Дрекслмајер

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
октомври им беше рекордот земаа по 20.000
А шо му се згреши така?
Абе тешки да земавме сите по 20-25000, државава ќе цутеше. А тек европски минимум од некои си 1000 евра...
 
А шо му се згреши така?
Абе тешки да земавме сите по 20-25000, државава ќе цутеше. А тек европски минимум од некои си 1000 евра...
Сите саботи ги работеа, плус 11 и 23 беа државни празници, па и некоја недела работеа. Дупли празник им се фана дневница по 2000 денари
 
Сите саботи ги работеа, плус 11 и 23 беа државни празници, па и некоја недела работеа. Дупли празник им се фана дневница по 2000 денари
Грешка си, имаше тие 6 недели бонус за редовност, наводно поради бербата на грозје, за да не им отсуствуваат многу. Ако одиш на работа од понеделник до петок (и сабота и недела доколку беше побарано) добиваш бонус, мислам 1200 дека беше неделно. 6 такви недели имаше, 4 беа во септември и затоа тогаш сите што одеа редовно земаа по 20-21000... Со празници и со саботи мислам дека околу 14-15000 е максимум.
 
pa i ne bilo tolku loso vo `sweat-shop`ot
11 000 si se 11 000 denari
 
“Јас работам на работно место каде сум во допир со кабли кои се премачкани со отров за глувци…”

koli-480x218.jpg


Во рамките на иницијативата Социјална правда сега! која синоќа се одржа на градскиот плоштад во Кавадарци организирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода и Македонска платформа против сиромаштија, на присутните им беа разоткриени тешките социјални состојби во Македонија како и кршењето на човековите и работничките права. Беа отсликани и состојбата во „прославените“ странски инвестиции, а имаше сведочење и на вработени од странската инвестиција во општина Кавадарци, фабриката “Дрекслмаер”. Моментално најхрабриот од сите 4000 и кусур вработени во оваа инквизиција се одважи и проговори пред камерите и ја отслика реалноста и условите за работа во оваа фабрика. Следува неговата изјава.

За многумина невработени, како опција во општина Кавадарци е фабриката “Дрекслмаер”. Минималната плата изнесува 9000 денари. Едноставно се бориш ден за ден, тешко е, a и работата не исполнува. Секој ден се помалку желба имам за одење на работа. Работата во “Дрекслмаер” е напорна, а примањата се малку. Шефовите и менаџерите постојано ни зборуваат како тоа условите за работа биле одлични, дека сме имале превоз до работа, храна…Тоа и не е некој бенефит ако се знае дека од минатото условите за работа во Кавадарци одсекогш биле одлични што во моментов не е случај. Нема никаков социјален живот во Кавадарци, освен муабетот со колегата околу работата и работното место. Бидејќи нема за што друго и да се разговара.

Јас работам на работно место каде сум во допир со кабли кои се премачкани со отров за глувци. Јас никогаш пред тоа не сум работел во таква средина и можам да констатирам дека рацете ми се суви и испукани. Најверојатно од тие отрови. Заштитна опрема за рацете не користиме освен кога работиме со алуминиумски кабли за да не ја оштетиме робата.

Имаше незадоволство и протест во “Дрекслмаер”. Околу 60-тина работници кои учествуваа во протестите и беа најгласни, утредента добија отказни решенија. Моменталната ситуација е “трај и веди глава”.

Јас сум вработен на определено време. Што значи дека во секој момент може да ме избркаат од работа. И кога бркаат од работа, избрканиот го качуваат во такси и го носат до дома за да не крева прашина и врева меѓу вработените.

Ако тргнеш до тоалет веднаш претпосавениот те прашува зошто одиш во тоалет. Ако мрднеш малку од линија, зошто си мрднал…Значи притисок голем, парите се многу малку. Оние на повисоки позиции кои земаат и по 30 000 денари нормално дека ќе се фалат за условите и примањата. Но за обичниот работник на линија, многу е тешко. Кога би имал бугарски пасош, веднаш би ја напуштил земјата. Оние попаметните навреме извадија и заминаа одовде. Сега таа процедура е малку отежната.”

gruevski_keln_1112_g111.jpg
 
Дали батево со изјавата или некој друг со сила го однеле да работи во Дрекслер ??? Сите молат аман заман, да ме викнат, и послеле олеле вака нака. Кршење на работнички права ??? Брако, ИГМ, Гранит, градежни фирми и др фабрики низ Македонијам поубави услови имаат ??? Нека каже и тој, и сите паметни на форумот во која мкд фирма/фабрика плаќаат прекувремени саати работи, и има асален превоз и јадење ? На крај, како што никој не ги терал да одат, никој не ги ни задржува да не си одат. Процедурата за откажување е доста едноставна.
 
едно - работниците не се добро информирани,а и не ги интересира дури не паднат болни за работните услови,ќе работат дури и во Чернобил дур не ги кокни радијацијата.........е сеа далеку е од такво подрачје,али со тие материјалите и жиците што ги користат - се е премачкано со отров за глувци кој полека полека си се впива во телото...........

друга работа е што никој ниту те моли,ниту те тера со сила да работиш таму,оставај картичката и дим да те нема
 
Дали батево со изјавата или некој друг со сила го однеле да работи во Дрекслер ??? Сите молат аман заман, да ме викнат, и послеле олеле вака нака. Кршење на работнички права ??? Брако, ИГМ, Гранит, градежни фирми и др фабрики низ Македонијам поубави услови имаат ??? Нека каже и тој, и сите паметни на форумот во која мкд фирма/фабрика плаќаат прекувремени саати работи, и има асален превоз и јадење ? На крај, како што никој не ги терал да одат, никој не ги ни задржува да не си одат. Процедурата за откажување е доста едноставна.

Прво, многу лоша ни е праксата во стилот - ќути барем работиш, ќути можеше и полошо...А за промена да гледаме напред?Да гледаме да е подобро, да гледаме платите да се во линија со растот на цените, да не го сфаќаме одморот и слободните денови како луксуз и слично?

Второ, не е за откажувањето туку за кревањето до небо за вредностите на ДМ и сличните на нив.И вистината за условите за работа и платите за кои испраните велат дека се супер.

Трето, Брако/ИГМ/Гранит и други домашни фирми од свои средства делат за придонеси за вработените.
На ДМ и компанија тие работи им се подмирени од Буџет на РМ (читај од мене, од тебе и од даноците на нивните вработени) во период од неколку години, а држат и даночни олеснувања.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS
Една информација само ќе ви дадам. Народен глас е од едно ретардирано глупо бате од Прилепов чија омилена стилска фигура е хиперболата и ептен ретардирано просерување и филување на некои работи :) Еднаш во денот му го отворам фб профилот ради сеир и да се посмеам онака малку, да видам до кај можи да му замини умот шо го нема.

Толку.
 
Прво, многу лоша ни е праксата во стилот - ќути барем работиш, ќути можеше и полошо...А за промена да гледаме напред?Да гледаме да е подобро, да гледаме платите да се во линија со растот на цените, да не го сфаќаме одморот и слободните денови како луксуз и слично?

Второ, не е за откажувањето туку за кревањето до небо за вредностите на ДМ и сличните на нив.И вистината за условите за работа и платите за кои испраните велат дека се супер.

Трето, Брако/ИГМ/Гранит и други домашни фирми од свои средства делат за придонеси за вработените.
На ДМ и компанија тие работи им се подмирени од Буџет на РМ (читај од мене, од тебе и од даноците на нивните вработени) во период од неколку години, а држат и даночни олеснувања.
Друже во право си, кукање и ќути може полошо, не се излез, и јас сум за тоа. Јас работев во Дрекслер, и добро сум запознаен со условите таму. Мое мислење е дека Дрекселмаер, и останати странски фирми, колку толку, позитивно влијаат на домашна економија. Нешто од плати, нешто од материјали купени од др домашни фирми, и по други основи. Голем плус за Тиквешкиот регион е тоа што, со доаѓањето на германците, некои локал газди, мораа колку толку симболично да ги зголемат платите на таксисти, во конфекции, кланици, хладњачи и слично. Не е многу, но подобро е од ништо.
Најголемиот дел од вработените се оператори, или по нашки работници, но има и голем дел вработени во одржување, логистика, супорт, администрација. Јас лично знам голем број луѓе од мојот град, кој работат таму, и земаат над 20 000 плата. Некој го бива, некој се измолил/излижал не е битно, си успеал, тоа си е спрема лично убедување.

А тоа батето и секој еден друг, што се доволно талентирани за пред камера, и за изјави, сигурно е доволно способен да си најде подобра работа.

А инаку веќе кога одиме со примерот Гранит/Игм/Брако, 3те заедно не исплаќаат толку плати колку Дрекселмаер сам. А да не одам панатаму да ти пишам уште 10 работи во кои се далеку полоши.
 
А инаку веќе кога одиме со примерот Гранит/Игм/Брако, 3те заедно не исплаќаат толку плати колку Дрекселмаер сам. А да не одам панатаму да ти пишам уште 10 работи во кои се далеку полоши.

Уште една работа само.Сите тие 15-20 странски фирми се уживатели на секаква помош од државата - логистичка, во вид на попуст на даноци, придонеси...истовремено имаме 2/3 од вкупниот број на фирми со блокирани сметки поради глупости од типот Радиодифузна такса и слично.Работи од кои овие 15-20 се ослободени 5 или 10 години, не знам колку точно.И секогаш странецот ни е помил отколку комшијата, иако биле исти во споредба.
Во Гранит се околу 2500 вработени, Брако ~ 500, ИГМ уште толку.ДМ околу 4000 официјално.Нормално дека би исплаќале поголема сума кога се со поголем број вработени од трите заедно, а и дополнително не се оптоварени со давачките како другиве три.
И кога сме веќе кај Гранит, градат низ цел Балкан, Централна и Источна Европа.Само за Македонија не се најде пазар за Гранит при 3 автопати во изградба.Патриотизам.
 
За тоа дека странските фирми се фаворизирани во однос на домашните, не е спорно, очигледно е. Меѓутоа, ако направиме проста математика, колку пари коштала изградбата на зоните, комуналии, придонеси, даноци и др олеснувања, во споредба со бројот на платите што ги исплаќаат странците, и што им исплаќаат на домашните фирми кооперанти, мислам дека сме во солиден плус. А и ајде дајте некој предлог, како во мкд би се привлекле светски фирми, без овие олеснувања ? Од што сме убави, паметни, вредни ?

Оф топик, за Гранит. Гранит работи на 2/3 автопати што се градат како подизведувач, а би требало да почне со работа и на третиот, а на времето работел и по цел балкан и цел блиски исток, али било па поминало. Сега работат само во Босна. А за условите за работа таму, подобро да не почнуваме, Дрекслер е државна администрација за нив :D
 
си лапа некој дебела провизија со странскиве инвестиции тајно си калапи париња , ќе рмба народот ко магаре полусакато и ќе се бара по психијатри од прекраснава клима во земјава благодарение на странските инвестиции
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom