EKV (Екатарина Велика)

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.811
Поени од реакции
7.119

Јас бев, монодрамата беше играна од Лидија Николич, другарката на Маги и беше прекрасно. Морници ме лазеа за време на цитатот од Меша, за подрумот и музиката што одеше. После тоа и пријдов, со мојот есперанто балкански само да се поздравам, морав. Мислам дека спомнаа дека ќе дојде од септември повторно, па имаш можност да се искупиш ( не го сфаќај ова иронично или нешто, немам никаква намера да звучам така, ниту сакам ). :) Препорачливо за сите.

ги сакам премногу Екв, ги слушам веќе две години, музиката.. текстот... неверојатни се, апстрактни се..


Денеска сум инспириран од Ками, па некако тоа ми повлијајува да го напишам мислењево сега што ќе го напишам, поврзано со апстракно - конкретно паралелата. ( Немам намера да контрирам, ниту да негирам, туку давам став на еден од ликовите кај Камиевата ,, Чума '', да не се разбереме погрешно ). Настанува чума во градот Оран и е затворен за влегување / излегување градот. Разговараат лекарот Рие и новинарот Рамбер ( инаку, доселеник од друг град ). Во дискусијата, новинарот му ја објаснува сопствената ситуација, дека има девојка во Париз ( мислам дека Париз беше ) што ја сака, дека има град што го сака, не е ова негова битка, ниту град и го распрашува дали може да го напушти Оран, дали би можел докторот да му запише оправдување со кое би му било дозволено тоа. Докторот му ја објаснува ситуацијата, дека ја разбира неговата потреба да си отиде, но законски тоа не е возможно. Е сега ( тоа што е важно и поради кое го пишувам коментарот ), новинарот му кажува, цитирам ,, Вие зборувате со јазикот на разумот. Апстрактно. '' Што, нели значи дека законите и немаат милост за каква и ситуација да е тоа, додека јазикот на љубовта е конкретен, затоа што се обидува да ги заобиколи понекогаш тие втемелени закони, со цел да стигне до доброто, убавото. И, ако јазикот на разумот е апстрактен, а текстовите на Екв говорат за една убавина, добрина и работи кои што може да ги каже човек со големо Ч само, тогаш не ли би било подобро да се каже конкретни? Затоа, што во нивната форма се можеби апстрактни, но се сосема конкретни во нивната добрина и убавина но и на тоа што не учат ( а најдобар начин да се учи, е љубовта ) да пронајдеме патот до тоа добро, а не само да го прифатиме крајниот цел, во однос на јазикот на непроменливото што не разликува ситуации и се обидува да ја оттуѓи целта ( доброто како скаменета категорија ). Дали апстрактното/оттуѓувачкото од човечкото нема разбирање за доброто?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Случајно на фб налетав на една група за ЕКВ и дојдов до следново, нешто што Маги го напишала неколку дена пред да почине. Ќе го споделам на српски се надевам нема да имате проблем да го разберете.

''Tu sam
Sve slabija,starija,u sebi, spolja
Sve punija oziljaka,rana
Sve punija pukotina,mana
Iz kojih cedim reci
Nema ih na rodjenju,nema ih na smrti
Bez reci,zaboravila sam da treba
Samo treba umreti
Umiranje traje,nemarno,lakomisleno
Do sutra
Od sutra sve cu promeniti
Umiracu pazljivo,mudro,ne gubeci vreme.
We die one after the other
Over and over
We die
One after the other
A ja nisam htela nista drugo nego da pokusam da prozivim,pokusam preziveti ono sto je samo od sebe htelo da izbije iz mene.Zasto je to bilo tako tesko?
Ponekad noc
Ponekad rec
Ponekad zvuk ili pesma
Nesto uvek izbije
Ali uvek bol
Jedan Verlenov redak kojeg se vise necu setiti
Jedna obliznja ulica koja je zabranjena za moje korake
Jedno ogledalo koje me je videlo poslednji put
Jedna vrata koja sam zatvorio do kraja sveta.
Medju knjigama u mojoj biblioteci postoji neka koju nikada necu otvoriti.
Smrt me polako,bez prestanka nagriza.''
Magi
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.811
Поени од реакции
7.119
http://www.youtube.com/watch?v=m1IkTwlwFHU&feature=related

Oбично не сакам да оставам коментари во кој стои само линк, но мислам дека ЕКВ се исклучок сами по себе, па и јас губам зборови за настапов нивни.

Bio sam na ovom koncertu. Zamislite kakvo je to vreme bilo (i zemlja) kad si na obicnoj brucosijadi slusao EKV, Haustor, Oktobar 1864, Fit, mladjanog Ramba itd. do svitanja. Nezaboravno i danasnjim klincima nezamislivo. Po stanju duha bili smo u ravni sa Londonom, NY i kime god... ( не сум бил јас на концертот, коментар од јутуб).
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
http://www.youtube.com/watch?v=m1IkTwlwFHU&feature=related

Oбично не сакам да оставам коментари во кој стои само линк, но мислам дека ЕКВ се исклучок сами по себе, па и јас губам зборови за настапов нивни.

Bio sam na ovom koncertu. Zamislite kakvo je to vreme bilo (i zemlja) kad si na obicnoj brucosijadi slusao EKV, Haustor, Oktobar 1864, Fit, mladjanog Ramba itd. do svitanja. Nezaboravno i danasnjim klincima nezamislivo. Po stanju duha bili smo u ravni sa Londonom, NY i kime god... ( не сум бил јас на концертот, коментар од јутуб).
Овде е малку прекасно и тој "Нов Вал" веќе го губи сензибилитетот и веќе почнува да врие национализмот по малку низ Белград и општо Југославија.
По мое периодот од 1980-85 бил еден од најдобрите за живеење за да го почуствуваш духот на тоа време.
За жал многу малку го фатив тоа време, ама навистина тогаш имаше некакво друго поимање музиката за разлика од сега, барем јас така ја чуствував.
Ти кажал некој дека пример излегол најновиот албум на Мелвинс, па имаше неколку ликови од Нови Сад и Белград на кои им праќаш празна касета Басф или ТДК во плико по пошта со одредена сума во нив за да ти го преснимат најновиот албум од причина што го нема кај да го купиш и да имаш пари, а ваму се нема и не јадиш на училиште за да купиш празна касета.
Па по 2-3 недели добиваш ливче од пошта за да појдеш и подигнеш пакетот ако имаш среќа да пристигне, моментот кога одиш во пошта за да си ја земеш касетата не се опишува, со трчање одиш дома на двокасеташот со по 10 вати звучници и не излегуваш два дена од дома дури не се излиже лентата од слушање.
Па се договараш со другарите тој да го земе од Експлоитед, за да си ги преснимите.
Сега се е на дофат и нема некој жар во слушање музика.
Постов дојде како од Анчо ама ме потсети концертов на едни поинакви времиња.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.811
Поени од реакции
7.119
Овде е малку прекасно и тој "Нов Вал" веќе го губи сензибилитетот и веќе почнува да врие национализмот по малку низ Белград и општо Југославија.
По мое периодот од 1980-85 бил еден од најдобрите за живеење за да го почуствуваш духот на тоа време.
За жал многу малку го фатив тоа време, ама навистина тогаш имаше некакво друго поимање музиката за разлика од сега, барем јас така ја чуствував.
Ти кажал некој дека пример излегол најновиот албум на Мелвинс, па имаше неколку ликови од Нови Сад и Белград на кои им праќаш празна касета Басф или ТДК во плико по пошта со одредена сума во нив за да ти го преснимат најновиот албум од причина што го нема кај да го купиш и да имаш пари, а ваму се нема и не јадиш на училиште за да купиш празна касета.
Па по 2-3 недели добиваш ливче од пошта за да појдеш и подигнеш пакетот ако имаш среќа да пристигне, моментот кога одиш во пошта за да си ја земеш касетата не се опишува, со трчање одиш дома на двокасеташот со по 10 вати звучници и не излегуваш два дена од дома дури не се излиже лентата од слушање.
Па се договараш со другарите тој да го земе од Експлоитед, за да си ги преснимите.
Сега се е на дофат и нема некој жар во слушање музика.
Постов дојде како од Анчо ама ме потсети концертов на едни поинакви времиња.

Јас сум од поновите генерации ( роден 1991 )и многу од тие нешта не ги имам доживеано, сепак имам постар брат од мене што купувал касети, копирал касети, симињал на дајл ап со часови еден албум, а и купувал цедеа. Па, јас доста од тоа наследив ( мислам, како можност да ги слушам, си ги задржа секако оригиналните цедеа, но имам пристап до нив во било кое време и слично, во тоа спаѓа меѓу другото и худини од мелвинс на оригинал :) ), ама лично ја немам доживеано таа пасија ( во тој облик ) кон музиката. Но, во почеток кога слушав касети немав толку многу, па и мене ми се случуваше долго да слушам една, цело време на повторување. Поврзано со тој нови вал, или поконкретно за ЕКВ на пример јас, може затоа што ги слушам од дистанца, не од времето кога создавале туку многу подоцна, јас иако секако дека ги имам поделено на нивните периоди, но сите ми се драги. Секако, и последните албуми. Може затоа што сум го доживеал токму од дистанца, а не сум бил ни пасивен учествувач. Поновите генерации патат од тоа што се им е на допир ( меѓу нив сум и јас, СЕКАКО! ), секоја доба, секоја година ни е само еден чекор од нас. Можеме да бидеме се, а пак ние во тоа да не сме. Мислам дека ни фали интегритет, не разбираме дека ние не можеме да исклучиме се, туку влијанијата се надополнување. Некако, чувствувам ( а можеби и грешам ) дека тоа е причината зашто многу луѓе се репродуктивни, а не продуктивни овој период, можеби ради тоа што од толку влијанија тешко е да се исдеференцира сопственото, толку многу информации одеднаш дојдени можат лошо да влијаат. Секако, можеби и грешам а и секогаш времето е прекратко за да се зборува на оваа тема и не знам колку е долично на форум да се дискутира.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ај да не постирам текстови зашто ќе ми нема крај, вака најубаво. Секој фан на ЕКВ нека си ја лајкне групава на фб и нека си чита, итервјуа, текстови, цитати. Дечките кои се админи фантастично си ја вршат работата
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
18-ти Септември 2002 - 18-ти Септември 2012 се навршуваат 10 год од смртта на Маргита Маги Стефановиќ.
Што рекоа блиските личности за неа

Po mom misljenju Milan ju je najbolje opisao:
''Magi. Magi je jedna jako hrabra osoba, koja je jako mnogo uticala i na mene i na sve ovo što mi radimo. Znači, njen doprinos je ogroman. Ona je stvarno hrabro izgurala sve ove godine .. Ona ostaje tu i nastavlja zajedno sa mnom, pošto su
otišli razni bubnjari, razni basisti su pukli, nisu mogli da izdrže više. Radi se o jednoj zagriženosti, to jest, ne znam, jednom stoicizmu koji postoji u svemu tome. Vrlo je teško baviti se ovim što mi radimo.''
Milan

"Gledala je tamnom dubinom i osmehom koji nikad nije nagovestavao srecu."
Svetozar Cvetkovic

"I ako su postojali ljudi koji je nisu voleli, to je sigurno bio mali broj ljudi. Sigurno su bili ljubomorni na njenu lepotu, na njene visestruke talente, na nacin izrazavanja i na njenu inteligenciju. Naravno da je mogla nadmasiti svakoga, zato sto su njene reci imale tezinu, ona je bila svesna toga i nije zelela da se istice i s' druge strane, ovo sto je navedeno ovde:" Samo osobe bez vrednosti mogu biti neskromne i prepotentne, a oni koji imaju pravih kvaliteta nikada ih ne nameću. Skromnost je vrlina.."
Lidija Nikolic

"Najlepsa devojka u gradu, najtalentovanija pijanistkinja i arhitekta."
Dubravka Markovic

"Magicnim tonovima klavijatura artikulisala je energiju benda stvarajuci eklekticki spoj neznosti i besa, ocaja i euforije, erosa i tanatosa. Nekako uvek u senci, sa kosom pustenom preko lica, Magi je plenila i ocaravala izrastajuci u jednu od kljucnih figura rock scene 80-ih."
Uros Djokic

A Magi o sebi kaze:
"U mom normalnom stabilnom zivotu najnestabilniji deo sam upravo ja. I to ne zbog kakve psihicke ili ne znam kakve nestabilnosti vec zbog stalno trazenja u svim mogucim oblastima umetnosti i zivota."

Вечна слава
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.633
Поени од реакции
1.206
Niko neće poznati bolji trenutak, niko neće biti siguran kao on niti sastaviti krajeve, iscepane poruke. Niko neće biti na putu i praviti put. Niko neće zabraniti sve one zamke podlosti i da dodir zavisti i bolesti bude kraj. Niko se neće osvrnuti mirno na godine prošle. Niko neće tako pričati o sebi, pričati šta misli, pričati o ljubavi. On nije tu da opet čita naše misl i neće doći na jesen kada opada lišće, neće doći u zimu kada je sneg. Nije imao razlog, nije imao kada da ostane kraj nas. Dečak iz vode je uvek isti, uvek on, čovek stalnih navika. Niko kao on! Dobro se sakrio u noći bez meseca, sa dahom u ušima i srcem u petama. Ne možemo ga pronaći, ne možemo ga dotaći, ne možemo ga doseći. Možemo samo pokušati da vratimo unatrag godine prošle. I svaki put kad krenem u neki novi opasan grad, nailazim na njega, to je on, to je on, to je on. On koji misli nogama, koji misli rukama i traži ušima i čeka grudima.I’ll always love him. U zemlji je video svoj spas. A sad dok senke prave pokrov za njega čuje vrati se, čuje ostani. Znam da zna sve o nevažnim stvarima i da vreme nam prolazi brzo i da su i dani i noći slonovi na indijskom crtežu. Ovaj put dok tražim i zovem neću pustiti da voda nosi u zaborav njega koji je mislio na korak koji je najteži kada je najlakši. Pridji bliže i pogledaj kuda vode ovi tragovi... Vode u sobu gde umire dan, gde je on rodjen sam, sasvim sam. Tu je on prošao prve dane čudjenja, prve dane gledanja, a sada nije tu, ni tamo ni tu... Neko nas posmatra, neko nas stalno gleda - to je on, on kao mašina svemu tamni sjaj, ljudima je stran... On kaže ne, ne je sve što kaže on i ostaje sam u ovom gradu strahom zatrpan, a dobro zna svaku reč, svaki znak. On je oduvek bio u pravu. Kad kaže on: Život je surov, svako piše svoja pravila. I kad kaže: Zemlja nam je prestala da radja, ptice su nam pobegle na jug. Ovde je hladno, ovde je zima, ovde je mrak. Ovde ga trebamo. Ovde ga čekamo. Ali treba da shvatimo da svako ima svoj put, a njegov je iznad grada. Ovaj krug je smislio, ovaj krug je stvorio. Niko više neće da promeni svet do kraja pesme. Gledam tamnu vodu jezera, pesak na dnu, mislim da znam da je ostalo još samo par godina za nas. Da li znam šta treba da znam?On ja kao nada, kao more,kao govor, kao pokret, kao zora, kao dete, kao krv i ako je negde stigao bilo je iznutra... u sebe, u sebe, u sebe i nikako spolja! Tu je početak, tu je i kraj. Njega nema. Nikada nije bio. Nije bio stvaran. Trebao mu je svet otvoren za poglede, otvoren za trčanje. U prolazu ga je dotakao miris noći i rekao mu probudi se, pokreni se. Kao da je bilo nekad i kao da je bilo tu kada je rekao: Odmori me, zatvori me, zamotaj me, umotaj me, poklopi me, odloži me, udahni me, izdahni me. Uvek je želeo da oseti kristalna sećanja, Sarajevo od blata i snega. Bio je potpuno svestan da prolazi vreme kao padanje peska, kao mreškanje vode i da je to stvaran svet oko njega. I samo je čekao da prodje taj stvaran svet u praznoj sobi i reči dosade i reči porozne. Da li još uvek negde postoji znak gde je on išao licem ka vetru, sa vetrom uz lice? Ko zna. Pobegli su svi u grad, to je ono što se zove aut. A on nas je naučio kako da uredimo vrt, mi moramo da imamo sopstveni vrt, i kako da pobegnemo u sebe. On oseća se dobro jer je radostan dan i Crnci pevaju aleluja i ptice pevaju aleluja! Mi volimo njegov Weltschmertz i to što je rodjen tačno u čas da vidi da treba da se radi u fabrikama, da treba da se hoda ulicama, da treba da se čisti! On zna da dolazi jesen. Da je gore u nama bujica reči, a dole u nama jesenji strah. Možda ćeš verovati, možda ćeš shvatiti, možda nećeš sumnjati, pokušaj ga videti!

Milan Mladenovic (21. 9. 1958. - 5. 11. 1994.)

Decak iz vode je roden na danasnji dan. Hvala ti sto postojis jos uvijek.
Ekatarina Velika - Milan Najveci!
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Интересно видео, се присетив додека слушав една песна од ЕКВ дека некогаш сум го гледал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom