ја ќерка и која иначе е пола човек пола вонземјанин (генетски претпоставувајќи дека вонземајниве се базирани на ДНК и дека некако имаат 46 хромозоми што на нашава планета тој број не универзален меѓу видовите а не па со вид од друга планета) и на која Вилсон од д-р.Хаус и ги проверува дали е се во ред со само хуманите хормони ВО СРЕД АПОКАЛИПСА со медицинска опрема на ниво на македонската дури и малку подобра.Да се вратам на жената на Том која е во дружина со уште 4-5 мажи и она нормално им е лидер со митралезот во рака бидејќи овие се ментално заостанати нели,мадафакерка секоја чест.
Второ тука е ОСНОВНО НАЦИСТИЧКО УЧИЛИШТЕ А.ХИТЛЕР.
АЛО!ало бе Стивен што направивте бе луѓе?
Униформа,кошула,сите сабајле во 5 ги буди инструкторот кој веројатно е волонтер тука.Нормално во бунтовниците т.е. во прикриените бунтовници главен е малиот на Том-а,класика.Прочитав еден коментар вели се надевам дека овие две епизоди се само сон на некој од ликовиве.И јас се надевам искрено.
Трето и последно ќе сумирам со класичните клишеа американски.
Едни вонземјани доаѓаат на цела планета,прават партал.преговараат со Том-а,а генералот воопшто не го ни приметуваат.
После доаѓаат привремено добрите вонземјани и они преговараат со Том-а и тоа во врска со ЦЕЛА ПЛАНЕТА што ќе се дешава и како да се одбранат пошто они нели дошле од Америка поточно од Масачусец да креваат востание земајќи ја во обзир и минатата 3-та сезона.
И пак по незнам кој пат серијава од почеток до крај е во поголем дел фикција бидејќи со изуми на 3-4-ца моторџии и неколку аха моменти на Том-а Мејсона негде во втора сезона почнаа озбилно да им нанесуваат штета на вонземјани со технологија милиони години понапредна од нашата и интелегенција исто толку повисока од нашата која успева да патува од една ѕвезда до друга.Да се случи тоа во реалноста да не окупираат толку напредни предатори најпаметно нешто е колективно планетарно самоубиство,каков резистанц каков втормасс,какви мотори какви генерали,какви нацистички училишта,каков Том дипломиран професор по историја обучен за справување со вонземни апокалиптични ситуации.
Малку се заборавив ама мораше да се испразнам,бидејќи ме разочара серијава од 8 ја спуштив на 4-ри на ИМБД.Надеж сепак постои со оглед на тоа дека Спилберг е уште во игра,ама додека се клишеата во игра комибинарни со лоша глума ниеден ефект нема да заврши работа...