Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
При упис најпрво електронски ги вметнав сметководство и ревизија, а каки втор финансиски менаџмент. Кога ќе одам на упис со документите, еден или два комплети треба да носам? Фала ви однапред.
Еден само. :)

Јас лани сите 7 си ги наредив кога аплицирав електронски. :D
 
Еден само. :)

Јас лани сите 7 си ги наредив кога аплицирав електронски. :D
Инаку свидетелствата треба да бидат заверени или не? Исто така, кои други документи треба да ги носам освен свидетелствата, матурата, извод(мора да биде нов?) и државјанство. Фала однапред :D
 
Инаку свидетелствата треба да бидат заверени или не? Исто така, кои други документи треба да ги носам освен свидетелствата, матурата, извод(мора да биде нов?) и државјанство. Фала однапред :D
Е тука не се сеќавам најискрено. Што и да ти кажам може да те излажам. :) Мада за изводот мислам оти немора нов, а за свидетелствата мислам дека исто нема потреба од заверување оти нели се оригинални, освен ако не одиш во дом, па правиш копии и ги заверуваш. Ама заеби почекај некој друг да ти одговори. :D
 
Свидетелствата треба да ти бидат заверени единствено ако носиш копии од истите.
 
мозе некој со го има положено надворешна трговија да сподели искуство и добитна формула за положуванње ај нека сподели некој искуство
 
Математика само Драге Јанев предава или има и друг професор?
 
Нема спас од него. Предаваат и други ама се полага кај Јанев.

За тие што полагале и положиле Финансиски Менаџмент: најсигурен начин да се положи? Предавања, вежби и учење од книга, или има други „помагала“?
 
Отфрлаш изборниот, па ако имаш 3 задолжителни и 1 изборен, ќе си имаш 4 задолжителни.
А после со тој изборен што се прави, се додава во некоја наредна година или...? А и дали сите предмети имаат иста вредност, односно 8 кредити или различни се? Фала однапред
 
А после со тој изборен што се прави, се додава во некоја наредна година или...? А и дали сите предмети имаат иста вредност, односно 8 кредити или различни се? Фала однапред

Да, го додаваш во нареден семестар.

А ова за кредитите, сега по нова програма мислам дека се сите по 8, кај мене изборните сите скоро беа по 6, а и од задолжителните последнава година имав еден 6, друг 7. Најдобро отвори си ја програмата за сигурно.


За тие што полагале и положиле Финансиски Менаџмент: најсигурен начин да се положи? Предавања, вежби и учење од книга, или има други „помагала“?

Епа пред година и нешто кога јас го имав предметов, јас на испит го оставив и беше рака на срце, прелесно. Едвај 4-5 задачи имаше, повеќе прашања, од кои многу се паднаа од тие од Либро.
Е сега слушнав дека Сашо ги сменил прашањата, така што, посигурна варијанта ти е болдираното. Башка книгата е една од најразбирливите на факултетов, греота да не ја прочиташ. :D
 
Сите носат по 8 од нова ( од 2012 навака) јас сум по таа..него дали има шанса ако доплатиш да запишеш 5 предмета ? затоа што 4*8=32 кредити а смееме 34 има ли таква некоја шанса ?
 
Нешто прашања некој да не има по финансиски менаџмент да ми прати на меил...Никако да се спасам од овој предмет :( Однапред благодарам...
 
Некој дан го знае одговорот на следново прашања по ФПИ:
Потенцијални негативни ефекти од постоење на фонд за осигурување на депозити?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom