Ex Yu

  • Креатор на темата Креатор на темата mALEFACTOr
  • Време на започнување Време на започнување

Екс ју рок, тука може моабет до сабајле да се прави бидејќи навистина постојат многу групи познати и кои толку не се познати но сепак имаат и одлични песни кои ден денеска се слушаат. Една од омилените екс ју групи ми е Divlje jagode. Нешто што премногу жалам е тоа што не сум имал време да бидам во времето на југославија каде што се имало одлични свирки. Во седмо одление паметам со другар ми и уште едно другарче пробавме нешто да пробаме од divlje jagode поточно песната мотори, но само колку што паметам сега дали 80% беше добра музика, се обидовме да имаме си некаков бенд, но на крајот не испадна ништо иако бевме загреани јако можеби едно 3 месеци цело лето дремевме во гаражата негова а и плус татко му кој е патем бивш пејач ни помогна доста но сега жалам ептен што не отидовме крајно. :( Најголем потпик ни беше Divlje jagode секогаш кога ќе слушнеме некоја песна од нив целосно полудувавме :vozbud: посебно мотори. Пак песната: krivo je more, jedina, незнам како се успеа да се пее на патронат :pos: мислам дека беше интересно доста не дека беше ептен јако изведена ама дечишта поточно најмногу се попалија девојките. Сега кога си го вратив филмот назад ми се смеам и едноставно сеуште во срцето си го носам бендов Divlje jagode бидејќи дефинитивно од сите екс ју бендови најдобар бенд за мене е.
 
Побарав ваква тема , но не најдов .Ако има веќе нека ја спојат или избришат модераторите.
340px-Flag-map_of_Yugoslavia.svg.png

Темата ја отварам и за споделување на ваши омилени песни од тоа време .
Кои биле најпопуларните песни во тоа време кои се создавале во овие држави ? Дали тогаш се слушала домашна музика или се слушало повеќе странско? Кои се вашите омилени песни ?
 
уживам во било што и да слушам од Галија Ју група Азра Рибља Чорба
 
Каков почеток само, со најдобрата рок група во Ју, на сите времиња и албумот Индехи-се само хитови-ставете уште нешто.
(а после нив се разбира Про Арте, но има и многу други)
 
Ние веќе организиравме и завршивме цел избор за најдобра песна од тоа време на Кајгана, @khz777 . Ама нема врска, се што сме пропуштиле таму, може да го споделиме овде, а тоа што веќе сме го споделиле таму, може да го споделиме тука пак, па така - I like this тема! :P

Инаку, за потсетување, таму во финалето победи:


Истата беше прогласена за најдобра песна од поранешна Југославија, според Кајгана форум, а со оглед на тоа што во финале се бореше против:


си земам за право да ги прогласам Ekatarina Velika (EKV) за најдобар бенд од поранешна Југославија.

Моите симпатии сепак се наклонети кон нешто друго. Според мене, ова ремек дело е најдоброто парче музика од поранешна Југославија:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom