ЕУ ни го смени јазикот

Член од
23 декември 2007
Мислења
486
Поени од реакции
6
Темава е за сменетиот јазик и нација, не за дали треба името да го смениме.
Нас никој не не' прашува, веќе ЕУ се одлучила што сме за нив. Џабе им пркосиме, еве до кај не' дотера тоа. Позицијата не ни е веќе иста - влошена е.
Не пркосењето, попуштањето до тука не дотера.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Темава е за сменетиот јазик и нација, не за дали треба името да го смениме.
Нас никој не не' прашува, веќе ЕУ се одлучила што сме за нив. Џабе им пркосиме, еве до кај не' дотера тоа. Позицијата не ни е веќе иста - влошена е.
Ти си..можеби луда.. а можеби те испуштиле од раце кога си имала 2 месеца.

Правото на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ ни е гарантирано според сите конвенции за човекови права и слободи,а се додека ние самите не се САМООПРЕДЕЛИМЕ како нешто друго, остануваме МАКЕДОНЦИ.

А како и зошто ЕУ решила да не именува во кругот на своите надлежности, има многу прост одговор. И ЕУ ја нема извршната и апсолутната власт над идентитетот на народите и државите.

Ние можеме да ја нарекуваме Европска Унија на Дебили и така да им се обраќаме, соодветно.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Не можам да постигнам на сите посебно да ви реплицирам...

Трн во око, не ми импутирај ставови - дека сакам да го смениме името. Bratot, кај што има сила нема правдина, за жал.

Еве што е моето мислење.

Сега се уверив со мои очи - секаде стои ...of the Former...

Ееее, а Европа добра беше кога ни даде кандидатски статус, нели? Добра беше додека не' пишуваше со јазик Мacedonian, државјанство Macedonian,... наместо јазик of the Former...., државјанство of the Former....???

Зашто тогаш беше фер, а сега вака не' казнува, сте се запрашале?

Во последниот извештај од ЕУ ни беше кажано да избегнуваме да даваме ИЗЈАВИ што би ги провоцирале Грците, а не па нешто повеќе.

Е затоа, ние почнавме да ја нарекуваме Европа нацистичка (изјавата дека Европа постапува со нас како Чехословачка кога била анектирана!?), да најавуваме статуи на Александар високи 30 метри, да најавуваме именување на коридорот во Александар Македонски, именување на стадионот во Арена Филип 2...

Ама пазете! Ова се случуваше ПРЕД Европа да ја казни Македонија со промената на јазикот, нацијата..., а ПО добивањето на забелешката да не даваме проблематични изјави. Зашто ние вака направивме - не знам.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
секоја чест на тие кој ја смислија паткава, служби се тоа не играчка...
Патката е во тоа што покрај името, грците пополека успешно ни го наметнуваат и идентитетот како услов.
Патката е во тоа што до некни преговаравме за двојна формула со загарантиран идентитет и јазик, а утре ќе преговараме за идентитет и јазик, со загарантирано име са секаква употреба.
Патката слепците не може да ја видат.
Затоа:
Или прекинување на преговорите.
Или ставање наочари со десетка диоптер, заради лоцирање на ПАТКАТА.
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Дефинирај “прогрес“ !?
Сега ќе (се обидам да) ти објаснам...

Претпоставувам дека знаеш што се случи во 1992 година во Лисабон, кога лидерите на државите-членки на ЕУ ја усвоија таканаречената Лисабонска декларација, со која од Македонија ултимативно се побара да се откаже од името во каков било контакт со Брисел и да се определи за име во кое воопшто нема да се содржи поимот Македонија.
Грција воведе целосно трговско ембарго кон Македонија.
Македонија е притисната од меѓународна изолација и со нафтена криза.

Е сега, што се случува во меѓувреме?

Македонија примена како полноправна членка на ОН, ОБСЕ, Советот на Европа, Светската трговска организација, станува членка на Партнерството за мир на НАТО итн. итн.
Македонија доби статус кандидат за ЕУ
Грција ја ратификуваше Спогодбата Македонија - ЕУ
САД ја призна Македонија под уставно име
Над 110 држави во светот кои ја именуваат Македонија како Република Македонија
Грчката дипломатија доживува неуспеси
Британскиот Парламент сугерира Блер да ја признае Македонија со уставно име
Германскиот Бундестаг се заложи за употреба на уставното име на Македонија

Дали гледаш ти овде прогрес или не?
А ако те интересира само дефиниција за 'прогрес', оди на Википедиа!
 
Идентитетот отсекогаш е бил услов. Тоа што Грците не го кажуваа тоа јавно (и сеуште не го кажуваат) не значи дека не е бил.

И да, веќе реков, преговорите со Грција треба да се прекинат.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Трн во око, не ми импутирај ставови - дека сакам да го смениме името.
Ништо не ампутирам јас. Како што си напишала, така е толкувано. Сакаш да се откажеш од име и идентитет за да влеземе во ЕУ и НАТО.

Твој избор. Ама мој не е. Јас не сакам во ЕУ и НАТО. Ќе подразмислам за членство единствено како МАКЕДОНЕЦ ОД МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА.

Си ги славам моите историски херои.
Си ги славам моите национални празници.
Си ги негувам моите национални симболи.
Си го зборувам мојот Македонски јазик.

Затоа што тоа мене ме идентификува како МАКЕДОНЕЦ.

А ако вие тоа го сметате како провокација кон некоја соседна држава или пркосење кон некоја вукојебина од сојуз....КОЈ ВЕ ЕБЕ БЕ!
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Патката е во тоа што покрај името, грците пополека успешно ни го наметнуваат и идентитетот како услов.
Патката е во тоа што до некни преговаравме за двојна формула со загарантиран идентитет и јазик, а утре ќе преговараме за идентитет и јазик, со загарантирано име са секаква употреба.
Патката слепците не може да ја видат.
Затоа:
Или прекинување на преговорите.
Или ставање наочари со десетка диоптер, заради лоцирање на ПАТКАТА.
од прв ден, само што некој криеше, како што криеше дека спогодбата со која сменивме име знаме и устав, другата страна воопшто не ја ратификувала...
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
486
Поени од реакции
6
Сега ќе (се обидам да) ти објаснам...

Претпоставувам дека знаеш што се случи во 1992 година во Лисабон, кога лидерите на државите-членки на ЕУ ја усвоија таканаречената Лисабонска декларација, со која од Македонија ултимативно се побара да се откаже од името во каков било контакт со Брисел и да се определи за име во кое воопшто нема да се содржи поимот Македонија.
Грција воведе целосно трговско ембарго кон Македонија.
Македонија е притисната од меѓународна изолација и со нафтена криза.

Е сега, што се случува во меѓувреме?

Македонија примена како полноправна членка на ОН, ОБСЕ, Советот на Европа, Светската трговска организација, станува членка на Партнерството за мир на НАТО итн. итн.
Македонија доби статус кандидат за ЕУ
Грција ја ратификуваше Спогодбата Македонија - ЕУ
САД ја призна Македонија под уставно име
Над 110 држави во светот кои ја именуваат Македонија како Република Македонија
Грчката дипломатија доживува неуспеси
Британскиот Парламент сугерира Блер да ја признае Македонија со уставно име
Германскиот Бундестаг се заложи за употреба на уставното име на Македонија

Дали гледаш ти овде прогрес или не?
А ако те интересира само дефиниција за 'прогрес', оди на Википедиа!
Да, ама овде Грците немаа право на вето и затоа овој прогрес не зависеше од нив.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ништо не е услов ако самите не си го наметнеме како таков!
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Идентитетот отсекогаш е бил услов. Тоа што Грците не го кажуваа тоа јавно (и сеуште не го кажуваат) не значи дека не е бил.

И да, веќе реков, преговорите со Грција треба да се прекинат.
Условот на грција е непостоењето на Македонија.
Затоа мене не ме интересираат барањата на грција, туку ставовите на Европската Унија, кои се повеќе и повеќе се одалечуваат од нашите а се приближуваат до грчките.
Се прашуваш зошто ?
 
perthille

NSU 351 OSL
Член од
6 декември 2008
Мислења
53
Поени од реакции
0
Site gledam ste zbuneti,i gi barate pricinite i krivcite za se sto ni se slucuva.Edno znam i pametam deka vo titova Jugoslavija,koja bese megu prvite 10 zemji vo svetot, mozevme sekade da odime slobodno bez nikakov problem.Osven vo Grcija.Se cudea site zosto skoro 22 milioni narod mora da vadi vizi,samo za vo grcija.Odgovorot e prost,zaradi Makedonskoto prasanje.Se postavuva edno prosto prasanje:Koga Jugoslavija kako nekoj faktor vo svetot ne uspeala da go resi toa prasanje,dali mozeme nie vakvi kakvi sto sme da go resime,i kako.Zakonite i definiciite za drzava vo OON bile isti i togas i sega.Tie zakoni i definicii vazat za site narodi,samo za ovoj narod ne vazat.Sedumnaeset godini,nasite sutraci od politicari odat,kolenicat i molat za nesto,za sto ne se moli.Minatata godina samo izgubivme desetina vojnici po tugi misii.Kolku li uste treba da zaginat za da bideme dobri i podobni za vo Nato.Ni EU ni Nato ne se tolku dobri kolku sto sme nie losi,neorganizirani i ne znaeme sto sakame.Birame za politicari psihopati,pijanici,kriminalci,novoverci,stranci i posle Cacko ni e kriv.Taka drzava ne se pravi.Mora nesto narodot pod itno da prevzeme,ova omalovazuvanje mora da prestane,ova prevrsi sekoja merka.Site tie ambasadori vo Makedonija pod itno da se soberat i javno na otvorena diskusija da se zaprasaat sto im e planot i koja cena treba site nie da ja platime za vlezot vo EU i Nato.Barem da bideme na cisto,ili na site da im se dade karta vo eden pravec za doma. Ova se,prevrsi sekoja merka na dobar vkus.Evropo stanues po dosadna od gravitacija!
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
А бај д веј....зошто веќе еднаш не се прекинат преговорите ?
Најверојатно сеуште нема човек со големи cojones да го направи тоа.Или ова е некоја тактика...:toe:
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Да, ама овде Грците немаа право на вето и затоа овој прогрес не зависеше од нив.
Прочитај го уште еднаш воведниот пост... Тоа што сега ни го прави ЕУ не е последица на некакво грчко вето, туку претставува тотален пораз на нашата дипломатија!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom