.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
Екс ју рок, тука може моабет до сабајле да се прави бидејќи навистина постојат многу групи познати и кои толку не се познати но сепак имаат и одлични песни кои ден денеска се слушаат. Една од омилените екс ју групи ми е Divlje jagode. Нешто што премногу жалам е тоа што не сум имал време да бидам во времето на југославија каде што се имало одлични свирки. Во седмо одление паметам со другар ми и уште едно другарче пробавме нешто да пробаме од divlje jagode поточно песната мотори, но само колку што паметам сега дали 80% беше добра музика, се обидовме да имаме си некаков бенд, но на крајот не испадна ништо иако бевме загреани јако можеби едно 3 месеци цело лето дремевме во гаражата негова а и плус татко му кој е патем бивш пејач ни помогна доста но сега жалам ептен што не отидовме крајно. Најголем потпик ни беше Divlje jagode секогаш кога ќе слушнеме некоја песна од нив целосно полудувавме посебно мотори. Пак песната: krivo je more, jedina, незнам како се успеа да се пее на патронат мислам дека беше интересно доста не дека беше ептен јако изведена ама дечишта поточно најмногу се попалија девојките. Сега кога си го вратив филмот назад ми се смеам и едноставно сеуште во срцето си го носам бендов Divlje jagode бидејќи дефинитивно од сите екс ју бендови најдобар бенд за мене е.