FA & Capital One Cup

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување
Па она од вчера уште веднаш беше сомнително, настрана бламажата со линиите.
Лошо се изразив, не мора на голо око одма да се види, ете и нека прегледаат они, ама може лесно да се одреди дали е очигледна грешка или не. Во случајов се гледа дека линискиот е во одлична позиција за да види, ама нема шанси во реално време да примети таков офсајд и дури и укочена снимка да му покажат без линија и зумирано на коленото, најверојатно пак би рекол дека не е офсајд.
 
Судијата што седи таму во канцеларија и гледа.
Поентата ми е дека мора да остане човечкиот елемент. Ако не, тогаш верувам има доволно добра технологија веќе за целосно да се исфрлат судиите, да се наместат 1000 камери низ терен и на компјутерот да му се дадат точни параметри, па да суди секакви контакти, офсајди и што не кои судијата човек на терен нема шанси да ги види во реално време. Па дури и 0.1 милиметар да е во офсајд, одма да досуди.

Епа како што пиша и Видук, одма се виде дека е сомнителна ситуацијата само што линискиот беше 200 метри позади, заспа на помошно игралиште ван терен или јадеше хот дог на паркингот, па не беше у можност да види дали е Мата во офсајд или не. Милиметар да е, ако е нерегуларен гол поради офсајд, треба да се реагира затоа е и технологија.
 
Како бе заспал, глеј кај е.
DWQc-oMX4AAz4vF.jpg
 
Ќе биде срање Вар у ПЛ осеќам, ќе им треба пола саат да видат дали е офсајд или не. И темпо и игра и све ремети Варот доколку брзо не се донесуваат одлуки. Варот може да влијаае на играта исто колку и грешна одлука на резултот.
 
ВАР е неопходен за да се спречат пример пенали како оној лани што Тејлор го свирна за Барнли мислам кога нивниот играч во напад играше со рака. Тој се збуни мислејќи дека дефанзивец играше.

ВАР е неопходен исто така како онаа ситуацијата лани Ливерпул-Евертон, Дин кога беше судија и после на едно интервју сам си рече дека стартот бил за црвен, ама имал лош агол и дал само жолт.

Тие и уште многу други се сериозни грешки во проценката кои што сериозно го нарушуваат/влијаат врз текот на мечот. Ептен малите офсајди кои што се претешки за утврдување дури и преку снимка не може да бидат дел од решението. Не зборувам за ова на Мата бидејќи овој можеби е мал офсајд, ама полесно забележлив. Има ситуации да се обрнеш три пати нема начин 100% со сигурност да се утврди дали некој е во игра или не. За тоа ВАР не би бил доволен, туку би била потребна дополнителна технологија со сензори за ситуации кои што човечко око не може да ги разграничи. Мислам дека никој не сака фудбалот да оди во таа насока.
 
Со оглед на тоа дека сеуште е нова технологијава, времето потребно за проверка на одлуки значително ке се намали, само треба трпение. Јас сум апсолутно за технологијава, зашто судииве и онака ја користат сега. Фино се слушна на микрофоните како Џон Мос го праша четвртиот судија дали видел нешто на екраните за пеналот на Кејн и офсајдот со пул.
 
Као стари баби во администрација се поставуваме спрема новитетите.
Им инсталираш софтвер за да им е пристапно се на дланка, они ти викаат оти ми ја усложнуваш работата, убаво си барав по дневници. :pos:
 
Му даваш мобилен да си ги запише сите контакти, он уште у тефтер-именик ги бара.
 
Као стари баби во администрација се поставуваме спрема новитетите.
Им инсталираш софтвер за да им е пристапно се на дланка, они ти викаат оти ми ја усложнуваш работата, убаво си барав по дневници. :pos:
А дали таа стара баба е обучена да го користи тој софтвер? :)
 
Што врска има тоа, ако не е научена може во пензија да оди. :)
Башка беше метафорично, ваљда не сте баби да ви сметаат иновации.
Првата реченица знаеш дека во реалноста не може да се спроведе.

Знам дека е метафора и моето е само продолжување на твојата метафора. Ако си читал Серија А ќе знаеш дека јас сум меѓу малкуте што го бранат ВАР системот, буквално истото го трубам дека треба време да помине, ова она. Ама мора да се постави граница до каде може објективно да оди опсегот на овој вид помош и секоја друга технологија во спортот, се со цел влијанието да не премине во негативно. Дополнително, како примерот за бабите, конкретно во Англија имаш судии што судат по 15-20 години. Замисли од денеска за утре нагли промени, уште полошо може да биде.

Конкретно ако Англија сака да го подигне квалитетот на судењето во ПЛ, мора да го смени системот на функционирање, мора да постави горна граница за годините до кои може да судат судиите, а не да имаме луѓе во доцни 40ти на теренот. Дури мислам дека и над 50 години имаат некои. Има и други аспекти за подобрување, ама ова мора да биде старт, во спротивно само ќе се гушат назад без разлика на сите технологии и ВАР-овци што ќе им ги стават на располагање.
 
Се разбираме. Знам дека подржуваш ВАР во одредена форма и затоа ми падна чуден коментарот.
Како и секоја промена, мора од некаде да се почне. И нормално, се што е ново ќе има одредени маани додека не се "исфилува" како што треба.

Негативности, ќе има и таму кај што не постојат. Тоа е во сржта на луѓето, да измислуваат топла вода.
Јас ич не се грижам за начинот на кој ќе го спроведат воопшто. Да, турбуленции сезона - две ќе има (и затоа засега е во вид на "бета" верзија, само во купови) ама на крај ќе биде успешен проектот, во тоа сум 100% сигурен. Бидејќи се работи за британци а не балканци. Затоа ми е смешно да замислувам сценарија што ги опишувате. Фрлаат милијарди на новитети, сигутно имаат правено милијарда студии пред да се пуштат во вакви води.

За годините на судиите нејќам да коментирам, зошто нема да учат да возат спејс шатл.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom