Не се согласувам со голем број од постовите на темата, од проста причина што факултетот ви дава диплома за завршен ИНЖИНЕР, звање кое не е исто со програмер, веб девелопер, сис админ ватевер. Математиката нема апсолутно никаква примена во индустријата, ама начинот на кој ќе ве научи да размислувате е она што ќе ве оддели од другите и што ви ја дава титулата инжинер. Седни утре програмирај во некој огромен проект со над 250 класи, зависности колку сакаш, пристап од една до друга класа смисли, склопи ја архитектурата да биде убава а да не личи на шпагети код....епа извинете ама ако не сте решиле интеграл од 5 страни мало морген шо ќе имате живци ова да го работите. Или пукни се во една Main класа и готово, а.
Aко Македонија ти е репер за индустрија, тогаш си во право.. Ако го погледнеш западот тогаш далеку си од вистината.
Најголемиот проблем кај тебе(младата генерација) е што немате ниту можност ниту инспирација како наученото да го примените во пракса.
Проблем број еден е што сме сиромашна земја, образованието ни е катастрофа, не можат децата на рани години да разменуваат искуства со западот, практично да работат на проблеми поврзани со тоа што го учеле.
Кога сме кај математиката, секогаш омилен пример ми се : Paul de casteljau и Pierre Bezier, Едниот ја измисува безиеровата крива, другиот ја промовира додека работи во Renault. Каде во 60тите години на минатот век го користи математичкиот модел и прави алгоритам да генерира заоблени шасии на коли.
Денеска истиот тој алгоритам можеш да го видиш применет во алатките на 3D Maya, Photoshop или слични, каде обични смртници го користат како хоби, се до професионалци и уметници кои прават вистински ремек дела ширум светот.
Не дека ние не можеме и сме закржлавени, туку пробемот е што нема фирми каде после факултет можеш да се реализираш.
Единствен спас е странство каде ако имаш потенцијал може да се вработиш во некоја фирма што ветува, да се реализираш и да заработиш.
Другиот начин е самостојно да истражуваш во својата земја, каде ќе бидеш професор, ќе се понижуваш и ќе зимаш недостоинствени примања.
Обично тој ентузијазам ќе те држи 3-4 години пред да се откажеш од амбициите и да сфатиш дека ништо не можеш да постигнеш сам.
Немој да те лаже око она што се дешава во МКД и да мислиш дека аутсорсот е единствена информатичка дејност на светот.
Има и ете како места каде се бараат солиди познавања на математика и оптимизационите вештини.