Е сега само уште ме интересира дополнително - што мислите да избереме неколкумина кои би функционирале како „жири комисија“ при креирањето на топ листата. Да речеме - 50% од вкупниот број на гласови за конечниот редослед да биде од гласовите овде - на форум, а 50% да биде од „стручното жири“, и кога ќе се сумира се, да се добие конечниот редослед на песните. Членовите на „жири комисијата“ би биле избрани тука, од некои од вас, и истите би можеле наместо 3 - да ги рангираат сите 10 песни - од прво до 10то место. Кога веќе би бирале (без лутење за останатите) мои предлози би биле
Hank Moody - како форумџија кој остава впечаток дека има доста истенчен вкус за музика, како некој на кој не може добриот звук да му помине така лесно покрај увото, и
turvior - човек кој не може а да не ве импресионира со неговото познавање на музиката од сите правци! Човек кој исто делува како некој со префинет вкус за музика. (Секако, ако и они прифатат, а сите заедно се сложиме за ваквиот начин на гласање). Имам уште неколкумина на ум, но за нив - отпосле. М?