Факултет - веднаш или после пауза?

  • Креатор на темата Креатор на темата reilin
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не си сигурна што сакаш да студираш, поарно паузирај и работи нешто. Поарно отколку да се запишеш негде, па да ти текне дека не го сакаш тоа, па да се отпишуваш или да заглавиш... Прашај паталец :D Е сега, проблем е што кај нас тешко се наоѓа работа...
 
Што сакаш да правиш во животот не се одлучува со размислување, читање или прашување. Само со дејствување. "Не знам што сакам да учам па ќе паузирам" не е логично објаснување за тоа дали да се студира или не. Ќе откриеш што сакаш да правиш со животот, само ако почнеш.
 
Најдобро е со факултет да се почне веднаш после завршување на средно образование, ако се остави за покасно може и да се забатали.
Е сега парите се исто клучен фактор во денешново опшество и нормално сите што не се во можност првин ќе мораат да работат и заработат
па подоцна да студираат.
Ама пак како гласи народната:
Патот до врвот е тежок ама погледот од таму е најдобар :D
 
reilin

Јас мислам дека скоро секој што е неодлучен во врска со неговата идна професија , да речеме, треба да си даде пауза и да размисли убаво бидејќи тоа според мене е многу битен момент, во кој личноста размислува за нејзината кариера а воедно и нејзиниот живо. А тоа според мене е нешто битно на кое треба да му се даде и време и доста разум. Поздрав и морам да ја пофалам темата. :) Само така
 
Значи вака,во последен период сум толку преоптеретена со тоа што да правам понатаму во животот,а немам поим што сакам,и се чувтвувам како само да стојам во едно место.Последна година сум средно образование,досегашните оценки ми се одлични,освен една 4ка во прва година.Во врска со тоа на кој факултет сакам да се запишам не знам,можеби повеќе ми оди накај медицина,но можеби.Само знам дека ми е голема желба да студирам во некоја друга држава (во која пак не знам).Затоа би сакала да дознаам нешто повеќе во врска со студирањето во странство,особено во врска со трошоците..Дали ќе може да бркам некоја стипендија,или нешто сл.Мн ми е битно да дознаам за финансиите бидејќи многу сакам да студирам некаде во странство,да видам друг начин на живот,други луѓе,но не сум сигурна дека моите родители би можеле да го издржат тој товар.Поради тоа си мислев да не се запишувам веднаш на фак.,туку прво една година да работам нешто,за да собирам пари,но таа идеја на моите не им се баш допаѓа,ми кажаа да не се секирам,дека тие се ќе средат,но сепак знам дека во тој случај ситуацијата би била многу тешка.Како и да е,би сакала да слушнам нешто во врска со студирањето во странство (финансиите),и некои предлози за факултет,и таа година ако не се веднаш запишам дали подоцна многу ќе значи и сл..

Ако не си сигурна, дефинитивно паузирај. Кај нас образовниот систем е толку ужасен што тоа ќе го сфатиш кога ќе стигнеш 3та, 4та година. Јас го сфатив во 3та кога конечно го баталив факултетот и се посветив на она што од секогаш сум го сакал, само што ми требаше долго време да сфатам дека тоа е тоа.

Јас ќе го споделам мојот пример :Имам 27 години, работам за странска компанија, работам работа од дома, немам газда, а заработувам како да сум директор во некоја јака македонска компанија, Единственото нешто што ме прашаа на ингервју беше : Дали зборуваш чисто англиски??
Тоа беше моето интервју, се разбира проследено со моето резиме од моето претходно 8 год работно искуство и една недела тестирање. Значи не ме прашаа на кој факултет сум завршил... Не ме прашаа ни од која држава сум.

Сите излегуваат од средно така збунети што буквално не знаат што понатака. Нашите родители имаат живеено во едно различно време со различни вредности па на тој начин дополнително ги збунуваат новите генерации од типот "Сине без факултет ништо". Мамо, тато. фак оф!

Не им верувај на рекламите на владата од типот: знаењето е сила, знаењето е моќ. Точно е тоа дека знаењето е сила, ама тоа не е УКИМ или било кој од нашите факултети со програми од типот: Книги преведени од руски јазик од пред 50 год???? Кој век бевме?? . Сепак се работи за маркетинг кој јасно си кажува: Деца дојдете на факултет, дајте ни ги тешко заработените пари на вашите родители па макар и да ги задолжите до гуша во кредити од кои нема да излезат ни 5 год откако ќе завршите факултет. Странство дефинитивно би била подобра опција особено кога утре ќе бараш работа некаде, особено надвор од скапанава држава.

Идејата да почнеш да работиш ти е многу попаметна ако не си сигурна во изборот на факултет. Ако ништо друго, ќе научиш дисциплина и ќе сфатиш каков третман има "нема" работникот во Македонија. Можеби ако не научиш во животот како треба понатака. Сигурно ќе научиш како не треба.

Многу ми се потсмеваа мене дека јас бев еден од ретките во моја фамилија и пријатели дека не учам...Ако не си на факултет наводно не си многу паметен нели? БУЛШИТ!!! Денес заработувам повеќе од скоро сите што ги познавам, а работам најмалце од сите, и не поднесувам извештај никому.
 
Денес заработувам повеќе од скоро сите што ги познавам, а работам најмалце од сите, и не поднесувам извештај никому.
Mи остави впечатот Твоето мислење.
Мислам дека многумина грешат кога студирањето го сфаќаат како подготовка за занимање. Јас ги паметам моите студии како време кога многу сум читал, одел во кино, театер, концерти... сум се среќавал и разговарал со паметни луѓе
Затоа мислам дека треба да се студира. На пример класична филологија или историја на уметност... не мора практично но да се студира... не мора ниту да се заврши...
 
јас сфатив дека многу се замарав со ова..кога ќе дојде време за запишување ќе мислам што ќе правам,до тогаш ќе уживам додека уште имам време :).сепак фала мн на сите за советите и мислењата ;)
 
Не ни помислувај на ПОСЛЕ ПАУЗА. Тој начин на живот ќе те научи на многу работи во животот. Како да се справуваш со проблемите во животот, нови пријателства и многу предизвици што ќе треба да ги совладаш кои ќе те направат многу мудра во животот. И додека си на факултет, учи за да научиш и да знаеш, со тоа ќе си помогнеш многу во животот.
 
Како оној виц со часовникот и времето, така ќе кажам дека вистинското време за факултет е NOW. :D

Значи никако пауза, пошто таа “пауза“ може да премине во доживотна пауза. :D И практично индивидуата останува само со средно, ризик кој не вреди и не се исплатува во денешно време со оглед како динамично се развива светот. Не е исто да си студент на 19 и на 25 години, така што мој совет е веднаш после средно запишување на факултет. Ако некој не може да си дозволи да запише факултет, тогаш за жал... спаѓа во сиромашната категорија и мора да копнее према подобри денови. 200/400 евра на годишно ниво е супер цена во споредба со тоа колку е скапо во другите земји. Тие што не се од Скопје, секако ќе имаат дополнителни трошоци ако седат во Скопје, но и за тоа има решение ако се има волја за учење. Учете сега и бидете фраери цел живот после. :P Нормално ова го зборам за вистинските факултети, а не за квазифакултетите на кои и слепо и сакато завршува, ама ајде тоа не е предмет на дискусија сега. Факултетот и те како се исплатува, one way or another. Прво и основно тука е сатисфакцијата од титулата дипломиран ________ (инженер/економист/правник/) итн. произволно внесете која професија сакате. Потоа, друга поволност е тоа што дипломата трае цел живот, така што еднаш штом завршите факултет, you got your degree forever, без разлика колку понатаму во животот ќе бидете експерти или незнајковци за професијата за која сте дипломирале како млади. И како трета главна точка би издвоил тоа што засекогаш во историјата ќе биде запишано дека сте дипломирале. :pos: Не учиме факултет само за нас, туку и за многу генерации кои ќе дојдат по нас. Замислете која сатисфакција ќе биде на вашето дете кое кога ќе оди в училиште гордо ќе ја крева раката за високо образование на прашањето “Што образование имаат завршено вашите родители?“, а не срамежливо или едвај да ја крева раката ако се оставите само со средно. Исто и во многу ситуации во животот нема да ја наведнувате главата кога ќе се збори за образование и сл. туку и јасно и гласно ќе се истакнете дека сте завршиле тој и тој факс. Дури и вашите внуци, правнуци и натамошни поколенија ќе можат да се фалат со вас и да кажат “Ех мојот дедо/прадедо/прапрадедо да видиш каков факултет имаше завршено и што супер кариера изгради.“ итн. итн. итн. безброј причини ЗА учење и завршување на факултет. :D

Колку и да е клише, факултетот треба да се учи заради знаење со кое после ќе градиме кариера, а не колку да се каже дека имаме завршено факултет со кој можеме да се сликаме. :tapp:

Сметам дека сево ова ќе делува мотивирачки за некои од вас, па ајде веднаш фаќајте ја книгата, не чекајте. :D

И на крај да сумирам: 4-5 години дадени од животот за факултетот или евентуално 2-3 години (за приватните факултети пошто таму студентите се “суперпаметни“ и во експресен рок дипломираат :pos:) , не се ништо во споредба со тоа што ќе го добиваме натаму во животот, ако си се снајдеме и си ја наредиме работата како што треба. А со малку среќа и знаење и диплома во животот све си бива. ;)
 
Учете сега и бидете фраери цел живот после. :P Нормално ова го зборам за вистинските факултети, а не за квазифакултетите на кои и слепо и сакато завршува, ама ајде тоа не е предмет на дискусија сега. Факултетот и те како се исплатува, one way or another. Прво и основно тука е сатисфакцијата од титулата дипломиран ________ (инженер/економист/правник/) итн. произволно внесете која професија сакате. Потоа, друга поволност е тоа што дипломата трае цел живот, така што еднаш штом завршите факултет, you got your degree forever, без разлика колку понатаму во животот ќе бидете експерти или незнајковци за професијата за која сте дипломирале како млади.

Значи според твојата логика треба да се оди на факултет чисто поради чалам дека имам факултет? Во целиот твој пост не спомна за работа после факултет, подобра живеачка ако имаш факултет, итн итн... Да одам на факултет за утре моите деца гордо да кренат рака дека мама и тато имаат факултет? Ако немаат леб да јадат тоа не е битно нели? Или парите и успехот со факултетот доаѓаат во пакет?
Сатисфакцијата дека имам титула?? Имам братучед доктор 6-7 год поминати на медицина, специјализација итн, а нема пари за во град да излезе, ама битно има титула така? За секој ден да си се потсеќа колку време изгубил од животот за пак да бара пари за во град од мама и тато? Во животот треба да учиш за да направиш нешто во врска со тоа, а не да се фалиш дека имаш титула.

Утре сите ќе имаме факултет, со оглед на бројката на запишани студенти секоја година, така да ќе дојдеме еден ден сите директори да бидеме или барем да работиме некоја работа од типот на најпопуларната македонска работа "Некоја канцелариска работа пред компјутер" со минимум 300 евра плата.
А кај се занаетчиските работи.? Или никој не сака да работи занаетчиска работа нели, ако си мајстор си неписмен. Објаснете ми го ова кога сите ќе имате факултет, кој ќе сака да работи потешка физичка работа?
Во иднина сите вие што ќе имате факултет спремете се да работите за многу пониски плати од сега. Кога веќе огромен број на луѓе ќе имаат факултет фирмите ќе вработуваат луѓе со знаење и искуство, а не со диплома. Ниедна фирма нема да си го губи времето со вас, да ве плаќа и обучува за специфични работи, а веќе наводно имате висока школа која веројатно ве научила да работите одредена проблематика?
 
Значи според твојата логика треба да се оди на факултет чисто поради чалам дека имам факултет? Во целиот твој пост не спомна за работа после факултет, подобра живеачка ако имаш факултет, итн итн... Да одам на факултет за утре моите деца гордо да кренат рака дека мама и тато имаат факултет? Ако немаат леб да јадат тоа не е битно нели? Или парите и успехот со факултетот доаѓаат во пакет?
Сатисфакцијата дека имам титула?? Имам братучед доктор 6-7 год поминати на медицина, специјализација итн, а нема пари за во град да излезе, ама битно има титула така? За секој ден да си се потсеќа колку време изгубил од животот за пак да бара пари за во град од мама и тато? Во животот треба да учиш за да направиш нешто во врска со тоа, а не да се фалиш дека имаш титула.

Утре сите ќе имаме факултет, со оглед на бројката на запишани студенти секоја година, така да ќе дојдеме еден ден сите директори да бидеме или барем да работиме некоја работа од типот на најпопуларната македонска работа "Некоја канцелариска работа пред компјутер" со минимум 300 евра плата.
А кај се занаетчиските работи.? Или никој не сака да работи занаетчиска работа нели, ако си мајстор си неписмен. Објаснете ми го ова кога сите ќе имате факултет, кој ќе сака да работи потешка физичка работа?
Во иднина сите вие што ќе имате факултет спремете се да работите за многу пониски плати од сега. Кога веќе огромен број на луѓе ќе имаат факултет фирмите ќе вработуваат луѓе со знаење и искуство, а не со диплома. Ниедна фирма нема да си го губи времето со вас, да ве плаќа и обучува за специфични работи, а веќе наводно имате висока школа која веројатно ве научила да работите одредена проблематика?

Не ја сфаќаш мојата поента очигледно е тоа, ама немам намера сега тебе да ти објаснувам. ;) Јас зборев само za неколку аспекти од тоа дека треба да се има факултет. Работа, подобри услови за живот тоа се подразбира, не ни вреди да се збори или можеби вреди ама во друга тема, оваа тема е дали да се студира веднаш после средно или да се оди на пауза. Јас кажав само мал дел од бенефитите. Секако дека примарна цел на завршување факултет е да имаме подобро утре и подобра работа, плата, живот и све што иде у пакет, ама има и многу други споредни работи. Епа ја баш за тие споредни работи зборев. Не се навредувај ако си со средно (а со оглед на тоа дека си имаш природна “омраза“ со тие што се со факс), па сега си ја браниш позицијата дека факултетот не е добар и ќе работиме за ниски плати. :pos: Плата, кој како ќе се снајде и колку му работи мозокот, ама дефинитивно добра предност и џокер во животот е да се има факултет.
 
reilin Здраво!

Темава ја најдов случајно , во не баш идеално време (3 по полноќ) за читање на истата , но веќе сум сигурен дека времето од 10тина минути потрошено што го читам ова не е залудно , туку доста корисно.
Ти го тагнав никот бидејќи сакам да го прочиташ моето мислење , и додека сеуште го пишувам воведот да напоменам дека ова е само мое мислење и размислување , би ми било мило ако ти помогнам тебе или било кому друг кој ќе го прочита ова , не сакам да бидам лошо разбран.

Врсници сме , и јас оваа година завршувам средно (медицинско).Истите мисли , истите проблеми ги имам додека ситуацијата ми е поразлична , да не речам ретка за наши услови.
Пред месец два , добив препорака која звучеше доста интересно и морав да ја разгледам.
Студирање во странство , поточно Шкотска.Зошто баш таму? Незнам колку од "нас" ( форумџиите ) знаат дека Шкотска има исто така интересна програма за студирање.Од мои сознанија ( не конкретни ) владата на Шкотска овозможува слободно студирање на сите (државни) факултети , без обврска да плаќаат студентите , односно има програма која има правила и критериуми кои треба да ги исполнувате за да влезете во истата.
Мене искрено проблем ми направи тоа што сум деликатен случај , но исто така не ни пробав да одам до крај да дознаам се.
И кога мислев дека сум блиску до одбирањето и насока на кој факултет од тие би го одбрал јас всушност дознав дека најнепотребно ми е да брзам и да бирам нешто прискладно за тоа што го сакам ( бидејќи ја немаше мојата сегашна професија ) . Одеднаш почнав да мислам поинаку , по објективно , работите да ги гледам од трето лице и од повеќе агли.
Го сменив мислењето и сега за сега цврсто стојам на истото.Пауза после средното образование!
Како што напоменав погоре , знам (мислам дека е така) дека сум поразличен случај бидејќи за обичен влез во Обединетото Кралство треба да поседуваш виза , која не е така лесно изводливо да ја добиеш.Предпоставувам веќе сваќате која предност ја имам .
Да не должам околу тоа , но суштината мислам дека ја имам разбрано.Секако можеби за година 2,3,5 ќе размислувам поинаку и ќе ми биде мило/криво што сум постапил така но барем ќе знам дека инстиктот сум си го послушал и сум направил чекор кој би ме правел по среќен.
Како што имав прилика да прочитам , Словенија и Словачка нудат најдобри услови за студирање во странство како македонец, мислам дека никој не го потенцираше тоа но како што имам слушнато словенечкиот ( или словенскиот како се пишуваше бе? ) не е баш едноставен но јас мислам дека јазик како јазик за 3 месеци највеќе би го зборувал како мајчин.
Секако дека има и останати опции , можеби добри и привлечни но немам/е слушнато за нив , затоа добро е да се информираш од што повеќе извори ( доколку го ставаш во приоритет студирањето во странство ) .
Инаку имам слушнато дека дипломите од факултетите од Обединетото Кралство и Австралија имаат као најголемо значење и се секаде во светот признати , секако дека има факултети на секаде што се јаки познати и признати но овие се двојат , како што имам слушнато.
Прочитав дека некои членови потенцираат дека ако паузираш можно е навиката за учење да ја изгубиш , никогаш да не продолжиш на факултет и слично.Еве како јас гледам на тие размислувања , јас сум релативно просечен ученик , тоа не го кријам и не се срамам да го искажам истото . Најмалку од се сакам да се опишувам и фалам , но сметам дека сум интелегентен и паметен и си имам врежано во главата дека оценките се само бројки и дипломата само хартија.
Oва го болдирав бидејќи сакам да видам што мислат некои други за истото , да влегува во очи! :P
Значи во мојот случај сметам дека паузата ќе ми биде фала богу од голема корист да се одморам и да се свртам да го користам времето за школо спрема работи кои ме прават посреќен а одземаат повеќе време.
Не мислам да лежам и да гледам телевизија , секако дека во овој период на пауза од факултет би работел .Напишав факултет а не едукација бидејќи не е само школото едукација , црпењето информации и знаења од различни сфери секојдневно го сметам за покорисна едукација од некои гранки на задолжителната школска едукација.Да не избегам предалеку...
Исто така добро е да потенцирам и дека сум таков каков што сум ученик ем бидејќи ја немам таа навика за учење но и поради тоа што можам да го воочам од нашето образование.
Едноставен коментар и без хејт на нашето образование би ми бил не ми се допаѓа како функционира.(Enought regular i guess)
Знам дека мојата диплома која живи здрави ќе ја добијам кога ќе го завршам моменталното средно училиште нема да ми биде признаена и корисна на местото каде што ќе продолжам така да времето минато тука би било колку корисно толку и штетно но што е тука е.Главата горе , верувам во своите квалитети и способности.
Верувам дека паузата можеби ќе трае една учебна година , но можеби и ќе продолжи се зависи од околностите , јас би имал и опција да учам некој/и курс/еви кои се пократок временски период од факултетот а можеби ќе ми бидат покорисни.
Како и да е , немаме сите исти ситуации , секој според својата треба да си одлучи и да донесе правилна одлука.
Секој совет нека ви биде добредојден , но убаво разгледајте го и согледајте ги добрите и лошите страни од истиот , сумирајте што има подобро лошо или добро , дали повеќе ви одговара или не.
Едноставно ако во било каква ситуација во животот не сме сигурни за нешто , најидеално е да размислиме како да ја решиме , размислувањето не трае секогаш ист временски интервал што значи во нашава дадена ситуација не е лошо да се направи пауза.
Се надевам дека мислењето мое ќе го прочитаат повеќе членови кои се на оваа крстосница и дека барем делумно ќе помогнам некому.
Се извинувам за предолгиот пост , но сакав да искажам се што мислев , и пак не сум целосен но страв ми е да не претерам па да не сака да се испрати мислењево и целово ова пишување да падне во вода:confused:
Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom