Barbara Dex award е фиктивна „награда“, на евровизиските фанови, воведена во 1997 на блогот/сајтот House of Eurovision и подоцна преселена на Songfestival.be (2017-2018). Се гласа онлајн за најлошо облечените изведувачи на Евросонг, а може да гласа било кој, од било каде во светот. Името на наградата е во чест на белгиската пејачка Барбара Декс, и нејзиниот смешен аутфит на сцената во 1993, кога ја претставуваше Белгија. Ние ја имаме таа „среќа“ два пати да ја освоиме наградата. Првиот пат лауреат беше Мартин Вучиќ. А еве како изгледаа другите низ годините:
1993 - Белгија - Барбара Декс
1997 - Малта - Деби Шери
1998 - Германија - Гилдо Хорн
1999 - Шпанија - Лидија
2000 - Белгија - Натали Сорс
2001 - Полска - Пјашек
2002 - Грција - Микалис Ракинѕис
2003 - Русија - t.A.T.u
2004 - Романија - Сандра Ладоши
2005 - Македонија - Мартин Вучиќ
2006 - Португалија - Нонстоп
2007 - Украина - Верка Сердучка
2008 - Андора - Жизела
2009 - Унгарија - Золи Адок
2010 - Србија - Милан Станковиќ