ЈуријАркадиевич
Модератор
- Член од
- 10 мај 2010
- Мислења
- 1.814
- Поени од реакции
- 7.124
http://karmakasha.mk/kultura/scena/item/5537-monodramata-za-magi-od-ekv-pred-skopskata-publika
Mnogu mi e krivo shto nemozev da pojdam poradi maturata. Beshe nekoj?
Јас бев, монодрамата беше играна од Лидија Николич, другарката на Маги и беше прекрасно. Морници ме лазеа за време на цитатот од Меша, за подрумот и музиката што одеше. После тоа и пријдов, со мојот есперанто балкански само да се поздравам, морав. Мислам дека спомнаа дека ќе дојде од септември повторно, па имаш можност да се искупиш ( не го сфаќај ова иронично или нешто, немам никаква намера да звучам така, ниту сакам ). Препорачливо за сите.
ги сакам премногу Екв, ги слушам веќе две години, музиката.. текстот... неверојатни се, апстрактни се..
Денеска сум инспириран од Ками, па некако тоа ми повлијајува да го напишам мислењево сега што ќе го напишам, поврзано со апстракно - конкретно паралелата. ( Немам намера да контрирам, ниту да негирам, туку давам став на еден од ликовите кај Камиевата ,, Чума '', да не се разбереме погрешно ). Настанува чума во градот Оран и е затворен за влегување / излегување градот. Разговараат лекарот Рие и новинарот Рамбер ( инаку, доселеник од друг град ). Во дискусијата, новинарот му ја објаснува сопствената ситуација, дека има девојка во Париз ( мислам дека Париз беше ) што ја сака, дека има град што го сака, не е ова негова битка, ниту град и го распрашува дали може да го напушти Оран, дали би можел докторот да му запише оправдување со кое би му било дозволено тоа. Докторот му ја објаснува ситуацијата, дека ја разбира неговата потреба да си отиде, но законски тоа не е возможно. Е сега ( тоа што е важно и поради кое го пишувам коментарот ), новинарот му кажува, цитирам ,, Вие зборувате со јазикот на разумот. Апстрактно. '' Што, нели значи дека законите и немаат милост за каква и ситуација да е тоа, додека јазикот на љубовта е конкретен, затоа што се обидува да ги заобиколи понекогаш тие втемелени закони, со цел да стигне до доброто, убавото. И, ако јазикот на разумот е апстрактен, а текстовите на Екв говорат за една убавина, добрина и работи кои што може да ги каже човек со големо Ч само, тогаш не ли би било подобро да се каже конкретни? Затоа, што во нивната форма се можеби апстрактни, но се сосема конкретни во нивната добрина и убавина но и на тоа што не учат ( а најдобар начин да се учи, е љубовта ) да пронајдеме патот до тоа добро, а не само да го прифатиме крајниот цел, во однос на јазикот на непроменливото што не разликува ситуации и се обидува да ја оттуѓи целта ( доброто како скаменета категорија ). Дали апстрактното/оттуѓувачкото од човечкото нема разбирање за доброто?