DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.432
Поени од реакции
6.078
Најубави години за шизофренија? Мх, мх, не.

Ај дај видео од цитатот ако имаш, така не ми е јасен баш. (знам англиски, не ја разбирам конотацијата)
За првото :
"Late adolescence and early adulthood are peak periods for the onset of schizophrenia"
А второто е виц за тајмтравелерите.

--- надополнето ---

Zeegerman, не можеш да споредуваш биографска приказна со Sci-fi/Time Travel трилер мистерија. Точно дека многу филмови функционираат на копирање на успешните како DD, но и понатаму одвреме навреме ќе се појави по некое уникатно дело.

Јас го гледав DD два пати, еднаш кино верзијата и потоа director's cut, затоа што прочитав дека таму се појасни работите, и така и беше. Покрај некои екстра сцени и измени, во втората верзија излегуваат и цитатите од книгата на старата жена во филмот, во кои се објаснети принципите на time travel-от и контурите на она што се случува. Не се работи за шизофренија во случајов, но повеќе за тоа утре, доцна е... :)
стара жена објаснува тајм травелинг во книга по кој се снима филм ,занимљиво. Штета што испаднало само филм на крајот.Сепак занимливо :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
За првото :
стара жена објаснува тајм травелинг во книга по кој се снима филм ,занимљиво. Штета што испаднало само филм на крајот.Сепак занимливо :)
Хммм... нот игзектли :) Читај подолу

И јас го имам гледано director's cut, и да, се работи за тајм травел, ама убер нелогичен.
Тоа е затоа што се работи за Тајм Травел Парадокс. Кога зборуваат Дони и професорот за патување на времето, овој му покажува книга на професорот Стивен Хокинг и му ги објаснува генералните принципи на патувањето. Минатата година излезе и документарец за кој напишав рецензија, а во кој се зборува за истите работи: http://forum.kajgana.com/showthread.php?288-%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B3-%D0%B7%D0%B0-%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BC-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0&p=3941903&viewfull=1#post3941903

Значи Zeegerman, старата жена има напишано книга во која се вметнати Стивен Кинг елементи, но патувањето низ warmhole, е по Стивен Хокинг, а истиот научник зборува и за парадоксите кои би настанале во случај на патување во минатото, и смета дека истото не е можно затоа што теоретски би креирало паралелен универзум кој ќе се сруши врз себе си ќе уништи се што постои.

За еден таков парадокс станува збор и во Дони Дарко. Мотор од авион кој лета на 30 октомври 1988 се откачува од авионот и случајно низ warmhole паѓа во собата на Дони Дарко, 28 дена порано, на 02 Октомври, во ден кој веќе се случил. Според разговорите на професорот (Noah Wyle) и Дони, како и книгата на старицата, низ warmhole може да помине само некоја врска метален објект, како вселенски брод, или во случајов, моторот на авионот. Падот на моторот во минатото значи формирање на паралелен универзум кој е нестабилен и обично трае неколку недели, во случајов, 28 дена. При тоа се формираат неколку категории кои се опишани во книгата и кои ги има во director's cut верзијата. Моторот е објектот кој мора да се врати во почетниот универзум, за истиот да продолжи да функционира а паралелниот да го снема. Дони е примачот на објектот, затоа што тој е личноста која е најмногу засегната од падот на објектот. Манипулираните живи се оние кои се наоѓаат во близина на warmhole и кои го преживуваат настанот (скоро сите во филмот) и кои откако ќе го снема паралелниот универзум, не се сеќаваат на ништо или пак имаат соништа кои ги мачат. Манипулираните мртви се најважната категорија: тие имаат можност да го контактираат примачот и да го упатат во тоа како да го врати објектот и да го спаси универзумот. Во случајов, тоа е нашиот зајак Френк кој е убиен во паралелниот универзум од Дони. Тоа е парадокс, бидејќи ако Френк не го разбуди Дони овој не може да го убие, а еден таков парадокс објаснува Хокинг во документарецот кој го спомнав.

Според книгата на старицата (која патем ја напишала како млада :) ), примачот има одредени моќи (Какво име е Дони Дарко, звучи како некој суперхерој...) кои Дони ги употреби во филмот ама да не ширам сега.

Во паралелниот универзум умираат девојката на Дони, Френк, а веројатно и мајката и сестрата на Дони умираат на 30 октомври во почетниот универзум (нашиот, не знам како да го наречам) затоа што се наоѓаат во авионот од кој се откачува моторот. Дони со помош на Френк наоѓа начин како да ги врати работите во нормала, со тоа што ја пали куќата на Канингам, како последица на тоа него го апсат, како последица на тоа мајка му и сестра му одат на авион кој овој пат лета на 30 октомври ама во паралелниот универзум, моторот на истиот поминува низ warmhole и паѓа на 02 Октомври во почетниот универзум. Но овојпат, Дони свесно решава да остане во собата и да умре, по што ќе преживеат сите други како и универзумот.

Тука е многу интересно: прашањето е дали ако Дони не е во собата, ќе дојде крај на светот буквално, или пак се ќе се повтори одново? Многу е веројатно дека Дони и останатите се заробени во временски циклус од 28 дена кој се повторува. Нели, манипулираните живи не се сеќаваат на ништо или имаат соништа кои ги мачат. На почетокот, Дони се смее како да се сетил на нешто. Можно е Дони многу пати да ја напуштал собата на 02 Октомври, и да се случувале настаните по истиот редослед, формирајќи многу паралелни универзуми, се додека еден ден Френк не го повикува Дони и овој не сваќа дека мора да ги измени работите и да го прекине циклусот.

Јас лично не знам зошто објасувањата од director's cut не се најдоа во оригиналната верзија, и онака во нив не е нацртано туку се дадени патоказите, сепак ќе оставеше простор за имагинација. Вака, оригиналниот филм може да се протолкува секако и никој не може да ја реши мистеријата без дополнителна помош.

На страна толкувањето, мојот омилен цитат од филмот е:
"I'm afraid. Really, really afraid. Really afraid. But I... I... I think you're the fucking Antichrist. " :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
На прашањето зошто ја носиш таа глупава маска на зајак, зајакот ќе одговори а ти зошто ја носиш таа глупава маска на човек. Дони Дарко не е човек а живее како човек тоа е аспект на филмот кој што ретко кој го забележува.
 
I

Intex

Гостин
Објаснувањето
Да, тоа објаснување држи вода, само шо Стивен Хоукинг не го објаснува баш така патувањето низ времето. Сепак, нема врска, не е ни толку битно тоа.
На прашањето зошто ја носиш таа глупава маска на зајак, зајакот ќе одговори а ти зошто ја носиш таа глупава маска на човек. Дони Дарко не е човек а живее како човек тоа е аспект на филмот кој што ретко кој го забележува.
Си утнал нешто, друже.:)
Се мисли на тоа дека ние сме само души (енергија) во тело, и без разлика дали е со маска од зајак, или со маска од месо, енергијата е скриена таму некаде.:)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Да, тоа објаснување држи вода, само шо Стивен Хоукинг не го објаснува баш така патувањето низ времето. Сепак, нема врска, не е ни толку битно тоа.
Добро, таа тема секогаш е мајндфак и не е лесн да се објасни, ако воопшто може :) Она што мислев е дека тајм-травелот во филмов е комбинација од идеите на Хокинг и една надреална Стивен Кинг димензија која е претставена преку книгата на старицата Ребека Строу. Патем, мислам дека книгата што Дони ја чита на почетокот на филмот е исто на Стивен Кинг.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Да, тоа објаснување држи вода, само шо Стивен Хоукинг не го објаснува баш така патувањето низ времето. Сепак, нема врска, не е ни толку битно тоа.

Си утнал нешто, друже.:)
Се мисли на тоа дека ние сме само души (енергија) во тело, и без разлика дали е со маска од зајак, или со маска од месо, енергијата е скриена таму некаде.:)
More more, bash toj del od filmot e glup mnogu, mislam na taa replika, deka epten ocigledno e toj sto ja ima obleceno maskata so zajakot e covek. Znachi chovek oblechen kako freaky zajak, a ti pod ova chovekot shto site te gledame, imas neshto drugo? Zatoa i koga chovekot oblechen vo zajak kostim koga ke go prasha Doni, go prashuva kolku samo da ne odgovori :)

Ova e edna od tie repliki shto epten nenamerno gi upotrebile a lugjevo se palat odma.

Replikata na IoSono, e okej, ama ova e ne okej. :)
 

Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
Филмов ко да ми е како маалце полоша верзија на The butterfly effect. И пред да ме нападните, знам дека овај е постар ама како шо кажаја тој втор шо си го гледал испаѓа имитација.

Да го гледав прво овај можи ќе бев повоодушевена од идејата и сето то ама за разлика од пеперутката, на крајо не се сочувствував толку со то шо тој се откажа од се за другите нели да живеат бла бла.

Но во секој случај, мноогу работи во филмот се покомплицирани и баш тие најважните ги гледав колку онака и треба да го гледам и по втор пат за да сфатам се. А оти воглавно сакам такви филмој, плус за тоа. И за вметнувањето на Стивен Хокинг и неговата теорија за "црвојадините" која се уште се обидвам да ја изџвакам.
 
T

Tetro

Гостин
Добро, таа тема секогаш е мајндфак и не е лесн да се објасни, ако воопшто може :) Она што мислев е дека тајм-травелот во филмов е комбинација од идеите на Хокинг и една надреална Стивен Кинг димензија која е претставена преку книгата на старицата Ребека Строу. Патем, мислам дека книгата што Дони ја чита на почетокот на филмот е исто на Стивен Кинг.
Да, читаше една од новелите на Стивен Кинг, ама не ми текнува која е, одамна беше кога го гледав филмот. :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Добар филм, еден од ретките што сакам во брзо време повторно да ги гледам. Само овој пат, ќе си го симнам Director's cut, овој ИОсоно не знае да каже тој да го гледам.

Јас си го гледав порелаксирано, си уживав се до последните 15 минути кога 2-3 пати враќав за да го забележам секој детал, сепак не успеав да го протолкувам она што ИОсоно го пиша погоре.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не успеав ни јас, не се правам паметен. Пишав дека од оригиналниот не може да се протолкува ништо. Имаше и други теории кои правеа уште повеќе смисла. Сепак после Director's cut (и со паузирање на моментите кога се појавуваат текстовите) веќе е појасно.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Прашање? Како е можно да Дони Дарко да умре од мотор од авион кој не паднал. Не е тоа парадокс? Ако го избриши паралелниот свет, би требало да се врати се во нормала, како никогаш ништо да не се случило.
ps книгата од Кинг е IT типов е гениј
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Прашање? Како е можно да Дони Дарко да умре од мотор од авион кој не паднал. Не е тоа парадокс? Ако го избриши паралелниот свет, би требало да се врати се во нормала, како никогаш ништо да не се случило.
ps книгата од Кинг е IT типов е гениј
Моторот паднал, а паралелниот универзум се случил, траел 28 дена и завршил. Не е како никогаш да не се случил, се што се случило во него, се случило. Сеуште има ефекти на живите во нормалниот универзум во форма на соништа. На пример, читав некаде (само не знам каде било објавено, дали во делови од ДВД-то на director's cut кои не ги имаме или слично...) дека Канингам се самоубива 10 дена после 30 октомври, затоа што го мачи она што се случувало во паралелниот универзум во форма на соништа...
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Моторот паднал, а паралелниот универзум се случил, траел 28 дена и завршил. Не е како никогаш да не се случил, се што се случило во него, се случило. Сеуште има ефекти на живите во нормалниот универзум во форма на соништа. На пример, читав некаде (само не знам каде било објавено, дали во делови од ДВД-то на director's cut кои не ги имаме или слично...) дека Канингам се самоубива 10 дена после 30 октомври, затоа што го мачи она што се случувало во паралелниот универзум во форма на соништа...
ааааааааааааааааааааааааааа
јас па мислев дека го снемува кога ќе се врати моторот назад. ама изгледа дека тогаш само се спречува неговото посотење, и тој продолжи да постои како слепо црево. така?
 
Н

'Никола'

Гостин
Ај бе живнете ја темава со друго филмче. Се надевам овој пат, ќе го имам гледано.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom