Everybody Hates Chris

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
А колку се радуваше Џулиас кога ќерка му сакаше да се запосли, мајката викаше наброј ми три причини зошто сакаш да работи, и он одма
1. ке биде одговорна
2. ке стекне позитивни навики
3. ке заработи пари


а си милел у себе

1. ке заработи пари
2. ке зарабити пари

и

3. КЕ ЗАРАБОТИ ПАРИ

:pos2::pos2::pos2:



А тогаш кога зема Џулиус одмор, жена му вика имаш болест од ова, од она

А Џулиус гледа: Треба да платиш сметки за ова, сметки за она :vozbud::pos2:
 
Сега ќе ја гледам 8-ма епиз. од 4 сезона,според мене најдбра сезона.
 
Од вчера на Сител ТВ, ја изгледав првата епизода, ми изгледаше интересна. Ќе ја даваат секој ден од понеделник до петок во 21:00ч.



poster.jpg




Во приказната на оваа серија не води младото момче Крис. Тој се обидува да се вклопи во новата средина откако неговите родители решаваат да го променат местото на живеење, а воедно и училиштето каде што учи Крис.


Во новото училиште, несогласувањата со соучениците ќе станат секојдневие за Крис поради тоа што се работи за престижно училиште каде што учениците не се навикнати да ги делат клупите со некој од темната раса.


Но, сепак тој набрзо ќе си најде нов пријател кој воедно и ќе му биде единствен додека останатите не сфатат дека Крис од нив се разликува само поради бојата на кожата.


Оваа серија воедно е авторско дело на познатиот комичар Крис Рок. Својата премиера ја имаше во 2005 година, истата година доибива многу позитивни мислења од критичарите, а во текот на четирите сезони кој што се снимени за оваа серија, Сите го мразат Крис е номинирана и добитник на Еми и Златен Глобус.


Улоги: Тајлер Џејмс Вилијамс, Имани Хаким, Винсент Мартела, Жаклин Мазарела, Тичина Арнолд и Крис Рок како наратор.


Сител IMDb Wikipedia
 
Баш кога ке игра ке ја фатам, сакам да видам шо серија е, сите го сакаат рејмонд порано ја гледав но почна многу да ме иритира, може оваа нешто подобра ке испадне.
 
Kонечно асална серија на теве!
:cuc:
 
Оваа е далеку подобра од Рејмонд .. Крис Рок е ЦАР !! , Практично си го раскажува животот и има многу хумор . Одамна ја даваа на Нова ТВ глеам сеа на Сител ќе оди . Дефинитивно вреде да се гледа!
 
Многу е професионално направена, мислев дека е игран филм, додека не видов крај на првата епизода.
Супер
 
Одлична серија е ова. Ја гледав на НОВА кога ја даваа има еден многу поразличен хумор од тој на кој сме навикнати. Обавезно ќе ја гледам повторно:):)
 
Ќе се гледа серијава ..ми личи на фино филмче :)
 
"неговите родители решаваат да го променат местото на живеење, а воедно и училиштето каде што учи Крис."

Ме потсеќа на "Принцот од Бел Ер" .
 
Супер е серијава, ми недостигаа серии со откачена смисла за хумор
Мене пак ме потсеќа на "Оливер Бин" :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom