Еден поинаков МАК ТОП 10 - Кајгана edition

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Maлце глупо ми е шо е ограничено на година дена, оти слаба ни е сцената реално. Скудна шо би се рекло. Има доста бендови кои растур правеле пред повеќе од година дена, а никој не ги рецка ко шо заслужуваат. :)
Вака че треба да се ограничуваме на бендовите кои снимаат во студиото на Топов и нешто минимално од страна.
Генерално идејата е арничка али некако му доаѓа како да гаѓаш мува со базука...некако ограничени ни се песничкиве нови наши од пред една годинка :(
ОК, реков, затоа сакаме да го слушнеме и вашето мислење. Ако мислите дека е подобро така, би можеле и да го тргнеме ограничувањето од година дена. ;) Или, ако ништо друго, барем да го зголемиме на 5, или 10 години...
Интересен избор. Браво за Бернајс, Милко, Foolish Green и Bei the Fish. Ќе има шанса да влезат и Ла Колони Волвокс? :)
Секако дека би можеле да влезат. Зошто да не. Слушнав дека имале и нов албум, кој секако - мора да се преслуша ;) BTW, да го сметам ова за твој глас за La Colonie Volvox??? :P
 
ОК, реков, затоа сакаме да го слушнеме и вашето мислење. Ако мислите дека е подобро така, би можеле и да го тргнеме ограничувањето од година дена. ;) Или, ако ништо друго, барем да го зголемиме на 5, или 10 години...:P
Многу е 5 :) Максимум до 2 години, или година и пол може, ама да не комплицираме 2 подобро. Друго, новата од Ареа е премногу мејнстрим? :P
За следна недела, новата од Стринг Форсис има шанси да влезе?
Или нешто од дечкиве, релативно нов перспективен гаражен бенд, интересно звучат http://kranrecords.bandcamp.com/album/--2 :)
 
Е сега само уште ме интересира дополнително - што мислите да избереме неколкумина кои би функционирале како „жири комисија“ при креирањето на топ листата. Да речеме - 50% од вкупниот број на гласови за конечниот редослед да биде од гласовите овде - на форум, а 50% да биде од „стручното жири“, и кога ќе се сумира се, да се добие конечниот редослед на песните. Членовите на „жири комисијата“ би биле избрани тука, од некои од вас, и истите би можеле наместо 3 - да ги рангираат сите 10 песни - од прво до 10то место. Кога веќе би бирале (без лутење за останатите) мои предлози би биле Hank Moody - како форумџија кој остава впечаток дека има доста истенчен вкус за музика, како некој на кој не може добриот звук да му помине така лесно покрај увото, и turvior - човек кој не може а да не ве импресионира со неговото познавање на музиката од сите правци! Човек кој исто делува како некој со префинет вкус за музика. (Секако, ако и они прифатат, а сите заедно се сложиме за ваквиот начин на гласање). Имам уште неколкумина на ум, но за нив - отпосле. М?
 
Не. Глупо е. Сите имаме ист глас, зашто некои да имаат повеќе?!
 
Затоа што ние не сме познавачи :)
Јас гласав за оние за кои што гласав, затоа што не знам кои се другите.
Simple.
:)

Он: Јас сум за.
 
Фала на комплименти. Ако веќе има гласање најдобро би било преку гласање да се бира победникот. Стручното жири може да допринесе за креирање на листата, или да пресече во случај на еднаков број на гласови. (добро е стручното жири да се ротира, односно да нема постојано исти членови, ем ќе биде подемократски ем транспарантно). Еден предлог од мене само.
 
Како мислиш дека ние не сме познавачи?! о.О
 
Како што има луѓе кои слушаат се и сешто од музика и се информираат за истата. Кои знаат да препознаат стилови, правци, мотив за создавање на песната итн.
Сите ние знаеме што е слатко куче, ама кинолозите знаат повеќе од мене за расите.

Затоа се нарекува ,,стручно жири,,. Го гледа/слуша/знае дури и она што можеби не му се допаѓа баш најмногу.
 
Нешто дипломи има за тоа што слушаат се? Глупости е тоа. Стручно жири.

Извинете дечки, немам против вас ништо, поштувам музиката што ја слушате.
 
Е сега само уште ме интересира дополнително - што мислите да избереме неколкумина кои би функционирале како „жири комисија“ при креирањето на топ листата. Да речеме - 50% од вкупниот број на гласови за конечниот редослед да биде од гласовите овде - на форум, а 50% да биде од „стручното жири“, и кога ќе се сумира се, да се добие конечниот редослед на песните. Членовите на „жири комисијата“ би биле избрани тука, од некои од вас, и истите би можеле наместо 3 - да ги рангираат сите 10 песни - од прво до 10то место. Кога веќе би бирале (без лутење за останатите) мои предлози би биле Hank Moody - како форумџија кој остава впечаток дека има доста истенчен вкус за музика, како некој на кој не може добриот звук да му помине така лесно покрај увото, и turvior - човек кој не може а да не ве импресионира со неговото познавање на музиката од сите правци! Човек кој исто делува како некој со префинет вкус за музика. (Секако, ако и они прифатат, а сите заедно се сложиме за ваквиот начин на гласање). Имам уште неколкумина на ум, но за нив - отпосле. М?
Јас предлагам мене како објективно најдобар познавач на работите да ме изберете за претседател на тоа стручно жири и да ми плаќате по 1000 денари од глас.
 
Фала на комплименти. Ако веќе има гласање најдобро би било преку гласање да се бира победникот. Стручното жири може да допринесе за креирање на листата, или да пресече во случај на еднаков број на гласови. (добро е стручното жири да се ротира, односно да нема постојано исти членови, ем ќе биде подемократски ем транспарантно). Еден предлог од мене само.
Zlatikevichius Се согласувам јас со предлогов на Hank. За да се нема некој доминантна улога, и да се одржува и негува еднаквост, ако се одлучувате за жири тоа да биде со овие ,,предности" ако може така да се речи во однос на останатите.
Само ако станува збор за тежина при одлучување поради еднакви гласови, тогаш да се произјасни жирито кое ќе биде од непарен број.
Да фрлам некој предлог сега пред излегување сум онака на брзина.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=u41FwnAhbVo (Тетово)
http://www.youtube.com/watch?v=aXmI_gQmLUA (Chromatic Point-Troskot)
http://www.youtube.com/watch?v=3bCkHPQTPEo (Mooger Fooger-Nedopreni, или Novo Lisice само што ја нема на јутуб туку на soundcloud)
 
ОК, ОК, не мислев ништо лошо, сакав само да го слушнам вашето мислење на таа тема. За мене, формирањето на такво жири беше со цел истото да биде од помош доколку никој не го даде својот глас во неделата која е во тек. На пр. како ќе ја креираме листата ако само еден гласач гласа? Кој ќе биде на прво, второ, трето место... следната недела??? А доколку би имало жири, наместо да си ја тупам јас главата, они ќе одлучат за редоследот. Во никој случај не мислев да навредам некого дека он нема ист глас со некој друг, и дека нема познавање од музиката. Напротив, јас не можам да судам за некого кого не го познавам, а тука (освен двајца форумџии) никого не познавам лично. ;)

Тераме вака, па ќе видиме за понатаму
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom