Спортски вести на МТВ : иии да видиме каква беше атмосферата низ скопските кафулиња за време на мечот Македонија-Хрватска.
Некогаш викам па, ми фали Скопје телевизор,ама една недела сум дома и ништо нормално не сум видела освен ракометов.
Турска серија во која 12-13 максимум годишна е бремена, сака да учи, ама од дома не и даваат зошо било срамота да учи и да биди бремена. Ситуацијата ескалираше кога и однесоа поширок фустан и таа не сакаше да го облечи. Си доби шамар, највероватно од мајка и.
Втор пат ситуацијата ескалира кога ја фатија скришум кај шо учи,а и однесоја сок од портокал и таа го истури и пак ја рашамараа.
После тоа на ѕвезде гранда некој натпреварувач објаснува како тоа Србиве не сакале да слушаат Македонски песни, уствари сакале,ама со Српски примеси и почна да вибрира 2 минути пеејќи.
Вести доаѓаат, секој ден нова црна хроника.
Јас мислам уште нека донесат од оние Јапонскине реални шоуа и да сме комплетни во ретардираност.