ЕУРО 2020 - Нокаут фаза

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе стигнат до финалето на ЕУРО 2020?


  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Заборавил да му каже Хернандез место Рабио
Цело време зборевте за бековите, ама сите беа повредени. Хернандез беше на клупа, ама очигледно не бил доволно спремен за да игра.

Можеби само Фоден место Сака.

Предефанзивен тим, без плејмејкер. И пак нека една асална акција да направат.


Пред буквално секој натпревар некој од внатре го ликнува тимот :ROFLMAO:
 
И стратег станал бе.

Па и не е дека немаа шанси Франција. Тоа што Ленгле не е способен да земе воздушен дуел или Кимпембе излета како мало детенце во 90та минута при третиот гол е друг проблем.
 
И стратег станал бе.

Примадоната плачеше и во Јунајтед па мораат да го ставаат како Лево крило.
Да наведнеше малку глава и да играше фудбал ќе беше подобар играч вака само вечити талент ќе го зборат.
 
Цело време зборевте за бековите, ама сите беа повредени. Хернандез беше на клупа, ама очигледно не бил доволно спремен за да игра.




Пред буквално секој натпревар некој од внатре го ликнува тимот :ROFLMAO:
Супер, имаш тројца креативни играчи што всушност знаат да играат фудбал и ги оставаш на клупа за пејс мерчантс. Со среќа нека им е.
 
Бензема даде 4 гола на првенствово и играше ко Бог. Мбапе даде 0 од милион шанси, вчера се утепа од промашувањe и дури и пречеше во неколку прилики, на крај прикладно беше он да го промаши пеналот со кој што Франција испаѓа. Нека си лета пак во облаци.
Еве и статистика за ова:

 
Цело време зборевте за бековите, ама сите беа повредени. Хернандез беше на клупа, ама очигледно не бил доволно спремен за да игра.




Пред буквално секој натпревар некој од внатре го ликнува тимот :ROFLMAO:

Ај за Сака и ке разберам, во форма е, иако ке биде интересно да се види како ке снајде во меч кој веројатно е најбитниот до сега во неговата кариера во поглед на притисокот. Ама како игра Стерлинг пред Грилиш ми е енигма. Ај баш да видиме што ке направат после.
 
Бретвајт поише голови на Европсково од Мбапе. :rolleyes:
 
Ај најди ми еден тренер што нема да стави клучен/најдобар играч (ако веќе претходно тоа му било замислено) да изведува клучен пенал само затоа што имал просечна или слаба партија...

Не иде тоа така во спортот, мора да им веруваш секогаш и во секое време. Оти не е само на 3-0 да викаш еј браво Мбапе хет трик дае најдобар си.

Инаку пенал ко пенал, се случува да биде промашен али генерално гледано прелошо ЕП за Килијан. Мора малце да олабави со курчењето и да престане да се дружи со Нејмар.

Држи и дека треба да им веруваш секогаш и во секое време и се слагам со тоа.
Но, мораш и да се адаптираш на дадена ситуација и да приметиш кога некој има проблем со концентрација, не му е ден и тн и тн, колку год да е играчиште. На Мбапе од небо се гледаше дека нешто не е во ред.
Мислам дека Дешамп буквално ни 1 минута не спремал сценарио "пенал рулет" против Швајцарија. Да, тоа секако е среќа и сите тие ред работи, ама си требаат и припреми какви такви, колку толку. Барем да искочи како дискусија неколку дена пред текма. Никој не ни помислил дека може до тоа да дојде.

Да те потсетам само на Ван Гал 2014та кога го стави Тим Крул во 119та минута и овој ги однесе понатаму, против Коста Рика или таква некоја аутсајдерска репрезентација. Мора и прагматично да се реагира и да се проценат тековите на самиот терен, и нема тука разгалување или ирационална верба во играчите 100% во секое време, без оглед на прикажаното.

Ама на крај ќе се согласам со тебе дека 99% од тренерите ќе го оставеа да шутира.

Сеопшт ноншалантен, арогантен и потценувачки пристап имаа французите на првенството и тоа ги кошташе победа на крај. Дури и со Германија и Португалија го имаа тој пристап.

Морам да истакнам дека и Канте вчера беше очајно лош и некорисен за својата репрезентација. Лесно го поминуваа, губеше топки и тн.
 
Искрено уште не ми е верно што се случи синоќа и дека Французиве дозволија една Швицарска да им се врати вака. Ни 0,1% не очекував дека ќе испаднат кога поведоа 3-1.

И тоа мислам дека сега не е случај дека дно допреле со играта како некои други фаворити што испаѓале на големите турнири. Имаат најголем индивидуален квалитет ама тоа на крај испадна проблемот, премногу индивидуализам кај ѕвездите во комбинација со потценување на Швајцарија.

Мбапе со страшно слабо првенство. Ептен е млад, ќе има сто поправни шанси, и поискусни фудбалери се посрамотувале во клучни моменти па се враќале посилни. Може и ќе му биде лекција ова да се спушти малку на земја.

А за муабетот за навивање, ова е едно од ретките европски каде немам изразен фаворит, освен нормално Македонија. Навивам за Аргентина па во тој дел побитна ми е Копа Америка од Еуро. Од овие што останаа ќе ми биде драго Шпанија да освои ради Лучо и ради тоа што беа многу потценувани. Италија исто немам ништо против. Секогаш и секаде сум против Германија па и сега. Белгија не ми се многу по ќеф, Швајцарија не ги сакам од разбирливи причини.
 
За навивањето како @Scirea ќе речам дека источниов блок ми се посимпатични иако се тежок очај. Ретките Блесоци како Русија и Турција 2008, Турција 2002, Чешка годинава и 2004, Словачка 2010, Украина 2006 и со изгледни шанси годинава....

Инаку за Хрватска од Европа и Уругвај од Јужна Америка ги поддржувам цело време.
Од западна Европа Португалија - генерацијата на Фиго, Руи Коста, Баија, Коуто .... и Холандија со Стам, Ван Дер Сар, Сидорф, Давидс, Бергкамп, Клајверт, Рајзингер, Коку...
 
Многу некако тивко помина седнувањето на Де Геа на клупа или само мене ми изгледа така?
 
Многу некако тивко помина седнувањето на Де Геа на клупа или само мене ми изгледа така?
Па ко што знам уште пред ЕП им беше решено тоа, а и Де Геа последниве месеци седеше на клупа за Хендерсон.
 
Многу некако тивко помина седнувањето на Де Геа на клупа или само мене ми изгледа така?
Де Геа е седнат на клупа веќе подолг период. Од ноември навака Унаи Симон брани редовно за Шпанија. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom