Објективно,овоа беше еден од најизрамнетите натпревари последниве години меѓу овие два тима.Според шансите речиси егал,разликата е во тоа што Реал не ги реализира своите,додека пак Ибрахимовиќ го реализира својот прв обид на мечот,кој е клучен.Прво полувреме Реал беа подобри,контролата на топката ја имаа речиси во текот на цел дел,а второ во поголем дел Барса доминираше.
Освен ако Роналдо не беше доволно подготвен за настап на цел меч,мислам дека Пелегрини немаше некоја друга објективна причина да го извади од игра.После и згреши со Раул,само го згусна нападот,а немаше никаква соработка меѓу напаѓачите,само си сметаа еден со друг.
Друга слаба алка кај Реал беше и Марсело,изгубен во просторот,направи еден милион грешки,главна задача му беше заедно со Арбелоа да го сопрат Меси,ама веќе кога овој се префрли на другата страна,требаше Пелегрини да го извади од игра.
Инаку евидентно е и дека,за разлика од напаѓачи,кои ги има еден куп,
Реал има многу малку поквалитетни крилни играчи,па не е ни чудо ако земат некој таков во следниот преоден рок.
За мене,овоа беше убав меч,можеби не со многу шанси,ама сепак тензичен,фин натпревар.Особено воодушевување ми приредија Меси и Инисета,со одличните потези,држењето на топката,разигрувањето на соиграчите.Верувам дека на секој вљубеник во фудбалот тоа му се допаднало,без разлика на крајниот исход од натпреварот.