ЕУ држава?

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.680
Поени од реакции
18.738
Европската унија подготвила тајни планови за да се постави како светска сила, со овластување во име на земјите - членки да преговара и потпишува меѓународни договори.
Унијата, исто така, има намера да отвори 160 европски претставништва, односно амбасади, а веќе е познато дека првите би биле во Њујорк, Кабул и Адис Абеба, наведува денеска британскиот весник „Дејли телеграф“.
Весникот пренесува оценка на аналитичар дека станува збор за голем трансфер на овластувања, којшто би довел до тоа ЕУ се повеќе да наликува на држава.
Доколку плановите би биле усвоени, Брисел би можел да почне да потпишува разни меѓународни договори - во сферата на надворешната политика, одбраната или правосудството.
Оние кои ги предлагаат ваквите измени тврдат дека Европа на светската сцена мора да има обединет фронт.
Растот на Кина и на други земји ќе значи дека традиционалните сили од Западна Европа неминовно ќе го губат влијанието.
Поради тоа, на Европа и е потребна покохерентна надворешна политика, велат заговорниците на овој план, и тоа е сосема точно, меѓутоа, сепак, мораме да бидеме внимателни, констатира „Дејли телеграф“.

-----------------------------------------------------------------------
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114655
 
Па ако се успее во тоа, ќе стане светска сила, краен чекор би било создавање на заедничка ЕУ армија, која би била најсилна и најбројна на светот. Луѓето гледаат, обединување, економски раст, заеднички живот, сите се сметаат како граѓани на светот, а не како нас , се тепаме за историја.
 
да Бобане но тогаш ќе се нема слобода како сега ..
не сме свесни колку сме слободни додека не ја изгубиме и таа слобода шо ја имаме ...
Војска од Брисел
Полиција од Брисел
Закони од Брисел

едно време беше тоа Белград за нас ...
дали го сакаме истото тоа?

се разбира како и со Белград така и со Брисел ние ќе бидеме безгласни во целото тоа ново уредување ... кое им одговара само на Западна европа (Германија, Франција) и Англија .. сите други ќе бидеме само територија но не и народ, една обична статистика :toe:
 
Колку успеа бивша ју со 6-7 народи,па можам да замислам што ке испадне со 30 народи.ЕУ светска сила можеби кога Уганда ке почне да работи на владин проект за временска машина.
 
Светот се стреми кон тоа, сите тие земји што имаат независност од 1990 па навака се неизживеани земји, кај нив владее национализмот, тие нема да прифатат да се под Брисел, но тоа што го пишува во насловот не може да се постигне сега и за две години, Германија, Франција и другите веќе се една држава, сите допринесуваат во заеднички ЕУ буџет, немаат граници, нема кај нив зошто да не се под "Брисел", јас мислам дека за 20 години ЕУ ќе се промовира во држава, каде сите ќе имаат свој удел, свој пратеници во парламентот. Дали таа ќе се оствари така што ќе биде целосна држава или полу-држава ќе видиме, тоа зависи од балканот и колку сме спремни пак после Југославија да живееме заедно. Терет сме на ЕУ, и мора да не држи на грб.
 
Европската унија подготвила тајни планови за да се постави како светска сила, со овластување во име на земјите - членки да преговара и потпишува меѓународни договори.
Унијата, исто така, има намера да отвори 160 европски претставништва, односно амбасади, а веќе е познато дека првите би биле во Њујорк, Кабул и Адис Абеба, наведува денеска британскиот весник „Дејли телеграф“.
Весникот пренесува оценка на аналитичар дека станува збор за голем трансфер на овластувања, којшто би довел до тоа ЕУ се повеќе да наликува на држава.
Доколку плановите би биле усвоени, Брисел би можел да почне да потпишува разни меѓународни договори - во сферата на надворешната политика, одбраната или правосудството.
Оние кои ги предлагаат ваквите измени тврдат дека Европа на светската сцена мора да има обединет фронт.
Растот на Кина и на други земји ќе значи дека традиционалните сили од Западна Европа неминовно ќе го губат влијанието.
Поради тоа, на Европа и е потребна покохерентна надворешна политика, велат заговорниците на овој план, и тоа е сосема точно, меѓутоа, сепак, мораме да бидеме внимателни, констатира „Дејли телеграф“.

-----------------------------------------------------------------------
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114655

Мислам дека САД,Русија,Кина,Индија,и Јапонија никогаш нема да дозволат да се деси ова:toe:
Ни теоретски шанси нема:toe:
 
Значи што е подобро,диктатура од Брисел или од Скопје...хммм...
Tough choice...жими се...:vozbud:

Со втората се виде,со првата...ќе видиме...
 
Значи што е подобро,диктатура од Брисел или од Скопје...хммм...
Tough choice...жими се...:vozbud:

Со втората се виде,со првата...ќе видиме...

но ние директно влијаеме врз „диктатурата“ од Скопје ...
за Брисел можеме само да сонуваме да влијаеме на било каков начин ...
 
но ние директно влијаеме врз „диктатурата“ од Скопје ...
за Брисел можеме само да сонуваме да влијаеме на било каков начин ...

Зошто бе немој така,има европски парламент ќе бираме представници за таму ќе ги претставуваат нашите интереси :jaj:исто како што сега бираме за во нашиов парламент,па така и ние ќе влијаеме...

Или сум во заблуда?
 
ќе влијаеме колку што Титовите леви сили на Угриновски влијаат моментално у Македонија :pos2:
 
Не знам шо се филмате. Ние не сме членки на ЕУ и тешко дека ќе станеме. Што значи, нема да бидеме дел од таа држава. :)
 
Продолжување на империјализмот од Западната Римска Империја. :toe:
 
Колку успеа бивша ју со 6-7 народи,па можам да замислам што ке испадне со 30 народи.ЕУ светска сила можеби кога Уганда ке почне да работи на владин проект за временска машина.
потполно си во право:helou:
 
да Бобане но тогаш ќе се нема слобода како сега ..
не сме свесни колку сме слободни додека не ја изгубиме и таа слобода шо ја имаме ...
Војска од Брисел
Полиција од Брисел
Закони од Брисел

едно време беше тоа Белград за нас ...
дали го сакаме истото тоа?

се разбира како и со Белград така и со Брисел ние ќе бидеме безгласни во целото тоа ново уредување ... кое им одговара само на Западна европа (Германија, Франција) и Англија .. сите други ќе бидеме само територија но не и народ, една обична статистика :toe:

Глупости. Која слобода ја немаат сега Словенците, зошто се во ЕУ а не се од некоја голема држава? Дали за нив се изгуби националното? Секако, водата ќе си тече каде што течела. Така, Авсстријците и Германците се практично ист народ, ама тоа не е поради Унијата. Од што се плашиш? Ако си сигурен во Македонското во тебе - ништо нема да го убие тоа.
Народ, држава и нација играат нова улога, во таа ЕУ што се надевам дека ќе ја има еден ден. Народ од народи, нација од нации, голема држава која дозволува да се биде голема сила. Жан Моне и Шуман тоа го увидоа после војната, колку време им треба на празните македонски глави за да го увидат истото??

Мислам дека САД,Русија,Кина,Индија,и Јапонија никогаш нема да дозволат да се деси ова:toe:
Ни теоретски шанси нема:toe:

OMFG, ЕУ е создадена со „благослов“ на Америка (во тоа време и „помош“ од Велика Британија, иако после не-континенталците видоа дека и не е толку лошо да се биде дел од целото).
Кина? Русија? Индија? Јапонија?:))))
Ох, кутрите... Јапонија не е доволно силна самата по себе, Германија не беше... ЕУ е можноста на Европа да ја одново создаде империјата, врз остатоците од империите кои постоеле на времето.
 
Абе добро е цела европа да биде една држава со парламент кој ке го бира народот со председател и сето тоа ...арно ама државите и нациите во европа се најстари и нај фашистички...така да ако распадот на југославија донесе крвави војни ...
неможам да замислам какви ке бидат последиците доколку рикне унијата

Никогаш народите во европа нема да создадат заедничка држава како УСА затоа што тука се различни нации култури јазици измешани истории секој му го збира на некој.....
ако мисли некој дека германците и французите сега живеат заедно и многу се сакаат се лаже ......нивните врски опстојуват само заради економија :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom