По подолго време разгледување на опцијата за креирање на македонска топ листа на Кајгана, и дискусии со драгиот ни модератор Forrest Gump, некако и ги зацртавме постулатите на кои ќе се темели овој „проект“. Основните правила се следните:
1. Топ листата ќе биде update-увана секој понеделник, а редоследот на песните ќе биде во зависност од бројот на вашите гласови. (Не е исклучена можноста да биде вметната и специјална комисија од неколку форумџии кои ќе имаат нешто повисоки ингеренции при гласањето, но ова се уште не е дефинирано).
2. Еден член може да гласа секоја недела за максимум 3 песни (кои не мора да се стриктно од понудените, напротив - доколку некој од вас има предлог песна која би можела да се најде на листата, слободно постирајте ја, може следната недела токму вашиот предлог ќе се најде на листата). Насловите на песните за кои сакате да гласате, надвор од коментарот, ќе треба да ги болдирате - значи принцип - се неболдирано се смета за коментар, болдираното е глас. Нормално, сите коментари поврзани со било која од песните се добредојдени!
3. Листата се состои од максимум 10 нови песни (не постари од година дена), нешто поразлични од сите оние кои најчесто ги слушаме по нашите радио станици, што значи - иако не е строго правило, на листата ќе се избегнува да се ставаат mainstream поп, рок и сл. нумери. Да покажеме дека во Македонија има и една друга сцена, поалтернативна и поурбана од онаа која секојдневно ја слушаме по поголемиот дел од радио и телевизиските станици.
4. На крајот на годината, во зависност од успесите на листата, планирано е да ги прогласиме најуспешните изведувачи и песни во неколку категории.
5. Коментарите и сугестиите се добредојдени! За неколку часа ќе ви ги презентирам предлозите за кои ќе може да гласате и коментирате до недела