Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
„Јас кон смртта имам амбивалентен однос, со оваа книга затворам еден круг. Смртта ме привлекувала затоа што е мрачна и табуизирана. Не само чинот на умирање, туку и пост-фестум, отпис од регистар на живи, погребот, опелото. Сите тие драматуршки моменти, се интересни како чин. Немам јас страв од смртта.“

-Игор Исаковски во интервју за off.net.mk

:place::place::place:

Почивај во мир, маестро! :cuc:
 
Драга,

Сум се преспала, од 12 до 12. И тоа зошто во 12 ми зазвони телефонот. Порано само на спиење на никој не му кревав, во последно време почна и тоа да се менува, мене секогаш можеш да ме најдеш на телефон! Иам 2-3 особи кои после ден, два ќе ти свртат. Па кој курац ќе ми си после два дена ебате? Ај, кој ги врти.
Се награбав ленти, лампиони, ангелчиња, светилки, има местово денес да го стокмам да вришти на празници!
 
Драга,

Животот на овој свет е прекрасна илузија, во мигот кога ќе се фатиш во костец со смртта. Таа е како последна карта, последното место во возот, последниот коњак испиен на шанк, нешто кое безумно влече, и доаѓа. Таа, просто доаѓа.

Не можам да ги сопрам мисливе и солзиве. Еруптирани, како спомнати, па прекинати. Многу е жалосно кога умира поет. Многу е жалосно кога умира човек. Кога не е време. Кога е невреме. Кога Луѓе требаат.

Блесокот нема да згасне
тој, е првата светлина што ја оставаме

кога си заминуваме одовде

ми тежи секој збор што нема да се протне;
Нема да се каже, а ќе се помисли илјада пати
ми тежи секое неотсонувано зрнце надеж
дека, оној кој си заминал
ќе се врати.


Патувај лесно до ѕвездите, Игоре.

М.
 
DK.

Znaes cuvstvoto koga se sobiras i sobiras vo sebe? E taka mi e denes. Dobijam nerven slom. Zivcive na 200. Edvaj cekam na nekogo da mu se isturim. Edvaj...
 
Ги гледам номинираниве за најсекси маж за 2014 и се прашувам која била таа јадната на која и се секси Манасков, Лешоски и Урко :lolzz:

Глишиќ, Вугринец и Тноковски (y) :drk:
 
Многу ме нервираат собири за мртов човек, не за нешто друго туку заради старите баби кога ќе дојдат да се поздрават со тебе, па пошто немаат пробано баги време кревко месо, кога ќе те зашлапаат со некој бакнеж, ми се чини до Прилеп дека се слуша. И после бриши се 15 минути, гостите ќе си заминат дури да се избришам. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
ПЛЕМЕ ОД ДВАЈЦА

не е само тој мирис што ме распаметува:
во секоја пора од телото имам по зрно
од твојата суштина – лесно се навлеков
на тебе, на сите твои чудесни магии
кои низ мене прскаат секој еден ден.
зашто ти си: именувана и доживеана
потполно инстинктивно и совршено
точно – во некој само насетен ритуал
ние ја скокнавме иницијацијата
на сите познати племиња.
ние сме племе од двајца,
огнена моја, моја шумо
во која ловам и нè сокривам.
ти ловиш со мене и пред мене:
слушаш подобро, душкаш подобро;
кога ми се приспива, ти ми ја ставаш
главата во скутот. и им шепкаш
на птиците дека твојот љубен спие…
сето тоа го знам. јас сето тоа го знам.
ти го земам телото под своето
и долго, долго те топлам, за врела
да се разбудиш, полна сила
полна сокови од кои ќе се напиеме.
обилно и во тишина, додека птиците
над нашите намирисани тела упорно
нè повикуваат на игра.


Толку многу спокој на едно место. Сигурно и таму некаде ќе го чувствуваш. Почивај во мир.
 
Еден од ретките, ако не и единствениот лик на чиј фејсбук профил редовно проверував да не има скоцкано по некоја нова игра на зборови, за да ја изуживам.

Сега знам дека ќе останат само тие старите објави, на кои останува да се присетуваме и присетуваме, абортирајќи ја надежта дека ќе се појави нешто ново, дотогаш невидено....

Смртта не препознава старост........зато и не ја сакам.

R.I.P И.И
 
Последно уредено:
Си најдов 10 денари по пат, не се сеќавам кога последен пат пари имам најдено, можеби никогаш :icon_lol:.

Овие будалите екипа имаат пријавено за турнирот, и денеска ќе играат против фаворитите за прво место, и Д. вика ќе ја наредел 1:0 да изгубат, да не биди ко тие некни со четири пет гола :icon_lol:.

И одиме на турнир :icon_lol:.

 
Ја гледав Ленче Смилевска на ТВ. Како зборува, каква дикција, акцент, интонација, мерак да те фати 5-6 книги да исчиташ.
Драга, повторно се заљубив во нашиот литературен јазик. Убавиот тој, си го сакам. Штета што на многумина им бега низ прсти...
 
Замисли Кајгано ситуација
Се менува власта. Ти како идна административна надеж си земаш членска книшка од партија.
И почнува трката сам со себе. Си одиш редовно во штаб, си одиш по митинзи во сите градови го слушаш истиот говор и секој ден така. Па, ако напредниш, ќе те стават пред гласачко место да факаш цртки кој дошол/кој не.
Си се запишуваш на факултет. Те мрзи да учиш, но со последните сили стегнуваш заби и купуваш прашања од книжарите кај Мавровка и оп дипломираш.
Веднаш се нудиш на пазарот на труд. Можда, покрај твоето знаење, се бара и твојата способност за константно лижење газ или евентуално покажување на твоите сексуални способности ако си женско.
После толку интервјуа, после толку молење, трчање со знамиња, лепење плакати, карање на родендени,имендени,слави,свадби, крштевки, погреби,а во најново време јавување во отворени програми, глумење случаен минувач, карање на фејсбук и тако даље, ти конечно се вработуваш во државна администрација.
И знаеш што?
Ладно ти е.
Не можиш да работиш на температура од 35 степени, кога е преладно, рацете ти се мрзнат, не можиш да играш карти на компјутер.
Ама, стига платата и си пичиш,а потсвесно се прашуваш кај да си ги напикам париве попрво, како ќе го закрпам месецов.
Секој ден кај тебе доаѓаат луѓе, секој со маката, некој со солзи во очите. Ама, со тек на време се навикнуваш. Работата не се меша со емоциите,а твојата работа е да не си ја знаеш работата.
Просто и едноставно.
И така секојдневно ти доаѓаат нови колеги, секојдневно среќаваш нови вработени исто како тебе.
Сите си ја знаете маката и низ какво се не сито и решето сте поминале за да бидете ова:kafence:

Еее, Кајгано... не дека измислив топла вода, ама се надевам дека утре ќе ја имам.
 
Драа бе

Од следеќу годину пензионаши ке имаф бесплатни викенди по онамо овамо, Маврово,Охрид...
До кд овај врага... влада де, ке дудла пензионерски стар избрчкан растегљиф кур, за гласови на избори.До кд ке лиже стару бабинску смрдљиву гузицу.До кд?
А вамо студенти ке се мрзнеф по улице протестирајки за сфои права.Пресердател нејке изјаву да даде по тој прашање, а и он е професор. Па професори треба први да протестираф, затој што сс овој екстерно устфари се деградира њин труд. Сфе отишло укурац
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom