DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.706
Поени од реакции
36.546
Имавме можност во 2013 да бираме помеѓу неколку филмови за обесправеноста на црнците, или за неправдите кои им биле и им се нанесувани:

-12 Years a Slave
-Lee Daniel's The Butler
-42
-Fruitvale Station
-Mandela: Long Walk to Freedom

По ова можеме слободно да ја прогласиме 2013 за „црнечка“ година. :P И што е најинтересно - сите 5 филма кои ги спомнав се биографски или инспирирани од нечија животна приказна. Од нив 12 Years a Slave навистина се издвојуваше. Можеби не по некое перфектно сценарио, но во секој случај мора да се оддаде признание за одличната глума, режија и прекрасната кинематографија. Тоа е она што мене ми остави впечаток во филмот, и по што ќе го паметам. Не беше претерано WOW, но не може да се рече ни дека беше лош филм. Се на се - едно солидно остварување.

Сепак, доколку ги оценувам според инспиративноста, на прво место од овие би го ставил 42. Тој ми беше далеку пореален од повеќето од опстанатите, и нуди навистина инспиративна приказна.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Линколн > 12 години Роб
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Добар беше, заедно со Gravity и DBC кој и да земеше Оскар од нив немаше да се бунам, за мене беа најдобри од номинираните, како шо рече гранде-јуве, сценарио, глума, приказна се беше супер.
На страна фактот шо сите знаеме дека овакви филмови палат кај Американците па ништо чудно шо го имаше успехот.
Ама настрана Јенките и мене филмот ме освои, од Батлерот беше подобар (не дека и Батлерот беше лош), ама овој со сите кадри and shit беше подобар.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
12 години роб, излезе ремек дело. Исто и мене не ми беше важно кој ќе земе оскар, овој Даласот или Гравити, тоа се топ 3те филмови кои водеа битка во оскарите. Не обожавам многу филмови со ропство, но овој излезе ремек дело. 2 пати го гледав еднаш во обична снимка и еднаш во 720p. Не го споредувајте овој со The Butler, не дека и тој не беше добар, но ова е ремек дело, батлер просек.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Мене ми беше досаден, полн со стереотипи и без ниту еден екстра елемент што би го квалификувал како ремек дело.

Искрено очекував дека приказната ќе биде подобра
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Ауууууу, неееееееее... Линколн <<<<<<<<<<< 12 години Роб.
Ако ги споредиме најважните елементи.

Глума, Линколн подобар
Режија, Линколн подобар
Приказна, Линколн подобар

Ако навлеземе и во оние техничките како костимографија и шминка исто

Значи не сум фасциниран ниту од едниот ниту од другиот иако обожавам филмови базирани на вистински настани
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.706
Поени од реакции
36.546
Ако ги споредиме најважните елементи.

Глума, Линколн подобар
Режија, Линколн подобар
Приказна, Линколн подобар

Ако навлеземе и во оние техничките како костимографија и шминка исто

Значи не сум фасциниран ниту од едниот ниту од другиот иако обожавам филмови базирани на вистински настани
Ама во глобала - Линколн досаден а 12 Years a Slave - не. ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.706
Поени од реакции
36.546
Мене искрено - глумата во филмот ми беше врв! Мајкл (или Михаел) Фасбендер беше одличен, Лупита Нионго исто така - одлична, па и Чивател Еџиофор беше задоволувачки добар! Па така - не се сложувам баш со @Zedd дека во Линколн беше подобра глумата. ОК - Деј Луис беше извонреден таму, но на речиси исто ниво беа тука тројцата споменати. Ама ете, и да се сложам дека е така - Линколн не успеа да го задржи моето внимание до крај. Што знам, може мене не ме палат ликови од американската историја (која впрочем, ја немаат). :P

Нејсе. Едно е сигурно - треба да му направам реприза на филмов!
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.537
Поени од реакции
2.229
Сцената кога го обесија и се лизгаше во калта, а во позадина луѓе си шетаа спокојно. Таа сцена ме освои. :cuc:
тоа беше сцената што заслужи оскар. Секој оскаровец има по една таква сцена, што тежи повеќе од другите. Пример, во Пианист сцената кога германецот го спасува евреинов и му дава да свири пиано свири пиано.
Инаку, само што го изгледав филмов, на сите што ги познавав им реков дека 100% зема оскар, немаше сомневање тука, дури и без претходно да ги изгледам Американ хасл, Гравити и Далас баерс клаб.
И точно заради цитираната сцена бев 70% сигурен дека филмов ќе земе и награда за најдобра режија, ама овде академциве ме разочараа...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Toп си е, го заслужи оскарот, целокупната сценографија и некој доловени сцени го прават филмот ремек дело, можеби недостасува некој плус драматичен елемент освен стереотипите но тоа се случило, тоа било реалноста и е доловена маестрално.
DBC мислам дека го заслужи оскарот за нијанса повеке но тематиката што се обработува донесе пресуда кај академците да земе оскар 12 Years a Slave, не се бунам, сепак се Амерички награди, повеке ги допира емотивно.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.347
Поени од реакции
38.527
Не ми остави филмот некој впечаток дека заслужува оскар. Далеку е од споредбата со филмови како Green Mile , Oblivion итн ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom