Дома имам планина од лименки од енергетски.
-Redbull дефинитивно не е тоа шо го рекламираат.Не знам поради која причина е најскап,ама дефинитвно не дава енергија.Барем мене не ми се случило да осетам energuboost после два Редбула,значи-не чини.
-XL е добар.Дефинитивно има најубав вкус од сите,и може да осетиш подобрување во концентрација и намалување на заморот,иако мислам дека улога во тоа игра и самосугестијата.
-Guarana е дефинитивно на прво место за мене.Можеби вкусот не е нешто особено(има некоја арома на картон,не знам како да објаснам),ама без сомнение подига од место.Се чувствува во стомакот на почеток,а подоцна оди нагоре.Се осеќаш како секоја клетка во телото да ти станала активна.Исто ми се допаѓа и тоа што е базирана на екстракт од овошје со слични особености(guarana).
-Energy е италијански енергетски пијалок.Нема добар вкус,споредено со останатите,но иако неочекувано,дава енергија.Сепак,кратко трае,најчесто пола саат.Со оглед на цената,оправдано е,бидејќи е најефтин во споредба со останативе.
Она што сакам да го пробам е Cocaine.Според коментарите на скоро сите корисници,е трипати појак од сите останати енергетски пијалоци кои досега ги конзумирале.Cocaine,без разлика на името,не ја содржи дрогата,туку големи количини на таурин и кофеин,барем така кажуваат неговите производители.Моментално е забранет за продажба,бидејќи го рекламираа како легална алтернатива за кокаин,и можат да се најдат само уште неколку лименки на интернет.