Него гледам низ целата мапа има доста книги, имаат некој позначајна функција? Треба да се собираат или нема потреба? И втора работа што да задржувам во мене а што да фрлам, зашто многу брзо го полнам просторот и не може да се движам после
Читај ги книгите, многу се интересни, додават на убавината на играта. Ова е игра која се игра 6 месеци, година дена, ти седи на компјутер и ја играш полека, уживаш во неа. А не, што ќе ми се книгите. Во реален живот што ќе ти се книгите? Инаку имаат функција бидејќи има книги со нови магии на нив, како и книги кои подобруваат одреден crafting или fighting skill.
Гледај по тежина и вредност, ако нешто има мала вредност а голема тежина , фрлај го. Исто така, немој да собираш се и сешто по инстанците, на пример нема потреба да собираш мачеви од сите луѓе што ќе ги убиеш, ако има злато или нешто вредно земи, ако не не се трупај. Друга опција ти е да инвестираш во стамина, ако играш со warrior . Тоа зголемува колку можеш да носиш. Секогаш задржувај руда за крафтање, soul gems, скапоцени метали, дијаманти и слично, lockpicks, како и вредни предмети. Бидејќи имаш fast travel до одредени градови, оди таму испразни се па продолжи со играње.