Првата реченица знаеш дека во реалноста не може да се спроведе.
Знам дека е метафора и моето е само продолжување на твојата метафора. Ако си читал Серија А ќе знаеш дека јас сум меѓу малкуте што го бранат ВАР системот, буквално истото го трубам дека треба време да помине, ова она. Ама мора да се постави граница до каде може објективно да оди опсегот на овој вид помош и секоја друга технологија во спортот, се со цел влијанието да не премине во негативно. Дополнително, како примерот за бабите, конкретно во Англија имаш судии што судат по 15-20 години. Замисли од денеска за утре нагли промени, уште полошо може да биде.
Конкретно ако Англија сака да го подигне квалитетот на судењето во ПЛ, мора да го смени системот на функционирање, мора да постави горна граница за годините до кои може да судат судиите, а не да имаме луѓе во доцни 40ти на теренот. Дури мислам дека и над 50 години имаат некои. Има и други аспекти за подобрување, ама ова мора да биде старт, во спротивно само ќе се гушат назад без разлика на сите технологии и ВАР-овци што ќе им ги стават на располагање.