За првото :
стара жена објаснува тајм травелинг во книга по кој се снима филм ,занимљиво. Штета што испаднало само филм на крајот.Сепак занимливо
Хммм... нот игзектли
Читај подолу
И јас го имам гледано director's cut, и да, се работи за тајм травел, ама убер нелогичен.
Тоа е затоа што се работи за Тајм Травел Парадокс. Кога зборуваат Дони и професорот за патување на времето, овој му покажува книга на професорот Стивен Хокинг и му ги објаснува генералните принципи на патувањето. Минатата година излезе и документарец за кој напишав рецензија, а во кој се зборува за истите работи:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?288-%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B3-%D0%B7%D0%B0-%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BC-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0&p=3941903&viewfull=1#post3941903
Значи Zeegerman, старата жена има напишано книга во која се вметнати Стивен Кинг елементи, но патувањето низ warmhole, е по Стивен Хокинг, а истиот научник зборува и за парадоксите кои би настанале во случај на патување во минатото, и смета дека истото не е можно затоа што теоретски би креирало паралелен универзум кој ќе се сруши врз себе си ќе уништи се што постои.
За еден таков парадокс станува збор и во Дони Дарко. Мотор од авион кој лета на 30 октомври 1988 се откачува од авионот и случајно низ warmhole паѓа во собата на Дони Дарко, 28 дена порано, на 02 Октомври, во ден кој веќе се случил. Според разговорите на професорот (Noah Wyle) и Дони, како и книгата на старицата, низ warmhole може да помине само некоја врска метален објект, како вселенски брод, или во случајов, моторот на авионот. Падот на моторот во минатото значи формирање на паралелен универзум кој е нестабилен и обично трае неколку недели, во случајов, 28 дена. При тоа се формираат неколку категории кои се опишани во книгата и кои ги има во director's cut верзијата. Моторот е објектот кој мора да се врати во почетниот универзум, за истиот да продолжи да функционира а паралелниот да го снема. Дони е примачот на објектот, затоа што тој е личноста која е најмногу засегната од падот на објектот. Манипулираните живи се оние кои се наоѓаат во близина на warmhole и кои го преживуваат настанот (скоро сите во филмот) и кои откако ќе го снема паралелниот универзум, не се сеќаваат на ништо или пак имаат соништа кои ги мачат. Манипулираните мртви се најважната категорија: тие имаат можност да го контактираат примачот и да го упатат во тоа како да го врати објектот и да го спаси универзумот. Во случајов, тоа е нашиот зајак Френк кој е убиен во паралелниот универзум од Дони. Тоа е парадокс, бидејќи ако Френк не го разбуди Дони овој не може да го убие, а еден таков парадокс објаснува Хокинг во документарецот кој го спомнав.
Според книгата на старицата (која патем ја напишала како млада
), примачот има одредени моќи (Какво име е Дони Дарко, звучи како некој суперхерој...) кои Дони ги употреби во филмот ама да не ширам сега.
Во паралелниот универзум умираат девојката на Дони, Френк, а веројатно и мајката и сестрата на Дони умираат на 30 октомври во почетниот универзум (нашиот, не знам како да го наречам) затоа што се наоѓаат во авионот од кој се откачува моторот. Дони со помош на Френк наоѓа начин како да ги врати работите во нормала, со тоа што ја пали куќата на Канингам, како последица на тоа него го апсат, како последица на тоа мајка му и сестра му одат на авион кој овој пат лета на 30 октомври ама во паралелниот универзум, моторот на истиот поминува низ warmhole и паѓа на 02 Октомври во почетниот универзум. Но овојпат, Дони свесно решава да остане во собата и да умре, по што ќе преживеат сите други како и универзумот.
Тука е многу интересно: прашањето е дали ако Дони не е во собата, ќе дојде крај на светот буквално, или пак се ќе се повтори одново? Многу е веројатно дека Дони и останатите се заробени во временски циклус од 28 дена кој се повторува. Нели, манипулираните живи не се сеќаваат на ништо или имаат соништа кои ги мачат. На почетокот, Дони се смее како да се сетил на нешто. Можно е Дони многу пати да ја напуштал собата на 02 Октомври, и да се случувале настаните по истиот редослед, формирајќи многу паралелни универзуми, се додека еден ден Френк не го повикува Дони и овој не сваќа дека мора да ги измени работите и да го прекине циклусот.
Јас лично не знам зошто објасувањата од director's cut не се најдоа во оригиналната верзија, и онака во нив не е нацртано туку се дадени патоказите, сепак ќе оставеше простор за имагинација. Вака, оригиналниот филм може да се протолкува секако и никој не може да ја реши мистеријата без дополнителна помош.
На страна толкувањето, мојот омилен цитат од филмот е:
"
I'm afraid. Really, really afraid. Really afraid. But I... I... I think you're the fucking Antichrist. "