Сега се уверив со мои очи - секаде стои ...of the Former...
Ееее, а Европа добра беше кога ни даде кандидатски статус, нели? Добра беше додека не' пишуваше со јазик Мacedonian, државјанство Macedonian,... наместо јазик of the Former...., државјанство of the Former....???
Зашто тогаш беше фер, а сега вака не' казнува, сте се запрашале?
Во последниот извештај од ЕУ ни беше кажано да избегнуваме да даваме ИЗЈАВИ што би ги провоцирале Грците, а не па нешто повеќе.
Е затоа, ние почнавме да ја нарекуваме Европа нацистичка (изјавата дека Европа постапува со нас како Чехословачка кога била анектирана!?), да најавуваме статуи на Александар високи 30 метри, да најавуваме именување на коридорот во Александар Македонски, именување на стадионот во Арена Филип 2...
Ама пазете! Ова се случуваше ПРЕД Европа да ја казни Македонија со промената на јазикот, нацијата..., а ПО добивањето на забелешката да не даваме проблематични изјави. Зашто ние вака направивме - не знам.