- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.680
- Поени од реакции
- 18.738
Европската унија подготвила тајни планови за да се постави како светска сила, со овластување во име на земјите - членки да преговара и потпишува меѓународни договори.
Унијата, исто така, има намера да отвори 160 европски претставништва, односно амбасади, а веќе е познато дека првите би биле во Њујорк, Кабул и Адис Абеба, наведува денеска британскиот весник „Дејли телеграф“.
Весникот пренесува оценка на аналитичар дека станува збор за голем трансфер на овластувања, којшто би довел до тоа ЕУ се повеќе да наликува на држава.
Доколку плановите би биле усвоени, Брисел би можел да почне да потпишува разни меѓународни договори - во сферата на надворешната политика, одбраната или правосудството.
Оние кои ги предлагаат ваквите измени тврдат дека Европа на светската сцена мора да има обединет фронт.
Растот на Кина и на други земји ќе значи дека традиционалните сили од Западна Европа неминовно ќе го губат влијанието.
Поради тоа, на Европа и е потребна покохерентна надворешна политика, велат заговорниците на овој план, и тоа е сосема точно, меѓутоа, сепак, мораме да бидеме внимателни, констатира „Дејли телеграф“.
-----------------------------------------------------------------------
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114655