Јас имам дупнато уши, како и секоја девојка во Македонија, ретко која не носи обетки, ама немам на рскавицата дупче, само каде што се носат обетки, знаете, во долниот дел од увото.
Отсекогаш сум била против тие пирсови и ставање обетки каде што не се ставаат. Јас мислам дека секоја девојка треба да носи обетки, ама само каде што се носат, на друго место ем е ризично, ем не изгледа убаво. И да, кога би ставила пирс, би ставила на папокот и никаде на друго место. Досега немам ставено затоа што сите мои другарки кои имаат ставено, имаа многу проблеми и на крај ги извадија. Така да, мали се шансите кај мене да биде ок, и сега за сега не ставам.
Да се вратам на темата, што се однесува до ризикот од дупчење уши, мислам дека нема потреба од паника, кај нас нема такво нешто, добро си пишува дека таа бактерија ја има во Америка. Ама и да ја има и овде, јас не се грижам, не само затоа што ми се веќе дупнати ушите уште од бебе, туку и затоа што ако гледаш така се` е ризично, па ваљда вреди мал ризик и за убавината. Патот до убавината е болен и тежок. Мислам, не ме сфаќајте погрешно, јас сум прва против тоа да се става здравјето во прашање ако се работи само за убавина, ама кога нешто не е 100% сигурно, не можеш да се грижиш постојано: "Шта би било кад би било". Јас не би направила нешто 100% сигурно дека ќе го загрози моето здравје, за другото не се замарам. Не можам да се чувам во стаклено ѕвоно.
