бев излезен во саботата, си викам конечно малку бољи живот, ќе свртам некое кругче, ќе си појдам дома после 12 часот, ќе слушам жива музика фино фино.
во Кафичот беа SHINE од пејчино па си реков баткава е лудило гитарист би требало да е добра журка, иако не испадна како шо очекував(супер си беа и ја кренаа публиката на пола настап, очекував покласично рокче, андерграунд да си свират а тие свиреа ПОП) другарите мои место не ги држеше и се бапнавме во ТАБУ.
е сеа другарот мој си има мака со вратарот, можеби има 3-4 пати како го има вратено на врата и не го пуштил да влезе во кафичот.
ПРВПАТ ВО ЖИВОТОТ ГО КОЛНЕВ ВРАТАРОТ ШО НЕ ПУШТИ ВНАТРЕ ДА ВЛЕЗИМЕ.
влегуваш и слушаш "МАЈКА ЖЕНИ СИНА" Цветанка се распукала внатре, кротиња еден куп, фалеше уште некој по пижами да начекам внатре, чаши шишиња летаат на сите страни чиниш див запад е ова.
Шубо си седев дома незнам кој кур ми текна да си излезам надвор.