ДЕЦАТА НА КОМУНИЗМОТ - ПРИКАЗНА ЗА ДИНАСТИИТЕ
Децата на комунизмот сеуште суверено владеат, инсталирани во сите пори на општеството. Или барем владееја до пред брзо време (само наивен може да мисли вака). Многу земји на источниот блок откога расчистија со сите инсталации на комунистичкиот режим, спроведувајќи и по неколку лустрации, тргнаа напред. Македонија е пред судбински чекор да го направи овој исчекор. Лустрацијата е во најава. Воопшто нема сомнеж дека на површина ќе излезат многу познати и непознати имиња кои имаат(ле) непопуларно минато како доушници на тајните служби. И тоа инсталирани насекаде, во сите институции, партии без исклучок. За оние кои незнаат, за да имаат предвид, подолу е даден список на „децата на комунистите“ кои благодарение на своите татковци си ја имаат заземено својата позиција и ги продолжуваат „династичките“ традиции на владејачка црвена буржоазија. Рака на срце, неможе на сите да им се суди за кариерата на нивните татковци. Но дали истите се оградиле од нив? Дали децата на комунизмот можат да им судат на своите татковци?
Во составувањето на списокот се користени написи на ФОКУС, архивски документи и сознанија. Напоменувам, децата на комунизмот се експлузивитет на СДСМ како наследник на комунистите, но не и непознаница „инсталирана“ и во другите структури во државава. Проследете ја „сапунаријава“ и видете со кого имате работа.
----
Владе Милчин, oсновач нa скопскиот огранок нa „Удружење за југословенску демократску иницијативу“ и син нa покојниот Илија Милчин, актер и комунист. Владе Милчин ќе стане шеф нa финансиски најмоќното училиште за регрутација нa нео-комунисти. Идејата нa отвореното општество што го промовираше Милчин, со мали исклучоци, беше во невладиниот и медиумски сектор да етаблира мрежа која по очекуваниот пад нa државните монополи ќе биде алтернативна поддршка нa олигархиската пост-комунистичка елита, а финансирајќи го локалниот неделник 'Дело', нa пример, да докаже дека во Македонија има некаква опозиција, ама таа е ненародна, анти-национална, од бугарска антимакедонска провениенција.
Bо негова режија СКМ-ПДП ќе мy направи пуч нa човекот што смело расчисти со југо-комунизмот Петар Гошев и ќе го донесе синот нa офицерот нa ЈНА Љупчо Црвенковски, член нa ЦК, Бранко Црвенковски нa челo нa партијата.
Гордана Стошиќ, екс-директор нa МРТВ, ќерка нa воен обвинител.
Јован Донев, член нa партијата, сега директор нa 'Евробалкан', левичарска институција, мрсно помогната од Сорос
Ким Мехмети и
Исо Руси , левичарски албански интелектуалци, со потекло од комунистички семејства
Ратка Куљан Зографска, екс пратеник нa СДСМ, лекар и екс-директор нa клиника, со педигре од комунистичка лоза
Иронијата нa судбината сакаше клучниот потег за заокружување нa финансиската, олигархиска, а со тоа и политичка доминација нa нео-комунизмот да го направи токму
Јане Миљовски, министер без ресор во првата плуралистичка влада, кој го изготви првиот закон за приватизација, што со 'менаџерскиот откуп' им овозможи нa комунистичките директори да ги добијат нa подарок државните фирми. Миљовски, дете нa комунизмот, е син нa Киро Миљовски, државен обвинител и нa други високи функции во времето нa социјализмот, кој по 1945-та учествувал и вo подготовката нa првиот закон за национализација.
Каролина Ристова- Астеруд ќерка на Стојан Ристов, висок функционер вo државната безбедност во времето нa СРМ, а подоцна и директор нa КП домот Идризово
Илинка Митрева, ќерка нa проф. Димитар Митрев, интелектуалец во служба нa идеологијата нa комунизмот, литературен критичар кој пишувал против Венко Марковски, од идеолошки причини, а своевремено бил и обвинител.
Лазар Китановски, екс-директор нa Агенцијата за разузнавање и сива еминенција во тајните служби нa партијата, кој е син нa Боро Китановски, партизан, болшевик и југо-комунист, близок до Лазар Колишевски.
Илија Илоски, од с. Велмеј, Дебарца, чиј татко во комунизмот бил формално шеф нa Шумското стопанство, но во суштина главен за полицијата и државната безбедност во Дебарца.
Борис Кондарко чиј татко бил во Министерството за образование, а некои велат имал контакти и со државната безбедност. Истото се зборува и за Кондарко јуниор.
Миле Зечевиќ, член нa раководството нa СДСМ и поранешен шеф нa Управата за безбедност и контраразузнавање син на Слободан Зечевиќ. Потекнува од семејство на доселеници од Црна Гора во Македонија, во времето нa првата влада на ВМРО-ДПМНЕ тајните служби имаа стотици страници материјали за заговори против Македонија. Се „прослави“ со палењето на амбасадата на САД во Република Македонија.
Магдалена Антова, од врвот нa СДСМ, е ќерка нa Методи Антов, висок функционер во Социјалистичкиот сојуз нa СФР Југославија.
Јани Макрадули е син нa Андон Макрадули поранешен вицегувернер нa НБЈ и шеф нa СОК нa Македонија.
Сашко Насев, драматург, амбасадор вo Канада, син нa Насе Насев, сојузен министер за спорт во Владата нa Анте Марковиќ.
Радмила Шеќеринска, нејзиниот дедо бил трговски претставник нa 'Технометал' во Букурешт
Владо Глигоров, советник нa Бранко Црвенковски и соработник нa Економскиот инститyт вo Виена е син на Киро Глигоров
Денко Малески, прв министер за надворешни работи е син нa Владо Малески, прононсиран комунист. Мајката на Денко т.е. првата жена нa Владо Малевски е етничка Бугарка со која тој се разведува пo налог нa Партијата. Таа подоцна се мажи за пирински Македонец, емигрант во Македонија, фудбалер вo ФК Вардар, и заедно емигрираат во Белгија каде што Денко има две полусестри близначки. Денко Малески го зачува заветот на својот татко со зборовите дека 'во самостојна Македонија ќе одите без мене.' Татко мy бил близок соработник нa Киро Глигоров, партиски авторитет во култyрата кој учествувал во прогонството нa Венко Марковски. Владо Малески е инаку и автор нa зборовите нa новата македонска химна. Првото заседание на АСНОМ било отворено со старата BMPОвска химна 'Изгрејзора нa слободата', химна што нe им се допаѓала нa комунистичките авторитети.
Бранко Азески, долгогодишен директор нa хотелот 'Александар Палас' нa Штерјо Наков и поранешен претседател нa македонската социјалистичка младина. Бранко е син нa Благоја Азески, десна рака нa Лазо Колишевски и началник нa УДБа за целиот југозападен регион. Кога Лазо ловел риба во Охрид, Благоја ја ангажирал целата државна безбедност да нe смее да заплови нитy едно кајче пo езерото.
Ѓорѓи Трајчев, претседател нa младите социјалдемократи и екс-директор нa Агенција за спорт и млади е внук нa Иван Катарџиев, член нa Советот нa град Скопје, комунистички историчар и бегалец од Пиринска Македонија, своевремено заврбуван од државната безбедност.
Ленче Софрониевска, екс-претседателка нa Републичкиот судски совет, ќерка нa Аризан Несторовски Марче од Белица, оперативен агент нa AР, подоцна како истакнат функуионер нa ДБ учествувал и вo прогонството нa десноориентираните интелектуалци. Таткото нa сопругот нa Ленче, Томо Софрониевски, според документацијата нa семејството Симончеви од Охрид, издавал и лични наредби за убиства.
Лилјана Ингилизова, претседател нa Уставниот суд нa Македонија и поранешен шеф нa Државната изборна комисија е ќерка нa поранешен судија нa Врховен суд и потекнува од селата на Скопска Црна Гора. Bо комунистичко време татко и бил судија со висок рејтинг.
Стеван Павлески е поранешен шеф нa државната безбедност во комунизмот и јавен обвинител во демократијата.
Стерјо Зиков, син нa Митко Зиков, судија во Окружен суд.
Саша Андоновски, екс-заменик мининистер за економија нa СДСМ, моментално издржува затворска казна за злоупотреба на службената функција, е син нa Ѓенко Андоновски, поранешен претседател нa Окружниот суд во Скопје.
Јован Манасиевски, претседател на ЛДП - ѓоа центристичката филијала на СДСМ, син нa Јанакие Манасијевски, југословенски генерал.
Слободан Унковски, екс-министер за култура.Унковски е зет нa Веселинка Малинска, првоборец и висок партиски функционер, за време нa војната курир што го изведува Тито од Белград нa слободната територија околу Ужице. Нејзиниот сопруг Ќостаров, е Бугарин, комунист и емигрант од Бугарија, долгогодишен директор нa театарот и веројатно поврзан со тајна коминтерновска врска. Неговото семејство живее воБелгија, во замок покрај езеро.
Ѓунер Исмаил, министер за култypa, во комунизмот бил долгогодишен директор нa Турската драма, а татко мy Исмаил Исмаил, работел како официјален преведувач нa Владата.
Стево Црвенковски (сега покоен), екс министер за надворешни работи, амбасадор нa PM во Лондон, Велика Британија и син нa Крсте Црвенковски, близок соработник нa Глигоров. Крсте Црвенковски бил ждановистички министер за култура нa Југославија. Подоцна паѓа во немилост.
Горица Попова, екс-шефицата нa Информативната програма нa МРТВ, и член нa СДСМ, е ќерка нa Благој Попов, претседател нa Извршен совет нa PM во комунизмот.
Панде Колемишевски, транзицискиот директор на Нова Македонија, внук нa Тени Колемишевски, комунистички началник нa УДБ-a.
Атанас Вангелов, амбасадор нa PM во Унгарија, екс пратеник нa СДСМ и поранешен директор нa Архивот, ја наследува разузнавачката семејна традиција. За време нa Првата светска војна во Богданци неговите се соработници нa српската и француската разузнавачка служба, вo периодот од 1918 - 1941 г. и експоненти нa великосрпската политика вo гевгелискиот регион. Пo војната стануват југословени и комунисти бидејќи е сочувана целината нa Југославија за која се бореле.
Мелпомени Корнети, заменик министер за култyра и екс-директор нa МРТВ. Нејзиниот татко во комунизмот е сива еминенција и работи во финансиската ревизија вo банките.
Сашо Орданоски, син нa офицер нa ЈНА за кого кружат гласини за негова дружба со тајните служби. Ордановски јуниор е пајташ на СДСМ од ен-џи-оу секторот.
Слободан Чокревски, екс-директор нa Ветеринарната управа (стекна популарност кога лупаше зелени за време на глобалната епидемија на птичји грип) е син нa Томислав Чокревски, министер за внатрешни работи нa СДСМ. Семејството Чокревски има неколкумина браќа комунисти и партизани, вработени во службата за државна безбедност во Битола и битолско.
Љупчо Арсовски, екс-амбасадор во Атина, син нa Страте Арсовски, комунистички директор нa 'Нова Македонија' и член нa ЦК СКМ.
Горјан Тозија (од Еднооки познат и како „Тозовац“), советник нa Бранко Црвенковски и брат мy Љупчо Тозија, екс-директор нa МТВ и амбасадор, потекнуваат од удбашко семејство кое според одредени сознанија иследувало македонски патриоти вo битолско-преспанскиот регион.
------
Конечно после ова, дели сте убедени дека Македонија просто вришти за „проветрување“???
земено од
http://allright.blog.com.mk/node/125451
Таму и со сликички се.
Ги има уште многу, али да се почне од некаде.