Aпсолутно се согласувам. Тоа и е поентата на филмот, суштината, а голотијата,масоните,дрогата и слично е само маска. Сите сцени во филмот, се така направени за да го прикажат енергетското поле на Том,за да го прикажат крадењето на енергија и онеспособување на човекот , на големата ,,сцена,,. Сметам дека филмот од многумина е погрешно перцепиран , затоа што всушност ја прикажува целокупната животна сила и моќ на еден навидум обичен човек,кој започнува полека преку сопствената кожа,да ги запознава манипулацијата и нераскинливата врска меѓу аурите (пр.јаката љубов и соединетост меѓу него и жена му ,во моментот кога таа му кажува дека силната сексуална привлечност кон дечкото од морнарицата,предизвикувал истовремено зголемување на чувствата кон Том и нежност).
Извонредно прикажан е цел ланец на одземи енергија,дај енергија, спушти се до најдолу и врати се во живот преку безграничен извор на сила-безусловната љубов.