Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.402
- Поени од реакции
- 35.044
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Што е битни кои се причините? Јас му реплицирав на членот кој имаше став дека „ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРАВИ ПАУЗА“, како да е тоа нешто страшно и дека ќе ти го сјебе животот во неповрат. А тоа е погрешно. Има само едно правило: Како ти одговара, така терај. Штом си стигнал до факултет, значи дека најверојатно сам си способен да резонираш. Работите никогаш не одат како што ги планираме. Инаку да, причините беа слични - финансиски. И јас сакав да студирам во странство, ама немав пари ниту да студирам тука, ниту пак во странство.Е сега, да си бидиме реални, девојчето си кажа дека поминува со сите 5ки (ете и само една 4ка) и дека сака да студира, ама странство, проблем се финансиите. Ти паузираше од слични причини?Aко има желба за студирање, не смее да паузира толкав период.
После направената пауза, условите во образованието се подобрија, а јас сум способен сам да си го платам образованието. Да почнев веднаш со студирање наместо да паузирам, претпоставувам дека финансиски ќе бев далеку поутепан, сигурно немаше да бидам вработен, а можеби се уште ќе го терав факултетот. Значи, речиси деценија изгубено време... Сега, ем имам работно искуство, ем со факултетот завршувам годинава како вонреден студент.