ЕП 2016 - елиминациона фаза (1/8, 1/4, 1/2 и финале)

  • Креатор на темата Креатор на темата Uli Hoeneß
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е поголем експерт?

  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Англија има среден ред кој се состои од Лалана, Али, Руни и Даер. Ова е многу слаб среден ред, не е ниту топ 10 на првенството. Она што е најстрашно е што реално, тој е изборот, не може Хоџсон да измисли фудбалери. Тие се играчите. А од друга страна Англичаните мислат дека имаат силна екипа. Ниту еден од овие играчи не може да фати место во врвна екипа од рангот на Барса, Баерн или Реал. Спореди ги со средниот ред на Хрватска, Франција или Белгија и станува смешно.
Тезата дека играчите на Англија не ги бива и дека се оверхајпани воопшто не е погрешна. Ги гледаме на ТВ секоја недела и тоа ствара илузија дека се најдобри.

Ова не значи дека Хоџсон не е глупав лик, или дека Англија треба да отпадне од Исланд. Напротив, Хоџсон е магаре а Англија и со оваа просечна екипа мора да го помине Исланд, ама дека немаат екипа за големи успеси, немаат.
По состав англичаните имаат екипа да се дискутабилно во топ 5 на првенството. И сам ги наброја тие што идат пред нив, што и да е така не значи дека може да функционираат подобро. Разликата измеѓу Франција, Хрватска, Белгија и Германија со Англија е менаџментот.

Цел состав на Англија игра по врвни екипи во европа, глупо е да се потсеќаме колкав избор имаат. И ако од тие 20 играчи магарето не знае 4 играчи да искомбинира за средина, никој друг не му е крив, а уште помалку за тоа се криви играчите.

Англија има и те како состав за големи успеси, ама заради глуп менаџмент немаат ниту конкурентна екипа.
 
Цел состав на Англија игра по врвни екипи во европа, глупо е да се потсеќаме колкав избор имаат.

Ич не е глупо, ајде да се потсетиме. Кои се играчите на Англија кои играат во врвни клубови, кои се тие клубови и колку се врвни? Петмина од првата постава на Англија играат во Тотенхем, клуб кој не постои на мапата на европскиот фудбал. Двајца се од Манчестер Јунајтед, врвен клуб со големо минато, но моментно не може да фати ЛШ. Двајца се од Сити, вештачки клуб кој кога игра со Браса дома му даваат коефициент 1.6 на Барса. Кејхил игра во Челзи кои заврши некаде околу 10 место во Англија. Лалана е од Ливерпул кој исто сонува за ЛШ.

Кои се врвните клубови?
 
:pos:

Куртоа игра у Челси непостоечкиот, Алдервилд и Вертонген во слично непостоечки Тотенхем, Вермален не постои никаде.

Де брун игра у вештачкиот Сити со горе тоа за барса муабетот, Хазард у непостоечки Челси на 10то место, Фелаини да не збориме, Витсел горе у сибир некаде, Дембеле у непостоечки Тотенхем.

Лукаку во најнепостоечки Евертон , Бентеке и Ориги во четврторазреден клуб наречен Пул.

Како овие имаат конкурентна екипа?:confused: (После идеме за ростерот на Полска)
 
:pos:

Куртоа игра у Челси непостоечкиот, Алдервилд и Вертонген во слично непостоечки Тотенхем, Вермален не постои никаде.

Де брун игра у вештачкиот Сити со горе тоа за барса муабетот, Хазард у непостоечки Челси на 10то место, Фелаини да не збориме, Витсел горе у сибир некаде, Дембеле у непостоечки Тотенхем.

Лукаку во најнепостоечки Евертон , Бентеке и Ориги во четврторазреден клуб наречен Пул.

Како овие имаат конкурентна екипа?:confused:

За Англија праваевме муабет, или за Белгија? Ако сакаш така, да пробаме со идејата да ги продаваме играчите на Англија и Белгија. На пример, се продава Азар и се продава Лалана. Кој има повеќе шанси да заврши во Реал? Се продава Куртоа и се продава Хаарт. Пак Реал? Можеме вака во недоглед, ама лошо ќе заврши.

Не ми кажа кои се врвните клубови во кои играат Англичаните?
 
....
Не ми кажа кои се врвните клубови во кои играат Англичаните?
Ако ти не ги поимаш Челси, Сити, Арсенал и Јунајтед за врвни фудбалски клубови со раководство и менаџмент на врвно ниво во фудбалот, тоа е твоја работа. Ми стои дека џабе ќе праиме муабет.

Од таму испаѓа губење на време да те убедувам дека Англија има играчи за да биде конкурентна/врвна екипа.
 
Tака де, тезата е дека англискиот фудбал е оверхајпнат во целина. Во него се истураат пари, и пак нема резултати. Кога такви пари се истураа во Италија, италијанските клубови беа доминантни во Европа. Милан на една Барса и даваше по четири голови. Парма, клуб кој дојде од нигде никаде доминираше во куп УЕФА. Да не зборуваме за Јувентус.

Англискиот фудбал е една голема шарена пропаганда.
 
Сега таму им треба една шарена револуција...
 
Скрати ја, очигледно е дека си патат од федерацијата највеќе и тоа се виде кога ги водеше Капело. За Хоџсон неспорно е дека е масивно глупав лик кој треба да го заборават.
Веќе подолго време им треба менаџер кој ќе воспостави систем, само не сум сигурен колку ќе има било кој слобода за такво нешто.

Проблемот е кога ги подржувате екстремно глупите тези на игорче, Ченто и Џони за тоа како играчите не ги бивало, биле преценети, хајпани, напумпани, немале квалитети и слично.

Тотално без компас натрупани репетитивни глупости, умор непотребен е да се дискутираат.
Да кажеш дека Бекам, Џерард, Лампард, Фердинанд, Тери и цела таа репрезентација 2002,2004,2006 дека нема квалитет е апсолутна глупост. По тој ростер се гледа дека има нешто друго во позадина.

Сепак гледајќи го денешниот состав, има основа да се каже дека не е ништо посебно. Руни не може да се движи по теренот, одбраната е нула, Кејн еве ништо не покажа. Играчите на кои се крстат фановите на Англија како Милнер и Лалана смешно изгледаат од страна. Ама сепак ако ги спордиме со Италија (која сепак има дел од теренот каде што играат одлични играчи , а тоа е одбраната) и која со тактика успева да прави нешто на првенството, сепак се добива впечаток дека не е се до составот.

И така може да се вртиме постојано во круг. Англија нема којзнае што состав, ама и со тој којшто располага пак треба да игра многу подобро, да не се бламира со испаѓање од групи и од вакви репрезентации како Исланд.
 
Ако ти не ги поимаш Челси, Сити, Арсенал и Јунајтед за врвни фудбалски клубови со раководство и менаџмент на врвно ниво во фудбалот, тоа е твоја работа. Ми стои дека џабе ќе праиме муабет.

Од таму испаѓа губење на време да те убедувам дека Англија има играчи за да биде конкурентна/врвна екипа.
Човекот ти збори за Англиски фудбалери не за Белгија. Кои се тие Англиски фудбалери за кои збориш дека Хоџсон има избор? Да можеше странци да вика тогаш точно ќе имаше избор. Вака не. А и Белгија кој ја спомна и играчите ништо посебно не покажа на првенствово. Единствена сериозна репрезентција против која играа беше Италија и видовме што им се деси. А баш истите тие играчи се оверхајпнати и прецените баш дека играат по клубови како Челзи, Сити и остали.
 
ингланд ингланд фак ју ингланд
 
13557794_1027279764029907_5070444563780971726_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom