Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Порано коа пијан зборев на мобилен и слушав дупли глас,знаев дека сум камен и дека проблемот е до мене.Сеа коа ќе го слушнам тој глас одма ми текнува на прислушкување:misticen:
 
Хеј кеј,

Живот како живот тече и те носи,те ваму те таму, па пак те враќа назад па пак напред и така се додека не се укотвиш негде и не речеш е овде ми е убаво.Ама за да дојдеш до тоа убаво треба да решиш со кој сакаш да ти биде убаво и што е за тебе тоа убаво.Никогаш нема да ги разберам оние луѓе што ти се класични услуга луѓе и оние кои што глумат центар света и никогаш не се спремни за компромис секако ако не им е по ќејф.Е тие таквите ми се толку несфатливи и ми се тип на луѓе што на 40 години жена им ќе кажува што ќе се праи за нова година и други фамилијарни догаџаи зошто освен фамилијата други пријатели не верувам дека ќе имаат.Јас на пример на 40 и кусур години сакам да имам две деца со жена со која што муабетот и разбирањето ќе ми оди нешто слично како на нејзе шопингот.Исто би сакал да ги имам татко и мајка ми покрај мене заедно со сите другарчиња што ги имам сега.Не зборам за другарчињата со кој си испил 10 пива и си поминал јако у диско.Се разбирам на кои мислам жута.И би ги терал сите одмори на камп у Грција тука близу Лептокарија кај гирото што е.Не ме допира патриотизмот јас да ти кажам,таму има 70% наши 30% грци што зборат боље македонски од 25% од населението во државава.Малце претерав,се симна сезоната одам да се посветам на моето хоби.До следно дугометражно читање,поздрав
 
Зоки, овај Кајги. Да ти кажам искрено ич не ми се работи.

Хихи :love:
 
Одвратен ден! Цел ден да се чувствуваш како најголемо, мизерно гомно поради туѓи грешки... Да се каеш што припаѓаш на ист вид со некои кои не ни заслужуваат да бидат наречени луѓе...
Денес мислам дека ми се скратија десет години во животот.
Обично не ми значат државјанствата ништо, но во прва прилика има да го поништам македонското! За прв пат ми е срам, искрено срам да кажам дека доаѓам од Македонија.
Партиски полтрончиња, со крвави рачиња, со кое лице ги браните бе имбецили?
 
Кајги,

дал` да плачам ил` да се смеам... Јас на работа не идам уште од 10 декември, а една бивша колешка сега ми пиша и ми вика ``абе кај си, не те гледам на работа``... :pos:
``Доброутро`` викам арно си и приметила.... ноу комент...
 
Драга К,

Има една најубава работа на светот на пример си втора смена на работа работа, имаш уште еден час за работа и сфаќаш дека си мртов уморен и тогаш ти доаѓа мисла дека уште малки време ке го цмокнеш креветот и ке потонеш во него џоа титаник на времето е така.[DOUBLEPOST=1423526840][/DOUBLEPOST]Драга К,

Има една најубава работа на светот на пример си втора смена на работа работа, имаш уште еден час за работа и сфаќаш дека си мртов уморен и тогаш ти доаѓа мисла дека уште малки време ке го цмокнеш креветот и ке потонеш во него џоа титаник на времето е така.
 
Ја стрика го гледа шо пуљит на телевизија?
351.jpg
Шо ти згрешивне Господе?

:D
 
Не бе Кајги не е до нив.
Не се они криви за смртта на Мартин - сам си ја трескал главата!
Не се они криви за смртта на Ангел - самоодбрана било!
Не се они криви за тепачките по автобуси - некој од надвор сакал меѓуетнички тензии да ствара!
Не се они криви за смртта на Тамара - чекале датум за да закажат датум за операција!
Не се они криви за неагилноста на медиумите и институциите за поплавите - се немало средства!
Не се они криви за исселување на 200.000 млади луѓе - не биле доволно патриоти!
Не се они криви за прислушкување - прислушкувале за заштита на државните интереси!
Не се они криви за Смилковско - ДБК биле зафатени со прислушкување на Заев и син му!
Не се они криви за тоа што сме 12ти на листа по мизерија - институтот бил финансиран од СОРОС!
Не се они криви за состојбата на медиумите - народот тоа сакал да гледа и чита!
Не се они криви за состојбата на здравствениот систем - остаток било од времето на комунизмот!
Не се они криви за нерасчистениот снег - снегот ги изненадил!
Не се они криви за состојбата во образованието - кадрите на СДСМ генерираат криза за да го срушат Груевски!
Не се они криви за трошење на огромни суми на пари за изградба на споменици - националното чувство и припадност немаат вредност!
Не се они криви за состојбата на економијата - Грција не блокира!
Не се они криви за вработување на рамковни неписмени непојавувачи на работа - Бранко и Љубчо ја изгубија војната!
Не се они криви за не-судење на Хашките случаи - Бранко и Љубчо ја изгубија војната for fuck sake!
Не се они криви за НИШТО!

Ние сме криви.
Ние сме криви што ги трпиме.:(

П.С. Слободно додадете што мислите дека сум заборавил на листата погоре.
 
Она кога партнерот ќе те насмее во пмс...
После вчерашниот ден, полн со тага, гнев и омраза, му се свртев и него.
Ја добив следнава реплика: „Тргај да протестираш во Македонија, не сум ти јас ВМРО, пичка ти материна!“.
:zver:
 
Ми текна Јанко дебелото и Борјан бемка кога мислеа Леандра вмровка дека е [emoji38]zz: #throwbacktuesday
 
Дур се прајт кафето, да резимираме.

1. Прислушуван е министерот за внатрешни работи.
2. Хорхе џабе го прислушувале ко и таму ништо не кажал.
3. Не знајме ни дали воопшто прекинале со прислушување.
4. МВР не ги има слушнато снимките.
5. Граѓанското движење за одбрана на Македонија (од самата себе) добива масовна поддршка.

#зини #земјо #голтниме
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom