Не гледам од каде доби инспирација да ме прашаш такво нешто, ама ајде кога сме овде ќе ти одговорам
Англија како репрезентација според мене немала никогаш посериозен успех, или барем немаше во овие 12-13 години од причина што немаат изградено стил на игра кој ќе ги карактеризира. Сите големи репрезентации имаат некои работи кои се белег на фудбалот во земјата и истиот се наметнува на ниво на репрезентација и на тој начин се градат успешни генерации, кога играчките услови ќе го дозволат тоа. Италија, Германија, Шпанија, па дури и оние надвор од Европа пред се Бразил имаат филозофија по која се водат во фудбалот. Некогаш успешна, некогаш не, ама тоа е битното да не се застрани од зацртаниот пат, од начинот на кој се интерпретира фудбалот. Успешните држави во фудбалот имаат изградено системи, кои се издигнуваат над тековните околности, односно не се од денеска за утре. Класичен пример за тоа на ова првенство е Италија, која што игра со потпросечни фудбалери кои ако не им тргне може од Германија или Шпанија и три голови да примат, сепак функционираат од проста причина што се дел од систем граден многу пред истите да добијат шанса да заиграат.
Англија нема ништо од горе набројаното, односно тие очекуваат збир од играчи да им донесе успех на првенствата. Не оди тоа така, репрезентациите се доста специфичен дел од фудбалот, многу различен од клупскиот фудбал. Потребна е филозофија, односно background при којшто на било кој селектор ќе му бидат познати условите на работа и негова задача ќе биде да го спроведе тоа во пракса. Јас искрено Англија освен во квалификациите за СП 2010 ако не се лажам беше кога ги истресоа хрватите како одмазда за испаѓањето на нивна сметка за ЕП 2008 никогаш ги немам видено да продуцираат квалитетен фудбал, со идеја, со замисла на теренот. Селекторот може да се каже дека има влијание овде, ама повеќе би се осврнал кон федерацијата како виновник, бидејќи сигурно самите се свесни дека Хоџсон не е способен да направи којзнае што, туку е таму бидејќи едноставно нема да ја отвори устата.
Едноставна разлика меѓу Италија и Англија на репрезентативно ниво може да се увиде после СП 2014. Италјаните испаѓаат од групите, селекторот си дава оставка веднаш после натпреварот. Англија отпадната уште после второто коло со два порази, никој не понесува одговорност.