W
wicked_1
Гостин
По состав англичаните имаат екипа да се дискутабилно во топ 5 на првенството. И сам ги наброја тие што идат пред нив, што и да е така не значи дека може да функционираат подобро. Разликата измеѓу Франција, Хрватска, Белгија и Германија со Англија е менаџментот.Англија има среден ред кој се состои од Лалана, Али, Руни и Даер. Ова е многу слаб среден ред, не е ниту топ 10 на првенството. Она што е најстрашно е што реално, тој е изборот, не може Хоџсон да измисли фудбалери. Тие се играчите. А од друга страна Англичаните мислат дека имаат силна екипа. Ниту еден од овие играчи не може да фати место во врвна екипа од рангот на Барса, Баерн или Реал. Спореди ги со средниот ред на Хрватска, Франција или Белгија и станува смешно.
Тезата дека играчите на Англија не ги бива и дека се оверхајпани воопшто не е погрешна. Ги гледаме на ТВ секоја недела и тоа ствара илузија дека се најдобри.
Ова не значи дека Хоџсон не е глупав лик, или дека Англија треба да отпадне од Исланд. Напротив, Хоџсон е магаре а Англија и со оваа просечна екипа мора да го помине Исланд, ама дека немаат екипа за големи успеси, немаат.
Цел состав на Англија игра по врвни екипи во европа, глупо е да се потсеќаме колкав избор имаат. И ако од тие 20 играчи магарето не знае 4 играчи да искомбинира за средина, никој друг не му е крив, а уште помалку за тоа се криви играчите.
Англија има и те како состав за големи успеси, ама заради глуп менаџмент немаат ниту конкурентна екипа.