Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не знам зошто воопшто сте се запишувале на ФИНКИ кога не ве интересираат 90% од сферите кои ги опфаќа информатиката. Што не отидовте во Сивус, ќе си завршевте за 2 години и сеа ќе си имавте 3-4 години искуство, таман за некоја година сениори ќе станевте <3
 
Kolegi moze li pomos ne mozam da se najavam na cas sistemot otvoram i izleguva cas is unavailable There was an error trying to complete your request.Please notify your support desk or try again.
Sto mozam da napravam.[DOUBLEPOST=1479311889][/DOUBLEPOST]Kolegi moze li pomos ne mozam da se najavam na cas sistemot otvoram i izleguva cas is unavailable There was an error trying to complete your request.Please notify your support desk or try again.
Sto mozam da napravam?
 
Не можеш да им објасниш, не сваќаат, им треба поише математика за да разберат.
Пази, Основи на софтверско инженерство имаше толку смешни прашања што едното уште ми се врти, гласеше:
Со кое платежно средство го користеле луѓето од пра историско време со понудени одговори:
Камчиња, Школки, Монети и уше некое.
Ова е економија или историја, абе дечкиве ќе помислат дека ова е софтверско инженерство :icon_lol:.
Ама сега го сменија името на предметот и гласи Вовед во информатика, претпоставувам го има истото прашање пошо навиките тешко се откажуваат.
Многу се улетуваат децава, се уште мислат дека инженерството се стекнува само на факултет, и тоа само преку математиките.
Тоа ливчето што го добивате од финки само за пред домашните е да се пофалите. Признаени биле низ светот како инженери, ај ви се молам.
Мислат кога ќе почнат enterprise software ќе им дадат да моделираат.
Двојни-тројни интеграли решиле и мислат инженери се, или научиле Јава - C# и готово експерти се со 3 месеци работа ;)
Еден типац коа се пријави, пази знаел:
C,C++,C#, java, php, python, ruby, javascript, jquery i angular и уште некој цмс - мислиш 100 годишно искуство има, он вчера од клупа излегол. :pos:

Како да им објаснам дека кога завршуваш знаеш само 3-5% од инженерството и тоа пола теоретско знаење. И јас размислував порано така, ама не повеќе :icon_lol:
Јас лично не се сметам за инженер во мојата област, се додека немам 2-3 години работно искуство.
Она што е бруцош на факултет и јуниор на работа :LOL:
Па ќе кажам, јас вака ги доживувам работиве, не мора да е така, ама е :sneaky:
кај што работам, во странската земја од кај што потекнува фирмата, главниот инжењер како што се милува да се каже овде, има едвај средно завршено и тоа дека бил преинтелигентно дете и уште од средно работел на развој и имплементација на проекти во земјата па го поминале некако. Зема маалце помала плата од CEO-то, што се вика денари се во прашање. 90% од системите од банкарство до телекомуникации што ги користи неговата земја, тој ги има направено. Ама хеј, немал математика и физика на факултет, упс, ни факултет нема :eek:

Што побрзо сфатите (не ти се обраќам тебе, општо, дури може да се каже дека и на некој што е одговорен и чита му се обраќам) дека за оваа професија ви треба и треба да се работи на развивање на т.н. концепциски мозок, нерви, истрајност и нови идеи, толку подобро. Кој си сака математика нека си се запише на математика и крај на муабетот. Од моето четиригодишно искуство во IT секторот, имам добиено впечаток дека многу е подобро да видиш која гранка те интересира од почеток и да си работиш на тоа, дали е веб дизајн, дали се мрежи, дали се бази, дали е веб девелопинг, дали Андроид, итн. До 25 години ќе бидеш веќе каков таков експерт од таа област. Ок, сфаќам дека факултетот е за да поминеш се од вештачка интелигенција до дизајн ама според мене тоа е погрешно, на 25 години наместо веќе да имаш продлабочено една сфера, ти од се по малце и на крај ништо, пак си бос. Не знам каква е програмата ама на Електро во два семестри набутаа 5 програмски јазици и дизајн и демек се тоа ќе го научиш за толку кратко време? Како не. И преку таквото веќе од тоа каде инжењер без математика и физика, убаво рече Дињата, во КАМ маркет, каде...
 
Не се согласувам со голем број од постовите на темата, од проста причина што факултетот ви дава диплома за завршен ИНЖИНЕР, звање кое не е исто со програмер, веб девелопер, сис админ ватевер. Математиката нема апсолутно никаква примена во индустријата, ама начинот на кој ќе ве научи да размислувате е она што ќе ве оддели од другите и што ви ја дава титулата инжинер. Седни утре програмирај во некој огромен проект со над 250 класи, зависности колку сакаш, пристап од една до друга класа смисли, склопи ја архитектурата да биде убава а да не личи на шпагети код....епа извинете ама ако не сте решиле интеграл од 5 страни мало морген шо ќе имате живци ова да го работите. Или пукни се во една Main класа и готово, а?
Убаво вика @Amaterasu , оди утре во Сивус, заврши некој курс, научи некој фрејмворк,знај за Model.seed() ама не и што прави во позадина, и воила, сите врати на сите ИТ фирми ти се отворени. Топ, го имаш индустриското знаење, се менува технологијата скроз за 2 години, се она што си го набубал веќе не важи, ти пропаѓа знаењето. И на градежен ги трупаат со математики, физики, формули глупости, а оди утре во било која градежна фирма сите елаборати се обработуваат со некој софтвер. Што не значи дека градежниот инжинер не треба да ги знае сите калкулации пресметани од програмата.
Дискутабилно е и тоа дека не се употребува математиката во софтверската индустрија, посебно оние што развиваат embedded знам дека секојдневно ја користат, 3D програмер не може да си го замисли денот без sin/cos ...
 
Малку ви беше математика во средно, па и на факултет. Има и други начини кои ќе те научат да размислуваш. Начинот на изучување на програмски јазик и е заостанат. Нема потреба да се применуваат и задачи од математика, тоа е целиот проблем. Денес барем има софтвер за полесно изучување.
Еден куп математики и глупи предмети, а програмските јазици ги изучуваат онака на трчање.
Кога ќе завршите подруго ќе сфаќате, сега сте занесени дека со дипломата ќе бидете којзнае какви софтверски инжЕнери. :coffee:
 
Значи јас не викам дека треба да се даваат математички задачи во Java/C/C++, туку дека математиката како предмет треба да се изучува на овој факултет од причините кои ги опишав погоре и да нема жалење во смисла дека не бил математички факултет, дека самата титула не си носи и некаков престиж.
Да, на моменти се претерува со задачите и тука мислам дека треба да се поопуштат и професорите и асистентите, не е некој успех ако 90 % од студентите не ви го решат интегралот на испит, не е до нив до вас е.
 
Најинтересно е ко ќе рече некој, што ќе ми е да знам да решавам интеграли, ко имам софтвер што може да ги реши.
Не е финтата да знаеш да решиш интеграл, финтата е да знаеш што значи и кај може да се искористи, со еден збор, да препознаеш дека треба да искористиш интеграл.
Ова погоре не важи само за интегралите, туку за еден куп работи во нашата сфера.
Во моментов има илјадници софтвери кои ти ја олеснуваат работата. Како што спомнав погоре, јава 8 има можност автоматски (до одредена граница) да ти го паралелизира кодот.
Дали тоа значи дека не треба да учиме за паралелно програмирање ?
Има софтвери кои овозможуваат целосно генерирање на веб сајтови. Дали тоа значи дека не треба да се учи html и css?
 
Седни утре програмирај во некој огромен проект со над 250 класи, зависности колку сакаш, пристап од една до друга класа смисли, склопи ја архитектурата да биде убава а да не личи на шпагети код....епа извинете ама ако не сте решиле интеграл од 5 страни мало морген шо ќе имате живци ова да го работите. Или пукни се во една Main класа и готово, а?

Одамна се немав наслушано волку глупости во еден пост.
1. Многу луѓе успеале да склопат убава архитектура од 250 класи без да го решаваат твојот интеграл од 5 страни . Концептуално се независни двете работи.
2. Некако се сомневам дека ти си успеала во истото.
3. И дај молам те кажи ми по колку предмети на Финки нас не учат да менаџираме комплексни архитектури и да не пишуваме шпагети код . Во индустријата и преку курсеви многу побрзо ќе го научиш истото.
4. И не е ИНЖИНЕР . ИНЖЕНЕР е.
 
Најинтересно е ко ќе рече некој, што ќе ми е да знам да решавам интеграли, ко имам софтвер што може да ги реши.
Не е финтата да знаеш да решиш интеграл, финтата е да знаеш што значи и кај може да се искористи, со еден збор, да препознаеш дека треба да искористиш интеграл.
Ова погоре не важи само за интегралите, туку за еден куп работи во нашата сфера.
Во моментов има илјадници софтвери кои ти ја олеснуваат работата. Како што спомнав погоре, јава 8 има можност автоматски (до одредена граница) да ти го паралелизира кодот.
Дали тоа значи дека не треба да учиме за паралелно програмирање ?
Има софтвери кои овозможуваат целосно генерирање на веб сајтови. Дали тоа значи дека не треба да се учи html и css?
 
Ама хеј, немал математика и физика на факултет, упс, ни факултет нема :eek:
И Никола Тесла немал факултет ама не тресел зелени по форуми дека математика и физика се непотребни.

имам добиено впечаток дека многу е подобро да видиш која гранка те интересира од почеток и да си работиш на тоа, дали е веб дизајн, дали се мрежи, дали се бази, дали е веб девелопинг, дали Андроид, итн.
И демек за да станеш експерт по бази не ти треба теорија на множества, релации и функции? Или за мрежи не ти требаат знаењата за сигнали, телекомуникации или теорија на графови?
 
И Никола Тесла немал факултет ама не тресел зелени по форуми дека математика и физика се непотребни.


И демек за да станеш експерт по бази не ти треба теорија на множества, релации и функции? Или за мрежи не ти требаат знаењата за сигнали, телекомуникации или теорија на графови?
Не на начин на кој што е осмислен на факултетов/иве кај нас. Едно е да ги запознаеш студентите со овие работи што ги наброја, друго е да го тапацираш со задачи од руски збирки и 90% од денот да учат математика и физика а програмирање само да претрчаат преку материјалот. Кога бев прва добро се сеќавам на вторите колоквиуми од прв семестар, C го ставија последен, на 29ти декември негде и сите учевме по цели денови математика и физика да пројдеме а C материјалот за втор колоквиум го научивме колку за да положиме. И после што, дупка се јави во материјалот, па како нема да се јави кога си учел кос истрел за кај Верка или за кај Тунеска теоријата по математика си ја учел од А до Ш. Па и Тунеска ебате на секој час гњавеше математика услов било, важно било, морате да положите, морате да знајте со тоа битолскиот акцент (без навреда), да земеш да избришеш под со неа од бес.
Еве Иван на кој му предава, држи вежби од тука, слободно може да го праша дека премногу се замара со математики на факултетиве кај нас, и тој го дели ова мислење. Да го селектираш материјалот од математика што ти треба за на факсов две лекции ќе останат. Ама Иван е човек што работел на 3321321 проекти низ земјава, не му е само асистент звањето за его буст во животов.
 
Да го селектираш материјалот од математика што ти треба за на факсов две лекции ќе останат.
Прашањето е, како одредуваш математика што е потребна за работата ? На која работа мислиш ? Ако мислиш на веб дев, тогаш ок не ти треба.
Сите математики што ги учиме си наоѓаат примена во информатиката.
Според мене, проблемот е што вие сметате дека овие 2-3 работни позиции што ги има кај нас (веб дев, сис админ..) == информатика.
Епа не е така дечки, информатиката е многу поголема област и факултетот мора да опфати се.
Инаку за погорниот дел од постот, ФИНКИ сега има многу повеќе програмирање за разлика од ФЕИТ и ПМФ. Математиките не се ни 10% од предметите, а програмерските се околу 50%.

Сите информатички факултети во светот имаат математики, не е тоа нешто што го измислиле на ФИНКИ....
 
Сите информатички факултети во светот програмирањето не го поминуваат со трчање и вежбите не им се исти како пред 10 години. Кога ќе завршите факултет тогаш ќе видиме дали ќе го имате истото мислење. Дотогаш :sleep:
 
Одамна се немав наслушано волку глупости во еден пост.
1. Многу луѓе успеале да склопат убава архитектура од 250 класи без да го решаваат твојот интеграл од 5 страни . Концептуално се независни двете работи.
2. Некако се сомневам дека ти си успеала во истото.
3. И дај молам те кажи ми по колку предмети на Финки нас не учат да менаџираме комплексни архитектури и да не пишуваме шпагети код . Во индустријата и преку курсеви многу побрзо ќе го научиш истото.
4. И не е ИНЖИНЕР . ИНЖЕНЕР е.

Не разбирам како се концептуално независни кога при решавање на интеграл со било каков метод треба секогаш да размислуваш еден чекор понапред, нешо слично на куцање код во големи проекти, стално треба да размислуваш следниот потег што ќе го направиш дали ќе ти го смени однесувањето на апликацијата, дали ќе повлечеш непотребни зависности, дали нарушуваш некои принципи на кодирање итн. Ако мислиш дека учењето на неколку патерни на факс ќе те научи да пишуваш код by the book, со среќа. Затоа секој втор веќе куца адаптери и кај што треба и кај што не треба. Абстракција на код, што беше тоа?
Да, треба и искуство за куцање добар код, несомнено , ама треба и правилен начин на размислување. ООП не се сведува на тоа да објасниш што е интерфејс и зошто се користи интерфејс наместо абстрактна класа. После првиот курс на ФИНКИ кај што се изучува ООП сите ставате во ЦВ skill ООП, и јас сум била таква, а утре сите да се појавите на работа да работите во индустрија ќе сфатите колку уствари малце знаете за концептот и што претставува. Треба да сфатите дека факултетот не ве учи на вештини, туку на начин на размислување. И колку побрзо го сфатите тоа, подобро за вас.
И не , не викам дека јас сум некоја ООП божица која куца совршен код, I've been shamed, ми враќале код, ми давале негативни ( конструктивни ) коментари, ама така се учи. Сега пред да седнам да куцам прво размислувам, не шарам по тастатура безвезе колку да е завршено. И знам дека ми треба повеќе време за да имплементирам нешто, свесна сум, ама знам дека утре кој и да седне да куца после мене дека ќе знае што сакал да каже авторот и дека лесно ќе може да се надоградува над тоа што сум го искуцала. Откако почнав да работам се сретнав со многу програмери со по неколку години искуство кои пишуваат лош код, бапни ги компонентите кај што е најлесно, влечи цели класи за пристап до една променлива само итн. Кога ќе дојде време за модуларизација на компонентите Господ не помага. Ако сакате да сте едни од овие, go for it. Whatever floats your boat....
 
Не разбирам како се концептуално независни кога при решавање на интеграл со било каков метод треба секогаш да размислуваш еден чекор понапред,
Исто и кога играш шах па веројатно ќе се сложиш дека нема потреба да знаеш да играш шах за да бидеш добар програмер.

Да, треба и искуство за куцање добар код, несомнено , ама треба и правилен начин на размислување.
Правилниот начин на размислување во даден домен се добива со вежбање и со кликер. Незнам како твојот "ИНЖИНЕР" и "ИНТЕГРАЛ" би можеле да придонесат за тоа.

Откако почнав да работам се сретнав со многу програмери со по неколку години искуство кои пишуваат лош код, бапни ги компонентите кај што е најлесно, влечи цели класи за пристап до една променлива само итн. Кога ќе дојде време за модуларизација на компонентите Господ не помага. Ако сакате да сте едни од овие, go for it. Whatever floats your boat....

Можеби програмериве што ти си ги сретнала биле лоши програмери. Дури и да се случило баш тие програмери да немаат факултет , имаш едно купче програмери што немаат факултет па се добри во тоа што го работат и обратно. Искрено нема никаква смисла тоа што го зборуваш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom