Не бе Кајги не е до нив.
Не се они криви за смртта на Мартин - сам си ја трескал главата!
Не се они криви за смртта на Ангел - самоодбрана било!
Не се они криви за тепачките по автобуси - некој од надвор сакал меѓуетнички тензии да ствара!
Не се они криви за смртта на Тамара - чекале датум за да закажат датум за операција!
Не се они криви за неагилноста на медиумите и институциите за поплавите - се немало средства!
Не се они криви за исселување на 200.000 млади луѓе - не биле доволно патриоти!
Не се они криви за прислушкување - прислушкувале за заштита на државните интереси!
Не се они криви за Смилковско - ДБК биле зафатени со прислушкување на Заев и син му!
Не се они криви за тоа што сме 12ти на листа по мизерија - институтот бил финансиран од СОРОС!
Не се они криви за состојбата на медиумите - народот тоа сакал да гледа и чита!
Не се они криви за состојбата на здравствениот систем - остаток било од времето на комунизмот!
Не се они криви за нерасчистениот снег - снегот ги изненадил!
Не се они криви за состојбата во образованието - кадрите на СДСМ генерираат криза за да го срушат Груевски!
Не се они криви за трошење на огромни суми на пари за изградба на споменици - националното чувство и припадност немаат вредност!
Не се они криви за состојбата на економијата - Грција не блокира!
Не се они криви за вработување на рамковни неписмени непојавувачи на работа - Бранко и Љубчо ја изгубија војната!
Не се они криви за не-судење на Хашките случаи - Бранко и Љубчо ја изгубија војната for fuck sake!
Не се они криви за НИШТО!
Ние сме криви.
Ние сме криви што ги трпиме.
П.С. Слободно додадете што мислите дека сум заборавил на листата погоре.