Ај најди ми еден тренер што нема да стави клучен/најдобар играч (ако веќе претходно тоа му било замислено) да изведува клучен пенал само затоа што имал просечна или слаба партија...
Не иде тоа така во спортот, мора да им веруваш секогаш и во секое време. Оти не е само на 3-0 да викаш еј браво Мбапе хет трик дае најдобар си.
Инаку пенал ко пенал, се случува да биде промашен али генерално гледано прелошо ЕП за Килијан. Мора малце да олабави со курчењето и да престане да се дружи со Нејмар.
Држи и дека треба да им веруваш секогаш и во секое време и се слагам со тоа.
Но, мораш и да се адаптираш на дадена ситуација и да приметиш кога некој има проблем со концентрација, не му е ден и тн и тн, колку год да е играчиште. На Мбапе од небо се гледаше дека нешто не е во ред.
Мислам дека Дешамп буквално ни 1 минута не спремал сценарио "пенал рулет" против Швајцарија. Да, тоа секако е среќа и сите тие ред работи, ама си требаат и припреми какви такви, колку толку. Барем да искочи како дискусија неколку дена пред текма. Никој не ни помислил дека може до тоа да дојде.
Да те потсетам само на Ван Гал 2014та кога го стави Тим Крул во 119та минута и овој ги однесе понатаму, против Коста Рика или таква некоја аутсајдерска репрезентација. Мора и прагматично да се реагира и да се проценат тековите на самиот терен, и нема тука разгалување или ирационална верба во играчите 100% во секое време, без оглед на прикажаното.
Ама на крај ќе се согласам со тебе дека 99% од тренерите ќе го оставеа да шутира.
Сеопшт ноншалантен, арогантен и потценувачки пристап имаа французите на првенството и тоа ги кошташе победа на крај. Дури и со Германија и Португалија го имаа тој пристап.
Морам да истакнам дека и Канте вчера беше очајно лош и некорисен за својата репрезентација. Лесно го поминуваа, губеше топки и тн.