Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не играше Челзи толку лошо, од кај вакво мислење?Патетично од двете страни. Ај легнете си![]()
Не брат за џабе дебатираме 5 страницистварно му пееле прееска "Fuck off/you mourinho" ?
Не брат за џабе дебатираме 5 страници![]()
Бреј, верувам дека конечно ќе го јаде мисиров од ФА.
Ова сакав да го пишам. Баш пред црвениот го викна судијата капитенот за да си го смири тимот затоа што очигледно одеа на остри стартови цело време, посебно на Хазард. И после тоа ти зимаш и правиш фаул за чист жолт, кога веќе имаш еден. Заслужен црвен.
Грешката беше вадењето на Мики одма после тоа, единствениот играч што може да ти направи нешто напред.
Можеби свирнал фаул за стартот кој претходеше а за ова (газењето) ќе се изјасни дека не го видел.Жалам што ке те разочарам во силното ти верување, ама му свирнаа тука фаул на Хазард, а кога судијата ке свирне фаул, не може има ретроспективна казна, ЈЕР судијата го видел инцидентот.
Можеби свирнал фаул за стартот кој претходеше а за ова (газењето) ќе се изјасни дека не го видел.
#КојЕСегаРазочаран
Па не, сериозно, фаулот е свирнат за пред да падне Азар, кога добива „удар“ од позади во подколеница а нагазнувањето можно е и да не го видел. Не мора да значи ама постои можност, тоа сакам да ти кажам.Какво ти е ова Сител објаснување?![]()
Па не, сериозно, фаулот е свирнат за пред да падне Азар, кога добива „удар“ од позади во подколеница а нагазнувањето можно е и да не го видел. Не мора да значи ама постои можност, тоа сакам да ти кажам.
Хазард повеќе беше на земја отколку што играше утакмицава. Паѓа како да го уништил некој со остар старт уште недопрен од противничкиот играч.Па не, сериозно, фаулот е свирнат за пред да падне Азар, кога добива „удар“ од позади во подколеница а нагазнувањето можно е и да не го видел. Не мора да значи ама постои можност, тоа сакам да ти кажам.
А она говноно ваше Коста требаше да добие два жолти картони или не?Судиските грешки, во последниве години како никогаш досега се во прв план на фудбалските терени. И не е Премиер Лига само исклучок. Секое коло, во секоја лига, има еден тон спорни ситуации. Тенденцијата на уништување на фудбалот од овој аспект е видлива. Тоа сите го гледаме и знаеме. Арно ама, честопати и претеруваме. Секој досуден пенал, слободен удар, жолт/црвен картон го негираме, го коментираме, оспоруваме. Вечерашниов меч е уште еден показател за тоа.
Јас разбирам се. Пристрасност, фанови сме, океј. Ама малку, малку бе објективност само. Нема да штети никому.
Челзи добил подарок од Оливер, Јунајтед бил оштетен. Како, како?
Прелесен црвен картон, читам. Небаре директен му даде за вториот фаул на Ерера, па ваква констатација.
Првиот жолт, оправдан. Класичен бодичек, на тој дел од теренот, дваесеттина метри оддалечен од голот на Де Геа, таков старт се класифицира како прекршок и директен жолт картон. Од вчера ли гледате фудбал, па сега ново ви е?
Вториот, ништо спорно. Го собра од позади. Не беше којзнае колку силен и остар старт, но не беше ниту пак многу наивен, како што некои фанови на Јунајтед се обидуваат да го прикажат. Втор жолт - исклучување.
Значи, Оливер по ,,книга'' е чист ко солза. За вториот картон, можеби можеше и да прогледа низ прсти. Судиско убедување, нели. Но и опцијата да го прати во соблекувална порано Ерера, исто така е сосема коректна. Впрочем, претходно во неколку наврати го предупреди Џонс за слични фаули над Хазард (Џонс, кој не доби картон). Им даде до знаење дека следен прекршок, ќе биде санкциониран.
Според мене Оливер има преодна оценка за натпреварот. Дури, дури, мислам дека ако веќе зборуваме за оштетена страна, ние фановите на Челзи и те како можеме да се побуниме и да го поставиме прашањето ,,како Валенсија за оној старт, не доби ниту жолт картон''? Старт со две нозе, во 90 проценти од случаите е директен црвен картон, без размислување. Без разлика дали имаше контакт или не. Интенцијата се санкционира. Не е првпат ниту тоа.
А тоа дека Хазард симулирал е најсмешното нешто што го имам прочитано во последно време. Било кој друг да наведеше, можеше да помине. Ама Хазард. Човекот во просек по 20 пати го убиваат на натпревар, милион ситуации имало каде што баш поради фер-плејот останал на нозе, а можел слободно да се фрли ала Суарез и да добие одлука во негова корист.
Е сега, имам нешто друго напамет. Навивачите на Манчестер, барем добар дел од нив, во изминативе неколку сезони додека Ван Гал беше тренер, дрва и камења фрлаа по него и по неговата формација со тројца дефанзивци во последната линија. 3-4-3 или 3-5-2. Сега, Мурињо излегува со истата формација, реакција никаква.
Исто така, интересно ми е тоа што истите фанови на Јунајтед со дрва и камења фрлаа по формациите на Челзи во меѓусебните дуели и ,,паркирањето автобус'', сезонава откако тоа стана за нив пракса, на гостинските натпревари особено во дерби дуелите, реакција никаква.
Треќо, мечов беше како создаден за Мурињо. И неговите, веќе смешни алиби изговори. Отсуството на Ибра, Руни и Марсијал, недоволно оздравениот Рашфорд, густиот распоред и новиот натпревар против Ростов за два дена, мислиш само Манчестер игра на повеќе фронтови, сега и ,,спорната ситуацијата'' и контроверзната одлука на Оливер.
Одлично. Нема да зборува никој за бледата игра, за уште еден во низата слаби натпревари на Погба, за уште еден пропуштен потенцијален трофеј. Ќe го искористи Мурињо моментов и ќе ја замајува фан-базата уште некое време, до следниот неуспех, најверојатно. Тогаш ќе се најде некој друг судија, теренот нема да чини, ветар ќе дува, топката ќе биде премногу мека и слично.
Поентата ми беше, Јунајтед е фудбалска големина. Во светски рамки. Ставот на многумина овде беше дека големиот Манчестер Јунајтед нема да се прилагодува на ниту еден друг тренер после Фергусон и дека Манчестер Јунајтед ќе си го задржи идентитетот и својата препознатливост надвор и внатре во теренот. Реалноста да ти била поинаква. Сега, Јунајтед со Мурињо е алиби клуб. Пред да се залета некој, ова не го кажувам со намера да испровоцирам нешто и некого. Туку само го изнесувам очигледното.
Грев е да зборите вака за Хазард. Али добро, ако ви е полесно.Хазард повеќе беше на земја отколку што играше утакмицава. Паѓа како да го уништил некој со остар старт уште недопрен од противничкиот играч.