Драга,
Некако мака ме фаќа кога сфаќаш дека некои воопшто не се менуваат. Истите размислувања, ставови, досадни муабети, изрази и финти, истите глупи начини на изразување интелигенција. Како може човек ич да не се промени за 2-3 години? Сепак, период во кој сигурно нешто ново си научил, си сфатил, си сменил некои навики, си сменил мислење за разни работи. Созреваш ебате, бар уште сме во таа зелена фаза.
Јок, ништо.
Трагично, скоро исто колку што е и да јадеш домат во ова време. Гума.