Прееска в кладилница пред мене уплаќаше еден, типичен стереотип на охридска брачка, од оние со синџири околу врат и маица на куси под јакната, и добивката му дојде 666, па наместо да дојдам јас на ред чекав да го стонира ливчето типот затоа што од неговото суеверие, а и пренесено преку неговите зборови "аљ ќе го стонираш ова и да го уплатиш за пет денари плус, да не ми идат ова ѓаолсково" ми дојде едно смеење кое траеше толку кратко затоа што во Спортлајф, од нигде никаде почна да оди Дуду од Таркан (или беше Таркан од Дуду, сеедно). Толку долго време ја одбегнував песнава, и да не беше брачката пред мене со неговиот ѓавол, ќе уплатев навреме и ќе си го одбегнев својот ѓавол. Сега цел ден не ми излегува од глава, дури и на јутуб ја пуштив.
Не знам дали сум суеверен.