ЕП 2016 - елиминациона фаза (1/8, 1/4, 1/2 и финале)

  • Креатор на темата Креатор на темата Uli Hoeneß
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е поголем експерт?

  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Никој како поединец не е крив, дури ни Рамос ни Де Геа. За така Хуанфран беше очај невиден, Бускетс дух, Иниеста исто. Чим секој еден играч потфрлил се знае кај кого лежи кривицата.
Затоа зборевме ја и уште пар луѓе дека треба освежување на тренерската позиција, Дел Боске уште во Бразил се виде дека е завршена приказна. Јас не видов некој да каже дека Шпанија има лош тим или лоши играчи... Напротив, они имаат да извадат две прејаки постави и да се надигруваат со било кого во било кое време. Ама бркот мораше да го земе Педро мртвиот, Адуриз, Фабрегас, а да не ги земе Саул, Коке, па и Белерин. Бруно го зема бе, БРУНО :tapp::tapp:
Да беа паметни ќе си го сменеа тренерот на време, новиот стратег сигурно ќе внесеше свежина во тимот и немаше да изгледаат вака летаргично веќе 2-3 години по ред. Ретки се примерите со долгогодишни тренери ко Ферги или Венгер на пример...

Земи ја Германија за пример, константно вршат подмладување на селекцијата и внесуваат свежа крв во тимот, затоа и се држат нон стоп на врвот.
 
Исто може да се каже и за Српската репрезентација, само што таму владее мислење дека младите играчи прерано излегуваат во странство и демек затоа не бидува ништо од нив...

Кај србите има фактор и тоа што сојузот им е криминално дувло, слично на ФФМ.
 
Затоа зборевме ја и уште пар луѓе дека треба освежување на тренерската позиција, Дел Боске уште во Бразил се виде дека е завршена приказна. Јас не видов некој да каже дека Шпанија има лош тим или лоши играчи... Напротив, они имаат да извадат две прејаки постави и да се надигруваат со било кого во било кое време. Ама бркот мораше да го земе Педро мртвиот, Адуриз, Фабрегас, а да не ги земе Саул, Коке, па и Белерин. Бруно го зема бе, БРУНО :tapp::tapp:
Да беа паметни ќе си го сменеа тренерот на време, новиот стратег сигурно ќе внесеше свежина во тимот и немаше да изгледаат вака летаргично веќе 2-3 години по ред. Ретки се примерите со долгогодишни тренери ко Ферги или Венгер на пример...

Земи ја Германија за пример, константно вршат подмладување на селекцијата и внесуваат свежа крв во тимот, затоа и се држат нон стоп на врвот.

Дел Боске се покажа дека е просечен тренер што не знае да се прилагоди на играчите и да состави екипа која доаѓа од најдоминатната и најквалитетната фудбалска лига во Европа и во ера на доминација на истите екипи од тоа првенство....за 2010 и 2012 не ми се дискутира бидејќи тогаш Силва,Фабрегас,Педро,Иниеста,Алонсо,Чави,Торес и Виља беа во најдобри и најзрели фудбалски години каде ровареа по теренот и со нивната одлична физичка подготвеност доаѓаше до израз техничката супериорност и беше многу полесно и поедноставно кога се води таков тим составен Барселона и Реал кој до ден денес се најдобри и најдоминатни екипи во Европа.

Де Боске ништо не направи за да го изгради тој состав туку тие играчи претходно беа афирмирани од други менаџери во нивните клубови и веќе беа докажани поединци што можеше секој тренер да ги искористи..Дел Боске се виде во последните 2 првенства колку е добар тренер кога располагаше со истрошен состав кој плачи за ремонт и не направи ништо покрај толку огромен избор///

Искрено се двоумам и не знам кој е поглуп и подебилен тренер..Дел Боске,Хоџсон или Дешамп...вакви нелогични и трагикомични потези нема ни легендарниот Доменех правено
 
Јас мислам дека ќе биде фер ако сите ние што го посетуваме подфорумот Фудбал се исклучиме и 24 часа да не постираме ништо за да му одадеме огромна почит на Џони Вајсмилер што погоди дека Франција ќе ја победи Ирска.
Мислам дека вакво достигнување е вредно за секаква почит.

:cuc:
 
Затоа зборевме ја и уште пар луѓе дека треба освежување на тренерската позиција, Дел Боске уште во Бразил се виде дека е завршена приказна. Јас не видов некој да каже дека Шпанија има лош тим или лоши играчи... Напротив, они имаат да извадат две прејаки постави и да се надигруваат со било кого во било кое време. Ама бркот мораше да го земе Педро мртвиот, Адуриз, Фабрегас, а да не ги земе Саул, Коке, па и Белерин. Бруно го зема бе, БРУНО :tapp::tapp:
Да беа паметни ќе си го сменеа тренерот на време, новиот стратег сигурно ќе внесеше свежина во тимот и немаше да изгледаат вака летаргично веќе 2-3 години по ред. Ретки се примерите со долгогодишни тренери ко Ферги или Венгер на пример...

Земи ја Германија за пример, константно вршат подмладување на селекцијата и внесуваат свежа крв во тимот, затоа и се држат нон стоп на врвот.

Пишав во другата тема. Проблемот е што самиот сакаше да проба уште еднаш. А зад себе имаше историја, која беше предобра за да биде фрлен како крпа од федерацијата. Пред две години можеше да се повлече како господин и ич око да не му трепне, ама тоа е што е.

Вака иако титулите се импресивни останува горчината на двете рани елиминации и пред се никаквата и безидејна игра, која тим како Шпанија не смее да си ја дозволи.
 
Секoгаш кога ќе се напише кој наместо кои умираат двајца професори по македонски јазик...
Океј е Стелт, м-р. за југо-западни дијалекти...[DOUBLEPOST=1467154369][/DOUBLEPOST]
Ok, ne se razbirame. Ligata vrska nema, pa taka i izborot na igraci e uzasen.
Na strana pompata sto se krena deka ke napraat cudesija.
Во "златните" години со Френк и Стиви што постигнаа Англичаните? Повторно ништо. До тренерот е, со онаков состав да не успееш да искомбинираш ништо, треба стварно да си идиот.
 
Англија со Џерард, Лампард, Сколс,Бекам, Овен итн не успеа ништо да направи.Нема никаква врска со лигата.Според многумина и кога беше најјака ПЛ и сега кога не е, Англија си беше иста, со исти никакви резултати.
@Uli Hoeneß Немој друже за Ширер не ми отварај уста,за да не земам да му ги вадам глупостите што ги има трескано. И вчера пак тресеше зелени.
 
Не сум пишал ништо јас за Ширер. Си помешал , Ченто го спомна :D
 
YU gi pobedi Anglichanite koi samo pred 2 godini bea svetski shampioni.Vo Italija 1968, polufinale kup na Evropski Nacii...

Ти искрено што мислиш за Англија и нивниот репрезентативен фудбал?
Не си ваљда ко другиве што да си заговараат како мали деца дека генот не им го бивало, немале пасија, визија, карактер и слични глупости?
Не гледам од каде доби инспирација да ме прашаш такво нешто, ама ајде кога сме овде ќе ти одговорам :D

Англија како репрезентација според мене немала никогаш посериозен успех, или барем немаше во овие 12-13 години од причина што немаат изградено стил на игра кој ќе ги карактеризира. Сите големи репрезентации имаат некои работи кои се белег на фудбалот во земјата и истиот се наметнува на ниво на репрезентација и на тој начин се градат успешни генерации, кога играчките услови ќе го дозволат тоа. Италија, Германија, Шпанија, па дури и оние надвор од Европа пред се Бразил имаат филозофија по која се водат во фудбалот. Некогаш успешна, некогаш не, ама тоа е битното да не се застрани од зацртаниот пат, од начинот на кој се интерпретира фудбалот. Успешните држави во фудбалот имаат изградено системи, кои се издигнуваат над тековните околности, односно не се од денеска за утре. Класичен пример за тоа на ова првенство е Италија, која што игра со потпросечни фудбалери кои ако не им тргне може од Германија или Шпанија и три голови да примат, сепак функционираат од проста причина што се дел од систем граден многу пред истите да добијат шанса да заиграат.

Англија нема ништо од горе набројаното, односно тие очекуваат збир од играчи да им донесе успех на првенствата. Не оди тоа така, репрезентациите се доста специфичен дел од фудбалот, многу различен од клупскиот фудбал. Потребна е филозофија, односно background при којшто на било кој селектор ќе му бидат познати условите на работа и негова задача ќе биде да го спроведе тоа во пракса. Јас искрено Англија освен во квалификациите за СП 2010 ако не се лажам беше кога ги истресоа хрватите како одмазда за испаѓањето на нивна сметка за ЕП 2008 никогаш ги немам видено да продуцираат квалитетен фудбал, со идеја, со замисла на теренот. Селекторот може да се каже дека има влијание овде, ама повеќе би се осврнал кон федерацијата како виновник, бидејќи сигурно самите се свесни дека Хоџсон не е способен да направи којзнае што, туку е таму бидејќи едноставно нема да ја отвори устата.

Едноставна разлика меѓу Италија и Англија на репрезентативно ниво може да се увиде после СП 2014. Италјаните испаѓаат од групите, селекторот си дава оставка веднаш после натпреварот. Англија отпадната уште после второто коло со два порази, никој не понесува одговорност.
 
Скрати ја, очигледно е дека си патат од федерацијата највеќе и тоа се виде кога ги водеше Капело. За Хоџсон неспорно е дека е масивно глупав лик кој треба да го заборават.
Веќе подолго време им треба менаџер кој ќе воспостави систем, само не сум сигурен колку ќе има било кој слобода за такво нешто.

Проблемот е кога ги подржувате екстремно глупите тези на игорче, Ченто и Џони за тоа како играчите не ги бивало, биле преценети, хајпани, напумпани, немале квалитети и слично.

Тотално без компас натрупани репетитивни глупости, умор непотребен е да се дискутираат.
 
Англија има среден ред кој се состои од Лалана, Али, Руни и Даер. Ова е многу слаб среден ред, не е ниту топ 10 на првенството. Она што е најстрашно е што реално, тој е изборот, не може Хоџсон да измисли фудбалери. Тие се играчите. А од друга страна Англичаните мислат дека имаат силна екипа. Ниту еден од овие играчи не може да фати место во врвна екипа од рангот на Барса, Баерн или Реал. Спореди ги со средниот ред на Хрватска, Франција или Белгија и станува смешно.
Тезата дека играчите на Англија не ги бива и дека се оверхајпани воопшто не е погрешна. Ги гледаме на ТВ секоја недела и тоа ствара илузија дека се најдобри.

Ова не значи дека Хоџсон не е глупав лик, или дека Англија треба да отпадне од Исланд. Напротив, Хоџсон е магаре а Англија и со оваа просечна екипа мора да го помине Исланд, ама дека немаат екипа за големи успеси, немаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom