- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.770
- Поени од реакции
- 36.692
Не стигнав воопшто да искоментирам, ама ми се чини дека по малку претерувате. Сигурно ќе испуштам многу нешта, но морам да споменам барем две заради кои по малку неправедно го оцрнувате филмот: дека не знаел во која насока се движи и што сака да биде, и второ дека ликовите и нивните одлуки биле конфузни.
За првото: Three Billboards е црна комедија, или dramedy што викаат Американчиштата која не можам да сфатам како можете да ја оквалификувате како конфузна или како нешто што и само не знае што сака да биде, кога е толку реален приказ на едно конфузно општество во кое живееме. Истото можеме да го споредиме дури и со нашиот момент, овде, во Македонија. Во иста мера - и светот во кој живееме не знае што сака да биде, доколку повеќе сакате, зашто и во него не е се црно, или се бело, или се розево... Има нијанси, има тонови... А ако го земеме тоа како факт, Three Billboards и тоа како знае што сака да биде: мимеза на нашето опкружување. И како таков, јас не би можел да го замислам пореален од што е.
Второто: ликовите носеле чудни одлуки и биле лошо напишани. Како на пример, кој? Милдред, ликот на Френсис Мекдорманд? Мекдона ликот го почнал да го пишува уште пред цели 8 години, и тоа токму имајќи ја Френсис Мекдорманд на ум. Влијанието на Коенови во филмот можеби постои, да. Но можеби тоа влијание влегува токму преку тој лик (или не?). Зашто Френсис ми е и приватно, на сцена кога зема награда на пример, ко излезена од филм на Коенови. Може таква ја направил маж и, Џоел Коен, или може е поради фактот што знам дека и е он маж, па затоа ми делува така. ОК, застранив малку од тоа што го мислев, да се вратам назад. Ликот е константно воден од еден бес затоа што полицијата навидум не прави ништо за да го расветли убиството на ќерка и, па затоа одлучува да ги земе конците во свои раце. Не ви е ова познато? Се случуваше и кај нас, многупати. Еве, прв на кој ми текнува е дедото на малата Тамара од Велес кој се обиде да го убие Никола Тодоров (може не е ист контекстот, но слично е: човек, по семејната трагедија за која никој не презема одговорност, во моменти на болка и бес одлучува самиот да донесе пресуда некому, или барем да сврти внимание повторно кон него и кон настанот за кој се чини сите изгубиле интерес). И дали може да се бара логика во постапки на некој кој реагира афективно, инстинктивно, како фурија? Затоа мене ми беше и тој лик толку реален... Ликот на Сем Роквел мислам дека погрешно сте го сфатиле. Мене во ни еден момент он не ми беше bad guy (ОК, да, тепаше жени, фрлаше луѓе од покрив, но тоа не беше заради тоа што е некој негативец, туку дека беше глупав. Сите тие постапки беа со цел да го замолчат народот кој не него, туку неговиот шеф, одсекогаш херој во градот, почна да го претставува како неспособен цајкан. А очигледно е колку Роквел го сакаше и почитуваше него, му беше како некој татко кој веројатно никогаш го немал, и токму затоа, потпомогнато од неговата глупоќа, ги направи сите тие погрешни потези кои ги направи). И така натаму, не можам повеќе да пишувам, зашто се чувствувам ко да ме прегазил камион, а имам уште многу за пишување.
И последно: ОК, може јас, @Anon и @grande-juve се собравме за да го дупиме @wot дека е многу јак филмот за да му го уништиме впечатокот, ама 94% од филмската критика на Rotten Tomatoes? 95% од топ критичарите, исто таму (во голови резултатот е 47:3 таму)? Е сега да, оценките на обичниот гледач се малку пониски: 87% fresh на RT, иако има 8,3 оценка на IMDB, ама и таму има многу слаби критики од типот на @wot - 1/10, и сигурно ќе се избаци некој со коментарот - „не значи дека ако критиката го сакала, мора и ние“, само мислам дека филмов е далеку од описот на @wot - „ретардиран Халмарк филм“, зашто ете, може ние не знаеме ништо за филмовите, но барем една четвртина од сите оние кои го оцениле позитивно, сигурно знаат повеќе. Се ретардирани, а?

Последно уредено: