Оние продавачине на стари книги кај Дрводекор мора да се хибрид настанат со вкрстување на теткиците од сендвичарите кај Чичко Стоилко шо беа и продавачките од Еко шопинг центар.
Крескаат повелете уше на 30 метри оддалеченост и не те оставаат на раат да си разглеаш него нон-стоп нешо коментираат во стилот: е да, ова е многу актуелно периодов, сите го читаат ( земи си го блузичево, сите носат такви, ептен се во мода), оваа сигурно ќе ти се свиѓа, ќерка ми 10 пати ја има прочитано (од комшиката внука и си зема вакви хеланки, абе ги утепа од носење), имаме и нешто друго од тој писател (од тоа моделче имаме и други боички)...
Ништо посафратично од нападни продавачи.