Замисли Кајгано ситуација
Се менува власта. Ти како идна административна надеж си земаш членска книшка од партија.
И почнува трката сам со себе. Си одиш редовно во штаб, си одиш по митинзи во сите градови го слушаш истиот говор и секој ден така. Па, ако напредниш, ќе те стават пред гласачко место да факаш цртки кој дошол/кој не.
Си се запишуваш на факултет. Те мрзи да учиш, но со последните сили стегнуваш заби и купуваш прашања од книжарите кај Мавровка и оп дипломираш.
Веднаш се нудиш на пазарот на труд. Можда, покрај твоето знаење, се бара и твојата способност за константно лижење газ или евентуално покажување на твоите сексуални способности ако си женско.
После толку интервјуа, после толку молење, трчање со знамиња, лепење плакати, карање на родендени,имендени,слави,свадби, крштевки, погреби,а во најново време јавување во отворени програми, глумење случаен минувач, карање на фејсбук и тако даље, ти конечно се вработуваш во државна администрација.
И знаеш што?
Ладно ти е.
Не можиш да работиш на температура од 35 степени, кога е преладно, рацете ти се мрзнат, не можиш да играш карти на компјутер.
Ама, стига платата и си пичиш,а потсвесно се прашуваш кај да си ги напикам париве попрво, како ќе го закрпам месецов.
Секој ден кај тебе доаѓаат луѓе, секој со маката, некој со солзи во очите. Ама, со тек на време се навикнуваш. Работата не се меша со емоциите,а твојата работа е да не си ја знаеш работата.
Просто и едноставно.
И така секојдневно ти доаѓаат нови колеги, секојдневно среќаваш нови вработени исто како тебе.
Сите си ја знаете маката и низ какво се не сито и решето сте поминале за да бидете ова
Еее, Кајгано... не дека измислив топла вода, ама се надевам дека утре ќе ја имам.