Џабе се трудите да објаснувате. Има и други работи кои ги подобруваат умствените способности, не е се во математиката.
Завршуваш на ФИНКИ со положени еден куп математики и спремен си за работа на каса во КАМ маркет. Ќе знаеш кусур да враќаш.
Не можеш да им објасниш, не сваќаат, им треба поише математика за да разберат.
Пази, Основи на софтверско инженерство имаше толку смешни прашања што едното уште ми се врти, гласеше:
Со кое платежно средство го користеле луѓето од пра историско време со понудени одговори:
Камчиња, Школки, Монети и уше некое.
Ова е економија или историја, абе дечкиве ќе помислат дека ова е софтверско инженерство

.
Ама сега го сменија името на предметот и гласи Вовед во информатика, претпоставувам го има истото прашање пошо навиките тешко се откажуваат.
Многу се улетуваат децава, се уште мислат дека инженерството се стекнува само на факултет, и тоа само преку математиките.
Тоа ливчето што го добивате од финки само за пред домашните е да се пофалите. Признаени биле низ светот како инженери, ај ви се молам.
Мислат кога ќе почнат enterprise software ќе им дадат да моделираат.
Двојни-тројни интеграли решиле и мислат инженери се, или научиле Јава - C# и готово експерти се со 3 месеци работа

Еден типац коа се пријави, пази знаел:
C,C++,C#, java, php, python, ruby, javascript, jquery i angular и уште некој цмс - мислиш 100 годишно искуство има, он вчера од клупа излегол.
Како да им објаснам дека кога завршуваш знаеш само 3-5% од инженерството и тоа пола теоретско знаење. И јас размислував порано така, ама не повеќе

Јас лично не се сметам за инженер во мојата област, се додека немам 2-3 години работно искуство.
Она што е бруцош на факултет и јуниор на работа

Па ќе кажам, јас вака ги доживувам работиве, не мора да е така, ама е
